Дали е време да се укине "бесплатното здравство" и секој да плаќа според користење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Штом имате пари правете што сакате.
Ама не треба да е така. Треба да има услови за сите. Не сите имаат и можат на приватно.
Треба болниците да светат. Да може секој да си дозволи да иде на доктор, и да добива достојни услови и услуги. Не да добиваат сепси. Татко ми од катетерот доби Е. Коли. На другарка татко ѝ почина од МРСА.
Тоа не е нормално.
Не е ,,имаш пари добро е''. Некој нема. Ја гледам за сите у државава. Највише за децата ме боли, и болни луѓе. Не е фер да се изживуваш врз нив.
 
Ми одземаат пари од плата за здравство последниве 8/9 месеци како работам, и тоа во износ над 7/8К денари.

Ден немам стапнато во болница се до пред година дена кога повредив нога.

Идам во болница, ме гледа докторот, добра е вика нека те бандажира сестрата.

Идам кај сестрата, зема еден завој (оние по 5МКД во аптека), ми го врзува на нога, го лепи, иде таму кај сметката, куца нешто и ми вика: 150 денара.

Па добро да му е*м мајката, за што ку*ац ми земаат секој месец пари од плата за ваква глупост.

да не збориме што нема доктори, нема реагенси, нема термини ни итни ни неитни... нема што нема.

Реално, во оваа држава ако сакаш саглам да се лечиш или да се образоваш, ќе можеш единствено да земеш торба пари и да си идеш у приватно.

Така да, да, со две раце би потпишал да се укине скапото "бесплатно здравство" што го плаќаме и да си плаќаме по користење.
 
Промашувате да ја видите големата слика, поентата не е да го укинеме бесплатното здравство зашто е бескорисно, туку истото да се подобри т.е подобро да се менаџира со буџетот.
 
Здравството како се останато е пропадната инвестиција кај нас.

Прва работа. Во Македонија не е ниту бесплатно ниту универзално.

Ние го имаме најлошиот можен систем. Ниту е ефтино ниту е квалитетно.

Сиромашните и онака умираат со моменталниов систем.

Во Македонија најдобра варијанта е да бидеш пријавен на минималец и да си плаќаш приватно здраствено осигурување.

Гледано од системски аспект треба да го примениме Сингапурскиот пристап.

Они имаат хибриден систем каде за поситни работи плаќаш од џеб, за посериозни компликации си приморан да си плаќаш осигурување и за најсериозни компликации имаш субвенции од државата т.е три столба.

Поентата е да имаш и пристап и квалитет.

Е сега било каква споредба е беспредметна се додека живееме во држава каде економијата е дно и законите не важат.

П.С. Реално има многу што да се каже ама како и за се останато не знаеш од кај да почнеш.
П.С1 Која е поентата да зборуваме за 150мкд трошок кога има апарати што коштаат 8 милиони евра, а не се во употреба или нема кадар кој може да ги оперира.
 
А како мислиш дека работи осигурање во МК? Си користел некогаш?
Едино добро е што кај нас се помали шансите да те одбијат, за разлика од САД, бидејќи цените на здравствените услуги се вселенски таму.
Помали шансите да те одбијат?

Од што "не одбиваат" Систина, Жани Митрев без пациенти останаа!

Каде живееш девојче?
 
Осигурувањето плаќа до 50% а ти после тоа плаќаш 0 долари, а имаш и максимална сума која тоа осигурање ќе ја покрие,а после тоа?. Seems legit :cautious:
На табелите си беше напишано. Max out of pocket, значи колку максимум треба да платам јас, после тоа осигурувањето покрива 100%.

Ако имам 200.000 $ сметка, јас максимално покривам 12.000, се после тоа е 100% осигурување.
 
толку е јако во Америка, од што многу даваат некој им ги таргетира директорите на тие здруженија за наплата. Имаше еден случај каде што типот многу давал па еден италјански американец го упуца на улица.
 
толку е јако во Америка, од што многу даваат некој им ги таргетира директорите на тие здруженија за наплата. Имаше еден случај каде што типот многу давал па еден италјански американец го упуца на улица.
The Angel of Retribution

 
Хаха, единствено што постигна Ретардиџи Манџоне е да ги покачи цените. Тоа е кога имаш систематско разбирање од 1ваче.
 
Хаха, единствено што постигна Ретардиџи Манџоне е да ги покачи цените. Тоа е кога имаш систематско разбирање од 1ваче.
Па кој ти е крив што си избегал по Америките? Луиџи решил и решил. Модерен револуционер.
 
Па кој ти е крив што си избегал по Америките? Луиџи решил и решил. Модерен револуционер.
Мене ми е подобро американското здравство него македонското. За Манџоне, со сребрено лажиче што беше израстен, модерен school shooter е попрецизно него револуционер.
 
Мене ми е подобро американското здравство него македонското. За Манџоне, со сребрено лажиче што беше израстен, модерен school shooter е попрецизно него револуционер.
Не е ментално болен да убива деца. Точно знаел кој и кога да сјебе. Му симнувам капа.
 
Не се само ПАРИТЕ проблем, ТУКУ БРСКИ и ПРОТЕКЦИИ....
Кога НЕМАЉШЕ ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО. сум чекал со саати на клиника, а посебно МИЗЕРИЈА беше СТОМАТОЛОГИЈА, пак да Потсетам, Македонија ПОСЛЕДНА ВО СФРЈ дозволи приватна стоматологија...
Да додадам и друга работа. ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА...
Има многу ординации кој работат Комбинирано, преку МОЈ ТЕРМИН, ама приватно плаќаш магнет. ласер итн....
Се тоа разбирам. ама Мој Термин не функционира, пак има Падобранци... Да потсетам и дека во Сиситина. на 100% приватно имам чекано еднаш саат и пол екстра, а и други луге и ги ПОМНОЖИВ со НУЛА....
Друг проблем во здравството е Коруптивен однос на Докторите кој ги КРМАТ некој фармацевтски фирми, а исто така и ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ по ШАБЛОН... значи се на брзинка, а ако е пријател тогаш друго... ова е карактеристично за државното здравство...
 
Матичните лекари како и во многу други земји со сличен систем како нашиот добиваат капитација т.е. фиксна месечна сума од Фондот за Здравство независно дали тој пациент оди кај докторот или не. Или колку пати отишол на доктор. Кога пациентот има потреба од Магнетна резонанца или томографија битно е да знаеш ТИЕ не се покриваат со капитацијата туку преку дополнителни трошоци што фондот ги плаќа. Исто така матичниот лекар колку и да сака да ти даде упат системот го контролира пристапот, и самите матични лекари имаат строг критериум за упат заради тоа што нашето здравство има ограничен број на МП апарати затоа и листата на чекање е многу долга.
Само се молам на матичните и дотичните специјалисти да си дочекаат се она што го прават и за пари и за без пари ,да им се врати на децата. Ама од срце
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom