Пред се, Тајван моментално оперира исклучиво за интересите на УСА. Во игра се пред се производство за чипови за технологија и воена индустрија, како и обработка на минерални суровини.
Процентот на производство е огромен (чинам најголем на светско ниво).
За да се долови размерот на важноста на Тајван за УСА, некои експерти тврдат дека Тајван е единствениот конфликт во кој УСА би се дрзнала да влезе во директен воен конфликт со Кина. Оттаму, моментално Тајван е единствен ризик за појава на трета светска војна - многу поголем отколку Украина или Израел.
Кина пробува да го надмине конфликтот со забрзано конкурентско производство на она што произведува Тајван, но според тврдења, Тајван е бр.1 во свет, а плус преку Америка имаат и огромен пазар.
Затоа на Кина ѝ одговара што поитен напад на Тајван, али и они тактизираат (малку фуфка) од можни ескалации.