- Член од
- 28 април 2023
- Мислења
- 38
- Поени од реакции
- 319
Еве, јас ќе ти одговорам, иако ве побивме со докази, и за селотејпи, и за сè останато, дека сами се финансираме. Па да ви нацртам вака, и ќе ви обојам, меѓутоа пак џабе, заостанати сте.od milenko 5000 gi brojs vo ova ili ne ?
Автобусот за Сан Марино чини 4.100 €, односно 252.000 денари, а собрани средства од патници, кои плаќаа сите по 3.000/3.600 денари, се 143.400 денари, и 30.000 денари собрани таму, на лице место, од тие што беа со авион и членови од задграничен, што доаѓаме до загуба од 78.600 денари, пари кои ги покрива самата група.
Вардар тогаш доби казна од 35.000 €, само поради притисокот на Комити и никој друг, па по низа настани сфатија дека сме тврд орев кој не попушта.
Автобусот во Лозана чини 6.200 €, односно 381.300 денари. Тие 300.000 денари од ФКВ, и 71.800 денари средства собрани од тие што патуваа, тука повторно сме во загуба од 9.500 денари, или вкупно од двете гостувања 88.100 денари.
Да не заборавиме, тука има пропратни трошоци, односно пиротехника, која чини околу 12.000 денари, купена од ЕУ, бидејќи добро знаеме колку може да се прошверцува.
Заокружувам на 100.000 денари – научна фантастика за вас е функционирањето на Комити!
Чисто ме интересира, како патувате низ Европа на РК Пелистер, како патувате со ФК Пелистер, кога сите знаеме колку чини по километар превоз, колку луѓе одите, и НИКОГАШ НЕ ПЛАЌАТЕ!