Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Свака част праење акција за гол и гол. Излеа мн добро. Исто и Бобб ми излеа како доста опасен.
 
Дркај го сеа на Сити, за 50 миљони го дадоа твоите Амери :love:
Не е за да се караш со Хм Хм работава, него трагично е што и така малкуте квалитетни играчи од Серија А си одат одма чим стигне понуда од ПЛ или Примера. Тоне лигата се повеќе и повеќе.
 
Не е за да се караш со Хм Хм работава, него трагично е што и така малкуте квалитетни играчи од Серија А си одат одма чим стигне понуда од ПЛ или Примера. Тоне лигата се повеќе и повеќе.
Па да ама не дека Милан неможеше да ги одбие или да извади повеќе.

Бар така изјави торкото наш дека Милан нема да треба да продава ѕвезди, месец дена пред да го продадат :icon_lol:
 
Не е за да се караш со Хм Хм работава, него трагично е што и така малкуте квалитетни играчи од Серија А си одат одма чим стигне понуда од ПЛ или Примера. Тоне лигата се повеќе и повеќе.

Би додал уште нешто што ќе наиде на негодување и потсмев, исто како што ми се смееа кога го фалев трансферот на Рејндерс и колку е добар таа прва сезона кога не постигнуваше голови. Доколку големите италијански клубови, не им излезат во пресрет на фудбалери кои сакаат и можат да направат чекор плус во кариера, највисоко ниво на фудбал, многу повисоки плати, нема ни да доаѓаат во тие клубови, како меѓучекор. Друго е што тешко ќе наидат на таква пречка од страна на клубовите, затоа што на клубовите им требаат пари. Но, доколку клубот е препознаен како некој што прави проблеми во вакви случаи ќе биде избегнуван и ќе отиде во некоја Борусија Дортмунд, а доколку и завршат во италијанските клубови, нема да сакаат лесно да потпишат нови договори и ќе уценуваат со тоа. Ова не го пишувам за Рејндерс, кој, патем, беше продаден испод цена, туку општо.

Ќе најдат друг пат до клубовите кои се највисоко во тој ланец на исхрана.

А за Рејндерс ме интересира како ќе се снајде кога ќе игра против поквалитетни екипи, повисок интензитет. За вакви натпревари, уште со поквалитетни фудбалери околу него, отколку во Милан, немало никакви дилеми дека ќе се покаже добро.
 
Ќе го биде тој Рејндерс,му фаќа кликерот со глава игра,ама знам дека Доку ли како беше никогаш нема да го биде, ја незнам како Пеп воопшто се излажа по него.
 
Исто... Доку е играч без цел.
Го глеаш таму нешто прае цело време, дрибла во круг мислиш којзнае што прае.... не знам на која фора игра у прв тим али ајде.
 
Ќе бидат фино пополнети Спарс со Езе.
Замисли си фан на Арсенал и го чекаш Езе за да имаш асално лево крило и Спарс ти го зема пред нос. :icon_mrgr:

Проблемот е што Езе ја играа таа позиција што е меѓу 8-ка и лево крило, и не е класично лево крило. Left Channel player, не знам како да го преведам на македонски, еден вид на хибридна позиција. Играч што кога ке добие топка на крило, влегува кон средина, за разлика од класично крило кое сака да го нападне бекот на надворешна страна, што би ја раширило одбраната. Не верувам дека 68 милиони фунти се проблем за Арсенал, сепак, Езе е нивно дете, од академијата. Повеќе е проблем профилот на играчот, и позицијата која ја игра.
 
Премногу се ценка Артета многу ме потсетува на Венгер. Некако и самите не знаат што сакаат. Заинтересирани беа за голем број на играчи, малку требаше да кренат раце и од трансферот на Виктор. Очекувам некој паничен трансфер во последните минути од преодниот рок и тоа баш некое крило што воопшто не било споменато цело лето.
 
Мене цар ми беше Венгер... ќе земе некое ќумбенце од Слонова коска за 40000 евра, ќе го продаде за 75М... :D

Иначе немам фаворит во ПЛ, сезонава чекам Милвол да влезат, па следната година да навивам.
 
Почнаа фаули да судат и ако си физички прејак за противникот изгледа. :cautious:
Не го поништи ради тоа. Играчот бил во 1м од живиот ѕид што не е дозволено. Тоа го кажа и судијата, не кажа дека имало фаул.
 
Рејндерс и Ѓекереш имаат сличности.

И двајцата доцна созреваат како фудбалери или барем доцна се пробиваат на највисоко ниво, сега се во зрели фудбалски години (27), ова се години кога треба да го покажат најдобриот фудбал.

Ова "доцнење" е причина што и двајцата не достигнаа повисока цена или отидоа за некој милион помалку. Рејндерс кога ќе се додадат лесните бонуси, беше продаден за едно 10-15 милиони помалку, плус и двајцата инсистираа да завршат во Сити, односно Арсенал и тоа играше улога.

Но, тоа што стигнаа доцна на високо ниво, може да им биде и предност, не се толку потрошени, немаат многу натпревари во нивни нозе, особено на највисоко, најизазовно ниво, повеќе се сочувани од другите фудбалери, кои се барем 5 сезони таму пред нив. Би требало да можат да играат подолго и да имаат помалку повреди.
 
Имаш впечаток што кандитатите за титула се во златни, не во сини дресови!
Свеќа да му палат на судијата, супер им се погоди!
Ваистина им се погоди!
 
Арсенал ризикува што реши да го остави Езе чекајќи нешто друго (Родриго?).

Овој Адам Вортон прашање на време е кога ќе заврши во некој голем клуб за многу пари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom