Хелиоцентризам - религија или лажна наука?

  • Креатор на темата Креатор на темата Invisible Force
  • Време на започнување Време на започнување
Јас си одам у црква , ич ти да не се секираш , има образовани луѓе таму што разбираат и знаат да разменат мислење и да дадат поука.

Хмм...идеш у црква...палиш свеќа „за здравје„...како и сите неуки кои одат у црква за да запалат свеќа...за здравје, нели...

Еве ти мој совет; искористи ја првата прилика да ја исповедаш сета бласфемија која ја пишуваш на форумов...и без непотребно палење свеќи, нормално.
Автоматски споено мислење:

ЛАЖЕШ , СУШИШ
Свесно или несвесно , тоа не сум сигурен , мада мислам ова е се незнаење од твоја страна

Не можам да се сетам на некое твое знаење, изразено на форумов...

Инаку да, свесно пишувам дописи на форумскиве теми.
 
Единствената работа што Зурла никогаш нема да ја разбере, и не му е јасна, нити па ќе му биде, е следната: Како луѓето во Австралија стојат на земјата, зошто не паѓале, живеат доле со главата? Сега кажете ми како со овој човек да продолжиме да правиме муабет? Дали гледате, дали гледате со кои пациенти воопшто си имаме работа, и со кого се дискутираме? :D
 
Хмм...идеш у црква...палиш свеќа „за здравје„...како и сите неуки кои одат у црква за да запалат свеќа...за здравје, нели...
Многу претпоставуваш ти бате јас шо правам , како правам.

Јас не ти се мешам за твоето во црква , нити сум кажал дека не си верник.
Сум кажал дека си слеп верник во однос на науката , мешаш баби и жаби , едното си нема врска со другото.
За староста на карпите не кажуваат астрономите , за твоја информација.
Геолози се занимаваат со тоа иначе,не е тоа некоја wow информација.

Има некои работи,за кои, ти ,на твоите години уште не си свесен. Едноставно си слеп верник на тези од времето на Византија и упорно ги гураш тие тези како фактичка состојба на нештата,што врска си нема искрено.

Еве ти мој совет; искористи ја првата прилика да ја исповедаш сета бласфемија која ја пишуваш на форумов...и без непотребно палење свеќи, нормално.
Автоматски споено мислење:
Денес можеш на телефон онлајн библиотека да си напраиш..
Незнам како не ти е јасно дека информациите се достапни.Можеш и книги дома да читаш , имаш безброј начини да се докопаш до иинформации

Црквата е во тек со науката.
Црквата сме сите ние православните..секој еден професор , ученик , полицаец , итн.. Ме сфаќаш ваљда што сакам да ти објаснам..Не само тие избраните
На крај на денот , сите знаеме како они се избрани.. за жал црквата кај нас е исто структура и од тоа нема бегање.
Сепак и тие луѓе иделе во школо.

Ја праиш црквата недопирлива , а сам знаеш дека тоа неможе да биде , и најдобрите во своето време прават грешки .. никој не е безгрешен.

Митрополитот Ѓоќо Ѓорѓевски е теолог , иди му во посата.Кажи му и ти што мислиш

Не можам да се сетам на некое твое знаење, изразено на форумов...

Инаку да, свесно пишувам дописи на форумскиве теми.
Добро , ти тоа што мислиш дека си мерило за знаење е друга работа.

Тоа кажува дека школото не ти било силна страна , што пак за мене е разбирливо..јас пак на крај секогаш викам , Господ здравје да дава - па се друго

Ти свесно пишуваш , ама несвесно влагаш во заблуди кои лесно се објаснуваат и покажуваат.
Речникот , тоа е што е , сѐ си доаѓа со време , јас не планирам да бидам мудрец и да продавам филозофии на овие години.

Сакав да си попраам муабет и можеби да помогнам , глеам не бива , те оставам да си попраиш ти муабет со тие што ти се по желба , секако јас више немам некој си интерес да пишувам во горниов дел на форумот.
На ниту една тема , спорт е место каде што сум бил појше активен , ама некако се поебав да се уклучам и во други делови.
Поздрав , има други полабави теми каде што не се доаѓа до вакви штраканици.

И уште кчрапам со пипавите прсти по телефон како ти некој битен фактор да си ми во животот

Поздрав , немаме ја и ти што да правиме муабет веќе
 
Единствената работа што Зурла никогаш нема да ја разбере, и не му е јасна, нити па ќе му биде, е следната: Како луѓето во Австралија стојат на земјата, зошто не паѓале, живеат доле со главата? Сега кажете ми како со овој човек да продолжиме да правиме муабет? Дали гледате, дали гледате со кои пациенти воопшто си имаме работа, и со кого се дискутираме? :D
И му објаснив, ама џабе, пак некои глупости пиша. Мене ми е забавен за разлика од другве што се напорни за читање.
 
#Neil De Grass Tyson Bitch
Автоматски споено мислење:

#Michio Kaku Confident

@Imperatorot , еве го , ни одговори. Со видеа за трето одделение :D , и тој не сака, и тој ... :D си го лажат, тоа е. :D Убаво си реков ја, неможе да разбере, а и уште долго време нема да му биде јасно ;)
 
Има еден комшија верува и во господ и библијата дека е ултимативна вистина и во вонземјани што контактираат со политичари и во рамна земја и во мал милион теории на заговор, он ми е врв. Кога ќе почне да објаснува, од една реченица во следната скроз контрадикторно, ама некако си ги склопува стварите.

А имам и еден друг комшија како зурла, од нигде никаде почна да проповеда за рамна земја и само тоа да збори, цел карактер на тоа го базира. Луѓе почнаа да го избегнуваат дека не знае друг муабет. Порано заебант сега само рамна земја. :icon_mrgr:
 
До лудница ли живееш?
 
Постојат едноставни начини...на пример; се повикуваш на акумулирани знаења од/низ историјата, а ако си крајно сомничав, земаш алат и прибор, и колку е во твоја можност, почнуваш самиот да мериш, анализараш, истражуваш, заклучуваш...
Во ред. И како ти изанализира и истражи дека Земјата е рамна? Со каков алат и прибор го мапираше движењето на сонцето над таа рамна плоча? Можеш да ни претставиш модел на сонцето и месечината над таа рамна плоча?
.центрифугалната сила на машината за перење на алишта ја гледам со сопствени очи, а и брзината на вртењето ја гледам и ја чувствувам, но на Земјата ниту ја гледам ниту ја чувствувам
Дали кога се возиш во авион ја чувствуваш и гледаш брзината од 800 км/ч?
 
Единствената работа што Зурла никогаш нема да ја разбере, и не му е јасна, нити па ќе му биде, е следната: Како луѓето во Австралија стојат на земјата, зошто не паѓале, живеат доле со главата? Сега кажете ми како со овој човек да продолжиме да правиме муабет? Дали гледате, дали гледате со кои пациенти воопшто си имаме работа, и со кого се дискутираме? :D
...па јеби га, не е могуче, а тек кенгурите кога скокаат не се фиксни, како тие се одржува на Земјата?

... но, исто прашање тука се поставува зошто Земјата се врти околу својата оска?
...како се врти и кој ја врти со иста константна брзина ни побрзо ни поспоро, а ние ич не го чувствуваме нон стоп тоа вртење, Ок според големината и масата на Земјата тоа не се чувствува, па сега ај да подржиме и друго објаснување, иако не е пишано на тој начин, дека и тие со главата надоле поради големина и брзина на Земјата не се чувствува дека се со глава надоле :toe:

Сега ги читам постовите. Споредила центрифуга со вртењето на Земјата бе.

:facepalm:
... центрифугална сила се појавува при секое тело што се врти во круг и е насочена радиално од оската на вртење кон надвор, ако Земјата како сфера се врти околу оска зашто би немала центрифугална сила?
 
Последно уредено:
 
Attachments

  • Screenshot_2025-08-25-09-09-18-57_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg
    Screenshot_2025-08-25-09-09-18-57_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg
    155 KB · Прегледи: 2
  • Screenshot_2025-08-25-09-10-05-98_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg
    Screenshot_2025-08-25-09-10-05-98_f9ee0578fe1cc94de7482bd41accb329.jpg
    86,7 KB · Прегледи: 2
Во ред. И како ти изанализира и истражи дека Земјата е рамна? Со каков алат и прибор го мапираше движењето на сонцето над таа рамна плоча? Можеш да ни претставиш модел на сонцето и месечината над таа рамна плоча?

На погрешно прашање се дава погрешен одговор.

Никаде немам напишано дека токму јас ја истражувам „рамноста„ од Земјава, кога веќе постојат поединци и друштва со таков став и кои земаат прибор, излегуваат на терен, мерат, анализираат, изведуваат заклучоци...
 
Во ред. И како ти изанализира и истражи дека Земјата е рамна? Со каков алат и прибор го мапираше движењето на сонцето над таа рамна плоча? Можеш да ни претставиш модел на сонцето и месечината над таа рамна плоча?

Дали кога се возиш во авион ја чувствуваш и гледаш брзината од 800 км/ч?
Само при полетување го чувствуваш полетувањето и забрзувањето на летот на авионот НО НЕМАШ РОТАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА.
Пробај со банџи скокови дали ќе осетиш некакво забрзување додека ПАЃАШ НАДОЛУ. Или можеби и за тебе не постои горе и долу како и кај Хелиоцентризмот?
Автоматски споено мислење:

Во ред. И како ти изанализира и истражи дека Земјата е рамна? Со каков алат и прибор го мапираше движењето на сонцето над таа рамна плоча? Можеш да ни претставиш модел на сонцето и месечината над таа рамна плоча?
Самиот Хелиоцентризам после неколку века нема никаков модел ниту некаква претстава каков е вистинскиот изглед на земјата и за прецизно објаснување за наводното движење или ротирање на земјата. Нема објаснување што претставува Месечината и од каков состав е ниту каков состав има сонцето. НЕМА ЕДНА ВИСТИНСКА СЛИКА ОД ИЗГЛЕДОТ НА ЗЕМЈАТА. А има само претпоставки, теории и слики направени со компјутерска графика.

Автоматски споено мислење:

И како ти изанализира и истражи дека Земјата е рамна?
71% е ВОДОРАМНО НИВО. Терминот ВОДОРАМНО не се совпаѓа во моделот на Хелиоцентризам и тоа е сосема во ред ако се сложуваш со мене. Затоа што целиот модел на Хелиоцентризам е базиран на недокажани претпоставки и измислици што значи дека и не ни претставува некаков модел. Логично е според тоа земјата да биде рамна но не е плоча како што ти сакаш да ја нарекуваш и не ротира ниту лета во непознат правец со измислени брзини туку е ФИКСИРАНА И НЕПОДВИЖНА.
Автоматски споено мислење:

#Neil De Grass Tyson Bitch
Автоматски споено мислење:

#Michio Kaku Confident
 
Attachments

  • Screenshot_2025-08-25-11-14-07-73_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    Screenshot_2025-08-25-11-14-07-73_948cd9899890cbd5c2798760b2b95377.jpg
    138,6 KB · Прегледи: 3
Последно уредено:
На погрешно прашање се дава погрешен одговор.

Никаде немам напишано дека токму јас ја истражувам „рамноста„ од Земјава, кога веќе постојат поединци и друштва со таков став и кои земаат прибор, излегуваат на терен, мерат, анализираат, изведуваат заклучоци...
Е добро де, пошто ти нели рече дека не знаеш каква форма има Земјата, сигурно одлучуваш да им веруваш на тие поединци и друштва. Дај со свои зборови, онака, во слободна форма, сподели со нас што велат тие поединци и друштва за движењето на сонцето и месечината над рамната неподвижна плоча?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom