Прваче маче! :)

Не наидов на таква тема па ќе пишам тука.
Гледам дека сте активни.

Син ми сега наполни 4години ама уште не зборува како што треба. Не зборува чисто. Не знае да сврзи убаво реченица.
После две год пауза почна да оди овој месец на градинка.
Загрижена сум...
Ги крати зборовите и обично не им ја кажува првата буква.
Некој родител со слично искуство?
Дали е растен со многу екрани околу него - пред телевизија, телефони, таблети и сл?
 
има телефон дури сега на кој што си игра игри пред спиење.
Додекс беше мал не гледаше толку многу тв...
Единствено само кога требаше да направам генералка низ дома,а немаше кој да го причува.
 
Не тропајте глупости, врска нема дали е растен пред екран. Братучед ми на 2 години на 2 јазици збореше, кирилица, латиница знаеше, од јутјуб учеше несакајки гледајќи ги тие едукативните видеа и песнички. Нека го однесе на стручно лице, не се заебавајте.
 
има телефон дури сега на кој што си игра игри пред спиење.
Додекс беше мал не гледаше толку многу тв...
Единствено само кога требаше да направам генералка низ дома,а немаше кој да го причува.
Почни да намалуваш тоа. Што е можно помалце пред екран, тоа подобро за него. И убаво те посоветуваа погоре - матичниот педијатар нека ти даде упат по можност до Служба за ментално здравје на деца и младинци, во рамките на Здравствен дом Скопје, таму ќе ги помине сите потребни прегледи од невропсихијатар, логопед, дефектолог, ако има потреба ќе ти закажат и ЕЕГ (се прави со сон) и ќе ти кажат совет. Не е толку важно дали сврзува реченици и дали почетната буква на зборовите ја голта, колку што е важно однесувањето, дали те гледа во очи додека зборува, дали знае да праша, да одговори на прашање, да извршува некои основни наредби, да реагира на звуци и сл. Ама, како и да е - намали со грижите, намали со телефоните и телевизијата, повеќе комуницирај со малиот и се ќе биде ОК.

Колку за споредба, ќерка ми на 4 години не изговараше К и Г а наместо тоа употребуваше Д и Т. Малку чудно зашто Р на пример, која им е најголем проблем на децата, кај неа не беше проблем, туку К и Г. Не сме ја носеле на логопед, ама работевме со неа и за една година одлично ги изговараше сите букви. Значи говорот нека не те загрижува многу, тоа најлесно се средува. Однесувањето е поважно.
 
Загрижена сум затоа што прво сите околу мене викаа абе ајде ништо не му е,ќе се научи,рано е.
Сега сите врсници зборат убаво,а тој не ,не збори чисто. Пребрзо збори,ги крати зборовите,и не му се подредени во добар контекст.
Пример: ка прајш?
Наместо: што правиш?
Пример: Ка беце?
Наместп: Каде беше?
И кога сака да сврзи реченица,ептен е нечист говорот,и кога ќе го прашам два пати што рече,почнува да се нервира,и да плаче :(

Сега сите околу мене ми викаат,не збори убаво,носи го некаде...
Ќе речам во градинка ако може да посети логопед.
Автоматски споено мислење:

Почни да намалуваш тоа. Што е можно помалце пред екран, тоа подобро за него. И убаво те посоветуваа погоре - матичниот педијатар нека ти даде упат по можност до Служба за ментално здравје на деца и младинци, во рамките на Здравствен дом Скопје, таму ќе ги помине сите потребни прегледи од невропсихијатар, логопед, дефектолог, ако има потреба ќе ти закажат и ЕЕГ (се прави со сон) и ќе ти кажат совет. Не е толку важно дали сврзува реченици и дали почетната буква на зборовите ја голта, колку што е важно однесувањето, дали те гледа во очи додека зборува, дали знае да праша, да одговори на прашање, да извршува некои основни наредби, да реагира на звуци и сл. Ама, како и да е - намали со грижите, намали со телефоните и телевизијата, повеќе комуницирај со малиот и се ќе биде ОК.

Колку за споредба, ќерка ми на 4 години не изговараше К и Г а наместо тоа употребуваше Д и Т. Малку чудно зашто Р на пример, која им е најголем проблем на децата, кај неа не беше проблем, туку К и Г. Не сме ја носеле на логопед, ама работевме со неа и за една година одлично ги изговараше сите букви. Значи говорот нека не те загрижува многу, тоа најлесно се средува. Однесувањето е поважно.

Ти благодарам.
Се однесува нормално како сите деца.
Многу е снаодлив,брз,све знае,све разбира.
Далеку е од аутизам ако мислиш на тоа.
Само говорот е проблем...
 
Не, не мислев на аутизам, на ова мислев:
 
Цело време љугево се бунат за вакцините како најголеми причинители на аутизам а ретко некој го споменува екранизмот како најголем причинител на нетипичен аутизам.Огромен број на деца покажуваат такви симптоми,ама на родителите не им се свиѓа таа констатација.Полесно им е да им го тупнат смартфонот и да не се замараат.Какви глупости гледаат од најмала возрст коса ми се крева.Како човештво допрва ќе се соочиме со последиците од екранизмот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom