Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Пентагон ќе го прекрсти Трамп во Министерство за Војна, како што било пред 1949. Знам дека сака да звучи јак со ова, но именување ствари по реалното име е реално.

Не само што е реално, туку и е во сушта спротивност со woke идеологијата, која прилично длабоко е навлезена во именување на нештата со погрешни називи.
 
Едно е сателити, друго е шпиони на терен. Таква методичност у изведување операции вие нема да го достигнете. А верувам дека Ф-35 одигра клучна улога у Сеад мисии врз Иран. Но и нив сигурно некој многу добар ги управувал.
Од иста структура се контролирани и едните и другите така да споредбите се чисто теоретски.
Инаку целата работа во Иран смрдеше со многу нелогичности. Прво никој не може да има толку добро изведен SEAD против држава со такви ресурси, физичка големина и разновиден незгоден терен, плус мотив и потреба да бидат спремни баш против такво нешто. Во реално сценарио не е можно притоа да немаат никакви загуби. Притоа не се спорни способносите на Ф35 како авион со таква намена каква што ја има. Спорно е дека Ф35 е адекватен избор за било кој освен за тие што имаат за фрлање пари за одржавање (а имаат пошто едноставно ги штампаат, само ќе видиме до кога).
Второ целата акција ако симплифицираме, беше првенствено успех на МOCАД. Огромен дел од акциите кои беа препишани на авијацијата уствари беа дело на локални инфилтрирани келии на МOCАД. До ден денес во Иран сеуште наоѓаат скриени работилници за склапање дронови и експлозиви. Атентатите, и нападите во внатрешноста беа дело на такви тимови. Исто и врз цели кои се дебело покриени од ПВО. Пошто не е дека Иран нема ПВО и дека другиве направија таков епски SEAD на територии кои не им се ни во домет на авијацијата (тоа и со сите refuel-и). На крај тоа беше карта за едно играње, пошто погоди на што следно ќе ги фокусираат ресурсите во Иран?

МOCАД е најдобрата разузнавачка и операциона агенција на светот. Секоја чест на мотивацијата и способностите, само да не заборавиме дека ништо од тоа немаше да резултира со вакви успеси - не без покритието и подршката на структурите кои ги контролираат Израел па дури и САД.

Сето тоа е дел од машинерија која е прилично успешна во тоа што го работи. Види го перењето мозок што се дешава таму, таквите како Јузе што се секојдневно изложени немаат многу шанси за реален светоглед. Без разлика на ителектуалните способности и образованието, ним едноставно дотолку им го исперуваат мозокот да не се ни обидуваат да ја применат старата позната аксиома: „Ако не знаеш кој те владее тогаш види кого не смееш да го критикуваш“... И така со поздрави и честитки од AИПAK го заклучувам денешното обраќање.
 
A dobro, tuka si. So sreka vo borbata so botovite.

Kako se držat našincite vo ovie neizvesni vreminja i koreniti promeni? Dali ima druženje, kontaktirate li se držite? Ne znam vo koj del od SAD si, makedoncite vo Čikago odlično se organizirani. Site pofalbi za tamošnata crkva
Има дружење како не. Следниот викенд е фестивал на Македонска храна.

1757075799779.png
 
EXCLUSIVE: White House reveals it will bring back the Department of War name for the Department of Defense.

Уште една победа! Следно да се врати Јордан Мијалков у Железничка! Вакви победи ми го прават животот подобар.
 
Пентагон ќе го прекрсти Трамп во Министерство за Војна, како што било пред 1949.
Скроз добар аргумент во неговата номинација за нобелова награда.
Следно ваљда ќе напуштат секакви претензии дека 1984-та ја користат како упатство и министерството ќе го прогласат за Министерство за Мир. :unsure:
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Од иста структура се контролирани и едните и другите така да споредбите се чисто теоретски.
Инаку целата работа во Иран смрдеше со многу нелогичности. Прво никој не може да има толку добро изведен SEAD против држава со такви ресурси, физичка големина и разновиден незгоден терен, плус мотив и потреба да бидат спремни баш против такво нешто. Во реално сценарио не е можно притоа да немаат никакви загуби. Притоа не се спорни способносите на Ф35 како авион со таква намена каква што ја има. Спорно е дека Ф35 е адекватен избор за било кој освен за тие што имаат за фрлање пари за одржавање (а имаат пошто едноставно ги штампаат, само ќе видиме до кога).
Второ целата акција ако симплифицираме, беше првенствено успех на МOCАД. Огромен дел од акциите кои беа препишани на авијацијата уствари беа дело на локални инфилтрирани келии на МOCАД. До ден денес во Иран сеуште наоѓаат скриени работилници за склапање дронови и експлозиви. Атентатите, и нападите во внатрешноста беа дело на такви тимови. Исто и врз цели кои се дебело покриени од ПВО. Пошто не е дека Иран нема ПВО и дека другиве направија таков епски SEAD на територии кои не им се ни во домет на авијацијата (тоа и со сите refuel-и). На крај тоа беше карта за едно играње, пошто погоди на што следно ќе ги фокусираат ресурсите во Иран?

МOCАД е најдобрата разузнавачка и операциона агенција на светот. Секоја чест на мотивацијата и способностите, само да не заборавиме дека ништо од тоа немаше да резултира со вакви успеси - не без покритието и подршката на структурите кои ги контролираат Израел па дури и САД.

Сето тоа е дел од машинерија која е прилично успешна во тоа што го работи. Види го перењето мозок што се дешава таму, таквите како Јузе што се секојдневно изложени немаат многу шанси за реален светоглед. Без разлика на ителектуалните способности и образованието, ним едноставно дотолку им го исперуваат мозокот да не се ни обидуваат да ја применат старата позната аксиома: „Ако не знаеш кој те владее тогаш види кого не смееш да го критикуваш“... И така со поздрави и честитки од AИПAK го заклучувам денешното обраќање.

Израел е Мосад и Сеад све у едно. Информациите што ги добиваат се од прва рака и секогаш точни. И кога добиваат информација пилотите кои се сигурно едни од најдобрите ја бркаат работата.

Можеш да не ги сакаш, но тоа како работат може само да им симнеме капа.
 
:unsure:

59c8p4.png

Автоматски споено мислење:

Инаку јас им симнав капа во постот.
 
Дап, двајцава разбрале кој ги владее - тој што не смеат да го критикуваат. Одма ги уапсиле, небитно што се ветерани, служеле за својата земја, итн. „Божјите избрани“ не смее да се критикуваат.

G0FS5ZyWQAAtXwI

Автоматски споено мислење:

G0FBkfpWoAAME3g
 
Последно уредено:
Има дружење како не. Следниот викенд е фестивал на Македонска храна.

Прегледај го приврзокот 454899
Драго ми е.

Го читам Пол Кругман кој фрла дрвја и камења по Трамп и неговара администрација и има многу лоша прогнози. Има свој поткаст каде муабети со други економисти и социолози и сликаат црна слика за иднината на САД а со тоа и на светот. Знам дека е демократ, но сепак е професор и нобеловец, неговите зборови би требало да имаат тежина.

Исто така знам од мојот престој летово дека животот на обичниот човек е далеку од макроекомомијата и високата политика, и дека може да се живее (и се живее) квалитетно. Какво е твоето мислење?
 
Кандидатот за нобелова награда за мир.

И нековиот помошник: „Одиме во напад, не само во одбрана“, рече Хегсет.
Учеле од УЧК, министерство за напад е подобро од министерство за одбрана.
 
Драго ми е.

Го читам Пол Кругман кој фрла дрвја и камења по Трамп и неговара администрација и има многу лоша прогнози. Има свој поткаст каде муабети со други економисти и социолози и сликаат црна слика за иднината на САД а со тоа и на светот. Знам дека е демократ, но сепак е професор и нобеловец, неговите зборови би требало да имаат тежина.

Исто така знам од мојот престој летово дека животот на обичниот човек е далеку од макроекомомијата и високата политика, и дека може да се живее (и се живее) квалитетно. Какво е твоето мислење?
Истиот Кругман рече за ковид дека нема да има инфлација, имаше и тоа 15-20%, сега јаде лајна за Трамп, а инфлацијата е 10 пати подобра. Не ме интересира што има нобелова награда за економија, типот е политички пиун.

Ако не гледа некој да купи куќа моментално, не е лошо за живот, поарно и поевтино е под Трамп него под Бајдо, се осеќа, ама најголемата пречка е тоа што каматата е 6.75% . Цените за куќи малце почнаа да паѓаат, Трамп најавува 1-2% намалување на каматата Q2 2026.
 
Истиот Кругман рече за ковид дека нема да има инфлација, имаше и тоа 15-20%, сега јаде лајна за Трамп, а инфлацијата е 10 пати подобра. Не ме интересира што има нобелова награда за економија, типот е политички пиун.
Овде малку ќе те корегирам. Рече дека инфлацијата ќе се намали без интервенција на ФАД, дека е пролазна и предизвикана од екстерен неочекуван фактор (пандемија) и дека не мора да се крева каматата. Изворно го читав, потоа неговите зборови беа погрешно цитирани.

Нејсе, не ни важно. Не би го потценувал, тие луѓе доста знаат. Но, мене ме интересираат обичните луѓе, затоа те прашувам.
 
Back
На врв Bottom