Фан клуб - РК Вардар

Mene bas me kopka kako ke izgledame. Nemam nikakvi ocekuvanja za Cupic mada deckoto e roden pobednik
 
Mene bas me kopka kako ke izgledame. Nemam nikakvi ocekuvanja za Cupic mada deckoto e roden pobednik

Јас мислам дека ќе бидеме доста подобри од минатата година. Имаме одлични ракометари на позициите кои минатата година ни беа баш дефицитарни. За Чупко ќе видиме. Има учено од најдобрите и има победнички карактер, е сеа дали ќе успее сето тоа да го пренесе во успешна тренерска приказна ќе видиме. Ја лично сум оптимист дека добро ќе ја води екипава.
 
На 19.08 почнува турнирот во Охрид. За првпат ќе имаме шанса да ја видиме новава екипа. Прв натпревар е против Динамо Панчево. Во група сме уште со шурите,и Нексе кој доаѓа као замена на Аек.
Тримо Требње ќе игра на турнирот место Аек
 
 
Спорт1 го „здрпале“ видеово со намера за ексклузива или што е работава? :D
 
Како и да е, мотивот од скоспко кале на дресот врв, дизајниран специјално дрес само за Вардар е ова на Кемпа најверојатно.
Конечно вакво нешто да дочекам и ние, само едно ќе кажам БРАВО.
 
Замислата со калето добра , дизајнот ептен дискутабилен...Сепак историјата е испишана, било кој клуб од семејството на Вардар за прв пат добива специјално дизајниран дрес.
 
СИЛАТА НА ТВРДИНАТА!

Во пресрет на јубилејната година, кога РК Вардар 1961 го прославува 65 роденден, со огромна чест ви го претставуваме новиот дрес на клубот за наредните две сезони.

Скопското Кале, тврдината на градот Скопје, симбол на издржливоста, на приказната која со децении, со многу труд и емоција ја имаат создавано и се уште ја создаваат генерации на ракометни легенди, спортски работници и навивачи, како и црвено-црните риги, нашиот препознатлив заштитен знак, на секој натпревар, дури и во најтешките моменти нека ги потсетуваат ракометарите на теренот на големината и на славната историја на клубот. Нека им бидат поттик и патоказ кон враќањето на тронот!

Новиот дрес е само почеток на низата од настани и активности, со кои РК Вардар 1961 во текот на целата година ќе го прослави 65 роденден.

Благодарност до сите кои беа дел и несебично ја помогнаа реализацијата на промотивното видео.

Клуб за сите генерации - клуб со славно минато!
 
Замислата со калето добра , дизајнот ептен дискутабилен...Сепак историјата е испишана, било кој клуб од семејството на Вардар за прв пат добива специјално дизајниран дрес.
Зошто дискутабилен? Топ е дресот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom