Месечината, дали навистина слетавме?

  • Креатор на темата Креатор на темата Trancer4e
  • Време на започнување Време на започнување

Дали слетавме на месечината?

  • Да

    Гласови: 228 50,8%
  • Не

    Гласови: 221 49,2%

  • Вкупно гласачи
    449
Screenshot_2025-09-08-21-52-39-78_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
Автоматски споено мислење:

Screenshot_2025-09-08-22-07-34-55_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 453339
Светлината на Месечината која самата ја дава а не е рефлексија од сончеви зраци како што ве учи хелиоцентричниот модел ОСВЕТЛУВА ЛОКАЛНИ ОБЛАЦИ НА НЕБОТО. Тоа секој може навечер да го забележи.
Прегледај го приврзокот 453340
Screenshot_2025-09-08-22-12-47-81_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
 
Последно уредено:
Теориите на заговор се посебно застапени во источна Европа и земји како нашата каде луѓето се навикнати да примаат информации со зголемена доза на скептицизам и неверување.

Интернетот дојде како стероид за овие.

Јутјубери пари се наполнија од продавање магла. Професионалци во дискусии станаа пошто веќе им е главна професија и гостуваат по емисии, итн.

Миленко Неделковски имаше гостин рамноземјаш. Од тогаш натаму познат (глуп) лик од Кавадарци до ден денес е убеден дека земјата е рамна.

И што е сега ова? Аха. Дали навистина сме слетале на месечината.

ЛАНСИРАВМЕ ТЕЛЕСКОП (James Webb) ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА АТМОСФЕРИ НА ПЛАНЕТИ НАДВОР ОД СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ, АЛООООООООООО!!!
 
ЛАНСИРАВМЕ ТЕЛЕСКОП (James Webb) ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА АТМОСФЕРИ НА ПЛАНЕТИ НАДВОР ОД СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ, АЛООООООООООО!!!
Е ми, ај замоли ги во „НАСА„ да го насочат „Џ. Веб„ кон Земјава и на растојанието на кое се наоѓа тој телескоп, ќе може да ја „фати„ Земјава со еден „поглед.„, без местење „сликици„ во „Фотошоп„.

Ако може „вебот„ да наоѓа галаксии оддалечени ихааааа катаљарди светлосни години, Земјава ќе ја „види„ барем во 16К резолуција.

Благодарам...

П.С.

Теориите на заговор ги смислија Американците, оти не им веруваат на својата власт и систем.
 
Де бре, отидоа на Месечината и сфатија дека луѓе од друга цивилизација веќе биле таму пред нив
И сега ја кријат таа информација

Ништо страшно :toe:
 
За слетувањето, до негде си у право..
И јас сум сигурен дека е фејковача!

Ама ти друже идеш даље од разум, па де месечината била мала и блиску, па во последно време дека била проѕирна и сама светела...
Сам се побиваш, оти ти тврдеше дека со не знам каков апарат и зум, се зумирала и сликала...
А сега па самиот тврдиш дека била проѕирна!

Да ми је бар једном да сум на твое место, да одморам мозок малце..
Автоматски споено мислење:

Е ми, ај замоли ги во „НАСА„ да го насочат „Џ. Веб„ кон Земјава и на растојанието на кое се наоѓа тој телескоп, ќе може да ја „фати„ Земјава со еден „поглед.„, без местење „сликици„ во „Фотошоп„.

Ако може „вебот„ да наоѓа галаксии оддалечени ихааааа катаљарди светлосни години, Земјава ќе ја „види„ барем во 16К резолуција.

Благодарам...

П.С.

Теориите на заговор ги смислија Американците, оти не им веруваат на својата власт и систем.
Не ти треба Џејмс Вебб.
Доста ти е и Хабл. Моментално стотици хаблови не набљудуваат нас на Земјата.
Шпионски сателит кој ете бил вишок у ЦИА па им го донирале на НАСА, а овие го свртеле во правилна насока... кон ѕвездите!
Ако веќе толку те интересира резолуција... отвори само гугл еартх, и зумирај...
Хабл е "маааалце" подобар од тоа :rolleyes:

П.С. за твојот п.с. се слагам..
 
Последно уредено:
Инаку, астро-физиката и вистинските мистерии на универзумот се далеку поинтересни од теорииве на заговори во кои верувате.

Ова ви е губење време.

Немора да читате, изгледајте неколку епизоди од How the Universe Works

Изгуглајте за dark matter: невидлива материја што ги држи галаксиите заедно, dark energy: невидлива сила што ги разделечува. Ги имаш месечините Еуропа и Енсалидас на кои има услови за живот и кои допрва ќе се истражуваат.

Постоат планети на кои врне дијамант во течна форма.

Вистинската наука е подобра од било кој филм или теорија на заговор. Насочете ја вашата љубопитност во правилна насока.
 
Теориите на заговор ги смислија Американците, оти не им веруваат на својата власт и систем.
Не туку Карл Попер австриско британски хазар ашкеназ кој бил главниот учител на Џорџ Сорос:
Автоматски споено мислење:

Инаку, астро-физиката и вистинските мистерии на универзумот се далеку поинтересни од теорииве на заговори во кои верувате.

Ова ви е губење време.

Немора да читате, изгледајте неколку епизоди од How the Universe Works

Изгуглајте за dark matter: невидлива материја што ги држи галаксиите заедно, dark energy: невидлива сила што ги разделечува. Ги имаш месечините Еуропа и Енсалидас на кои има услови за живот и кои допрва ќе се истражуваат.

Постоат планети на кои врне дијамант во течна форма.

Вистинската наука е подобра од било кој филм или теорија на заговор. Насочете ја вашата љубопитност во правилна насока.
 
Инаку, астро-физиката и вистинските мистерии на универзумот се далеку поинтересни од теорииве на заговори во кои верувате.

Ова ви е губење време.

Немора да читате, изгледајте неколку епизоди од How the Universe Works

Изгуглајте за dark matter: невидлива материја што ги држи галаксиите заедно, dark energy: невидлива сила што ги разделечува. Ги имаш месечините Еуропа и Енсалидас на кои има услови за живот и кои допрва ќе се истражуваат.

Постоат планети на кои врне дијамант во течна форма.

Вистинската наука е подобра од било кој филм или теорија на заговор. Насочете ја вашата љубопитност во правилна насока.
Како прво нешто што може да се докаже НЕ Е ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР.
Вистинската наука секогаш треба да се преиспитува и одново да се докажува пред да се потврди нешто. Еве да ги тргнеме на страна dark energy,dark matter, месечините што ги наброи итн. И сам не си свесен што значи тоа нели освен на ТВ и интернет нема никогаш во живо со свои очи да забележиш она што астро-науката го тврди како точно. Значи да заклучиме дека се што е поврзано со НАСА и астро-физика НИКОГАШ НЕ МОЖЕШ ДА СИ ДОКАЖЕШ САМ НА СЕБЕ СО СВОИ ОЧИ ДА ВИДИШ ПОСТОЕЊЕ НА НЕКАКОВ УНИВЕРЗУМ И РАЗНИ ГАЛАКСИИ вон земјата нели?

Дали си истражувал нешто за РАМНА ЗЕМЈА? Ако светот во кој живееш е околу 71% вода дали тоа ти говори нешто ? Што значи за тебе поимот ВОДОРАМНО? НИВО? Дали си слушнал или прочитал негде дека ако се знае обемот на „земјината топка" тогаш логично мора да постои математички ПРЕСМЕТКА ЗА ФИЗИЧКО ЗАКРИВУВАЊЕ НА ВОДАТА И ЗЕМЈАТА? Дали според таа пресметка ако бродовите исчезнуваат на море на пример додека пловат кон ХОРИЗОНТОТ може да се пресмета некакво закривување на водата? Дали планините или објектите што се наоѓаат на другата страна од некое езеро или море треба да бидат под нивото на водата заради физички искривена вода? Што ако дознаеш дека НЕ ПОСТОИ НИКАКВО ЗАКРИВУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА? Сето ова можеш да си го докажеш сам со мерење и математичка пресметка и да навлезеш во МИСТЕРИИТЕ НА МАТРИКСОТ.
Автоматски споено мислење:

Постоат планети на кои врне дијамант во течна форма.
Само на ТВ и интернет. Постои нешто што се вика ЦВРСТ ДОКАЗ кој никогаш нема да го видиш затоа што НЕ ПОСТОИ.
Автоматски споено мислење:

За слетувањето, до негде си у право..
И јас сум сигурен дека е фејковача!
Да другото „се е вистина" пошто ова за слетувањето е ситница нели? :pos:
 
Последно уредено:
Интернетот и домашните уреди што ги користите се базирани на истата таа наука за која ви зборував.

Нема везе.
 
Интернетот и домашните уреди што ги користите се базирани на истата таа наука за која ви зборував.

Нема везе.
Па тоа е и најголемиот постигнат напредок. Компјутери, интернет, разни роботи, Green Screen, Blue Screen и подводни прекуокеански кабли за телефонски и интернет комуникации. Сателити не постојат ако не ги рачунаме оние закачени на падобранци со рок на траење. Тие глупости како Џејмс Веб или Хабл телескопи не ги ни сматрам за нешто ПОШТО ТОА Е ВЕЌЕ НАВЛЕГУВАЊЕ ВО СЕКЦИЈАТА НА НАСА ФОТОШОП. Не гледам некој страшен напредок од 20-ти век па наваму.
Автоматски споено мислење:

@paraglajder твојот никнејм е интересен... Знаеш кога леташ со параглајдер можеш да го управуваш и би можел да слеташ отприлика 25-50 метри разлика можеби во радиус од твоето планирано место на спуштање еве нека е и прецизно. Поентата ми е дека ако земјата ротира и се врти тогаш не би слетал баш ти кај што сакаш нели би било тешко изводливо? Што мислиш дали науката погреши кога објави за брзината на ротирање на земјата околу својата оска односно 1670км/ч околу екватор ? Што мислиш на кој начин е мерена брзината на ротација на земјата помеѓу 16-ти и 18-ти век без притоа да се почувствува некакво движење?

(А кај нас наводно е со 1240км/ч а притоа не се ни чувствува а па камоли да се гледа тоа ротирање.)
 
Ме мрзи се да ти објаснувам, еве го видеото со Миленко и рамноземјашот, појаснато.

Ама појаснато... Сега излезе дека постојат разни видови на гравитации? Па нели не постои ГОРЕ и ДОЛУ кај Хелиоцентризам?
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Инаку имаш телефон со GPS благодарение на сателитите што не постоат :D

Веќе кога сме кај нив, докажано е дека времето минува побрзо кај нив, а побавно на земјата поради искривувањето на време-просторот предизвикано од гравитацијата. Поради тоа нивните часовници се посебно поднесени за нивното време да се совпаѓа со тоа на земјата.

Ова искривување до масивни тела како големи галаксии е толку големо што ја искривуваат и светлината (што патем не е ништо друго освен еден куп фотони што при допир на твојот орган наречен око праќа информација во твојот мозок)

Gravitational lensing - така се нарекува.

Светлината, како и се друго, минува низ "ткаенината" наречена време-простор.

Хипотетички, кога јас би бил близу црна дупка, а ти на земјата, и би разговарале на телефон, јас би те слушал во забавена снимка, а ти мене во убрзана.

Да не почнам за гравитационите бранови.

Ова е докажана наука, не е теорија.

Вистинската наука е лудница брат.
 
#You Can Tell It's Real Because It Looks So FAKE
Автоматски споено мислење:

Инаку имаш телефон со GPS благодарение на сателитите што не постоат :D
Земни базни станици ги имаш насекаде по згради, брда и планини. Знаеш и сам свесен си дека на некој планински предел или на некои локации немаш GPS нели? Доколку имаше сателити ќе имаш 100% GPS покриеност...
Автоматски споено мислење:

Вистинската наука е лудница брат.
Затоа е испомешана со разни информации и смислени називи за фантастични цифри за пациенти ко вас. Дали можеш во главата да си претставиш од каде до каде е една светлосна година? Се сложувам дека поготово астро-физиката е лудница ама буквално за у лудница се сите што се бават со неа.
Автоматски споено мислење:

Веќе кога сме кај нив, докажано е дека времето минува побрзо кај нив, а побавно на земјата поради искривувањето на време-просторот предизвикано од гравитацијата.
Каде имаш видено во природата со свои очи ИСКРИВУВАЊЕ НА ВРЕМЕ-ПРОСТОР? Што е тоа?
Автоматски споено мислење:

Да не почнам за гравитационите бранови.
Што да почнеш? Имаш негде видено? Што е тоа ГРАВИТАЦИЈА?
Автоматски споено мислење:

Ова е докажана наука, не е теорија.
Screenshot_2025-09-09-15-02-16-40_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpgScreenshot_2025-09-09-15-01-32-71_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Attachments

  • Screenshot_2025-09-09-14-43-05-61_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    Screenshot_2025-09-09-14-43-05-61_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    124,4 KB · Прегледи: 1
  • Screenshot_2025-09-09-14-43-22-03_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    Screenshot_2025-09-09-14-43-22-03_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    75,7 KB · Прегледи: 1
  • Screenshot_2025-09-09-14-43-41-74_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    Screenshot_2025-09-09-14-43-41-74_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    141,5 KB · Прегледи: 2
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom