И кај автомобилите производителите , а посебно германските ,препорачуваат замена на уљето на 30.000 км . Менувај го така едно 200.000 км , па види што ќе се случи . И да работноте часови се многу поважни од изминатите км . Не е исто 5.000 км во Скопје со тргни застани и температурата на максимум и во Токио каде што се вози со 100км/ч по булеварите . И јас на Z1000ката менувам уље пред секоја сезона на некои 5-6.000 , на скутерот 300цц исто така , иако сервисните интервали се на 10.000 според производителот . Е на кросот менувам на помеѓу 9 до 11 работни часа . Тука производителот вика промена на уље на 10 работни часа за рекреативно и офф роуд возење , а за тркање на стаза промената е на две трки , а тоа ти е од прилика 30-40 минути ... Не се правам дека знам повеќе од тие што го направиле моторот , но практикувам докажан систем за истиот да трае што повеќе и да има што помалку проблеми .