Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Лелелелел кај ти текна на Коњевиќ хахаха
Вања Марковиќ, факинг Коњевиќ.
Сум почнал веќе да ги заборавам играчиве, какви се дрва сме имале.

Светото тројство на запрежни коли.
Вања Коњевиќ, Трниниќ што цупкаше во место и човекот од кого оќелавев, братот Нено на лев бек.
Братот Шушњара ќе се придружеше, ама се спаси со магичниот гоч во баражот :D
 
Мато да немаше огромен број фалинки за малку поквалитетен фудбал, немаше ни двоцифрен број утакмици да има во лигава
 
Ќе го скаутираше и земеше било која екипа од регионов, или малку пошироко. Еве пример Мамба, втора Турска лига како од шала после 10 - 15 утакмици за Шкендија

Еве ви пример со оној шпицот од Воска лани, кој изгледаше доминантно овде во лигава и даваше голови (сега е во Ѓорче) потпиша за Нови Пазар од каде го вратија после 3 тренинга со образложение дека нема доволен квалитет...
 
Последно уредено:

Тамба уште на натпреварот со Струга кога беше во тимот од Чаир покажа какви индивидуални квалитети има. Инаку и Мато има играно во истата лига каде што ќе оди Тамба. И сметам дека Мато е далеку поквалитетен од Тамба и дека уште пред да дојде во Вардар имал понуди од други клубови во странство. Со заминувањето на Тамба се отвора патот на Вардар кон шампионската титула, само во случај да донесат појачувања со кои би го направиле тимот на Вардар постабилен. Ако не донесат ќе се почувствуваат осцилации за кратко време.
 
Шкендија има осетно подобар состав од нас и со речиси втор тим лаганини ги доби првиве две утакмици. Нема да влијае многу заминувањето на Тамба на нивниот настап во првенство. Нас најголем сојузник може да ни биде нивниот евентуален физички и психички умор од настапот во Европа бидејќи ги чекаат уште 10 утакмици таму, слично како што они го искористија нашиот умор кога стигнавме во групи ЛЕ.
Се разбира освен ако не решат да направат посериозни трансфери нашите, нешто слично на ланскиот зимски преоден рок, зошто летниве засилувања се дупешка во здрав мозок по не знам кој пат откако станаа управа. Ма да, во тој случај не верувам дека и Шкендија би седеле мирни, со оглед на тоа дека и Еколог може да донесе кого ќе посака.
 
Најавија дека ќе потрошат 1м за трансфери после продажбата на Тамба
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom