Зависи малку и што се подразбира под богати. Средно-висока класа има солиден број, главно технички кадар, професори на факултет, правници, уметници, фамилијарни бизниси. Има и неколку кои јас би ги внел во богати, зошто имаат доста успешни бизниси, али не сум сигурен дека во Македонија тоа се подразбира за "богат" зошто повторно тоа се мали фирми.
Тоа што воопшто го нема се државна администрација, наставници, доктори, безбедносни служби ( полиција/војска). На кратко се што му зависи работа од партија не се појавува преку врата.
Генерално огромното мнозинство се средна класа. Зошто они само имаат време и финансии да се занимаваат за џабе со политика и најчесто имаат професии кои се отпорни на притисок. Тоа или цел живот се занимавале со одбрана на одредени социјални и еколошки прашања. И последната група се луѓе кои едноставно се имаат зарчкано со СДС и ДПНЕ и сега се гневни зошто овие им згрешиле. Затоа и ми е смешно кога некој овдека ќе почнат да зборат како сме сите наркомани и луѓе кои никогаш не работеле ништо. Не знаете колку ми е смешно тоа.