Дали жените и мажите треба да имаат иста возраст за пензионирање?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.492
Поени од реакции
35.443
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во Македонија, како и во многу други земји, возраста за пензионирање за жените и мажите не е иста. Некои велат дека тоа е праведно, бидејќи жените често имаат повеќе обврски во семејството и дома, па заслужуваат да се пензионираат порано. Други тврдат дека во 21 век, кога се зборува за еднаквост, и возраста за пензија треба да биде иста за сите, без разлика на пол.

Зошто жените да одат во пензија порано од мажите? Дали државата верува дека жената по 60-та година е веќе „пензионерски материјал“, а мажот уште може да трча маратони? Ако бараме еднакви плати, еднакви работни услови и еднакви права, зарем не треба да имаме иста возраст за пензионирање? Или пак, мажите се тие што треба да работат подолго затоа што „така било отсекогаш“? Можеби е време да се преиспитаат старите правила и да се види дали ова навистина е праведно или само остатоци од минатото.
 
Ацид кога отвораш тема, се подразбира дека веќе имаш изграден став за дадената проблематика и пожелно е да го споделиш со останатите членови за дискусијата да тргне во добар правец. (печен сум за во фрижидер на -40 а?:pos:)

Ајде да го скршам мразот. Интересна тема и веднаш ќе кажам да, жените и мажите мора да имаат иста старосна граница за остварување право на пензија. Сметам дека 62 години е идеална бројка. Воедно сметам дека треба да се регулира минималната пензија на ниво кое е пристојно и достојно за пензионерски живот, вклучувајќи частење на внучињата со сладолед (тие што ќе ги дочекаат). Многумина не дочекуваат ни едно ни друго.

Сакав да го продолжам постов, но ми се стегна грло и солзи ми потекоа. Следува нова тема.
 
Би рекол да од проста причина бременост. Мислам дека една до две години корекција е во ред.

Од друга страна би го укинал пензискиот систем со се. Секој треба да си плаќа осигурување лично.

Одреден процент би се земал од сите како надокнада за луѓе што не се способни да работат или лично за нас доколку станеме неспособни во текот на животот.
 
Кога беше направен модерниот пензионерскиот систем, животниот рок беше значително помал, така да многу малце луѓе го користеа тој систем. Да го цитирам Дејв Шапел, "modern problems require modern solutions".

Мое мислење е за двата пола да имаат 75 години за пензија, тоа по default. Е сега, таа бројка може да оде надолу ако имаат бенефициран стаж.

На пример, на жената да и се намали прагот за пензија, треба да има повеќе деца. 5 години по дете, ако има 2 деца, пензија на 65 години, ако има 3 тогаш на 60 години пензија. Секое додатно да биде 1 година, на пример со 5 деца, пензија на 58 години. Со ова се загарантирува подемот на државата и пензискиот систем.

За маж, 1 година по дете за максимум 5 години, што го носи на 70 години. 5 години екстра помалце ако волонтира во државна служба, како војска, пожарникарци и слично. Тоа го носи до 65 години за пензија.

Приватниот пензиски систем, или 3тиот столб, да може да се подигне на 59 години, за другите 2 столба погорните правила. Со ова ќе се загарантира дека ќе има деца за да го финансираат пензискиот систем и ќе расте државата.
 
Одреден процент би се земал од сите како надокнада за луѓе што не се способни да работат или лично за нас доколку станеме неспособни во текот на животот.
И колку сметаш дека треба да биде тој процент за да ги покрие сите пензионери и инвалиди? Ќе ми извадиш бројка која ќе им носи 5000 ден месечно?
Автоматски споено мислење:

Мое мислење е за двата пола да имаат 75 години за пензија, тоа по default. Е сега, таа бројка може да оде надолу ако имаат бенефициран стаж.
Брат претеруваш и ти. Мислам дека 80ка се топ години за пензија. После работа место кафе и ручек, директ во гроб. Има да се одмориме ко да сме работеле 100 векови.
 
Брат претеруваш и ти. Мислам дека 80ка се топ години за пензија. После работа место кафе и ручек, директ во гроб. Има да се одмориме ко да сме работеле 100 векови.
Шведска веќе крена пензиска граница на 67, со планови да одат до 70.

...закон од 08.2023 година, со измена да старосна граница за пензионирање за двата пола во МКД е на 64 години (за да не биде дискриминирана жената), но со клаузула доколку жената сака може да се пензионира порано т.е. на 62 години.
 
Жените во просек живеат 5 години повеќе од мажите, плус работат лесни физички работи (нема да видиш жена со лопата или на мешалица) па дури и одат порано во пензија, а плус го задржуваат правото дека се дискриминирани и обесправени. :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Шведска веќе крена пензиска граница на 67, со планови да одат до 70.

Владите треба помалку да трошат пари за глупости за да можат луѓето на стари години да поживеат!

Статијава која вели дека сака да го избегне намалувањето на пензиите е тотален булшит, пошто тоа е баш нејзината цел! Пошто со животен век помалку од 80 години со многубројни хронични заболувања, никој нема да ја достигне границата од 70 години, а со тоа предвремено пензионирање ќе добие и значително помала пензија.

Scam
 
Последно уредено:
...јас би додала да нема бенифициран стаж и излегување на пензија со скоро 48 години возраст на сите полицајци што цел работен ден го преседуваат по кафичи и кафани, која жена се пензионира со 48 години возраст, за две години 2020/2022 излегле 1400 полицајци во пензија со возраст околу 48- 50 години, мужишта бе се преработиле ептен тешка физичка работа и опасност да не се изгори од вруќото кафе што го пијат за работно време по кафичи !
 
Владите треба помалку да трошат пари за глупости за да можат луѓето на стари години да поживеат!

Статијава која вели дека сака да го избегне намалувањето на пензиите е тотален булшит, пошто тоа е баш нејзината цел! Пошто со животен век помалку од 80 години со многубројни хронични заболувања, никој нема да ја достигне границата од 70 години, а со тоа предвремено пензионирање ќе добие и значително помала пензија.

Scam
Никој никогаш не скри дека за пензија да земиш, треба да има повеќе деца него постари, затоа викаат 2.5 деца по семејство се потребни за пензија и социјални услуги. Демографијата ја диктира иднината според тоа како се законите и социјалните услуги во закон моментално.

DOGE во сите влади да има и мора прочистување на мочуриштата. Огромна администрација не е потребна. Јас би за новите фирми што влегуваат во Македонија, ако прифатат да ги земат тие административци кај нив на работа со истите плати, тогаш фирмата да не мора да плаќа данок во Мкд за 10 години. Така може да се ослободи Македонија од еден тон административци што се на грб на буџетот, плус нови компании во државата.
 
Македонија е изгубена приказна во овој муабет со пензија на 70 години кога средниот животен век на македонецот е 71 година за мажи.
 
Жените во просек живеат 5 години повеќе од мажите, плус работат лесни физички работи (нема да видиш жена со лопата или на мешалица) па дури и одат порано во пензија, а плус го задржуваат правото дека се дискриминирани и обесправени. :icon_mrgr:

Жените раѓаат деца. Бар повеќето.
Би работел две години плус само да не го правам тоа.
Па и за чување деца сум со ист став. Пре би да идам уште една работа ама жена ми не сака. Сакала и она кариера па сега чувањето со оглед дека ја работам од дома е 70-30% и да ти кажам не сум бил никогаш повеќе уморен. Сум работел турбо и по 90-100 часа неделно на две различни места - 12ки секој ден, па пак сум имал енергија. Две деца и се чуствувам како да ме поминал воз.

Убаво си биле наредени работите порано. Жените немале ни потреба да работат, и затоа и за повеќе деца се одлучувале луѓето. Сега да ми дава владата 1000€ секој месец за плус уште едно нема да прифатам.
Тешка работа е според мене. Потешка и од лопата или мешалица.
Градежништво > воспитувачка во градинка со 20 деца 40-50 часа неделно.

А и секако, ние ако се праиме појакиот пол не треба да цвикаме за вакви работи. Едино што може да произлезе од цвикање е и они да добијат плус две и да се изедначат со нас зашто во никој случај нема да биде минус две кај нас за балансирање на работите. А кој сака да работи со стара баба?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Во ниедна држава не е наведено дека бројот на родени деца е услов за пензионирање порано во однос на мажите. А можноста да посетуваат децата градинка е овозможена и пред наполнување на 1 година, плус и машкиот родител учествува во одгледувањето на детето. Воспитувачка во градинка било тешка физичка работа?

Така да оваа симп теорија што ја измисли не ти држи многу.
 
Vospituvackite ne se zamaraat so decata ko ti doma. Zatoa i ne gi zamaraat isto 40 deca ko tebe 2.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom