Дали е време да се укине "бесплатното здравство" и секој да плаќа според користење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.437
Поени од реакции
35.196
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Секој ден гледаме како здравствениот систем тоне во долгови, болниците се преполни, а лекарите заминуваат во странство.

Сегашниот модел на „бесплатно“ здравство чини милиони, а квалитетот паѓа. Дали е време да го смениме начинот на финансирање и секој да плаќа само за она што го користи?

Или ова би значело дека сиромашните ќе останат без пристап до основна медицинска грижа? Како да го реанимираме здравството?
 
Здрав чоек ќе речи ДА.Болниот НЕ.Ама здравиот секогаш треба да има емпатија и да има на ум дека работите можат да се сменат преку ноќ.Изненадно и без најава.
 
Добра тема за дебата. Но, пред да се премине на целосно нов модел треба да се запрашаме дали проблемот е начинот на финансирање или неефикасноста, корупцијата и лошиот менаџмент кој моментално Здравствениот Фонд на МК го има?
Доколку само се смени наплатата без да се санираат овие слабости кој ги имаме моментално тогаш незадоволството сеуште ќе остане, а Фондот финансиски ќе тоне.
Така да целосниот премин на плаќај она што го користиш би бил ризичен и ќе го зголеми јазот меѓу сиромашните и богатите. Земете го примерот како функционира Холандскиот Здравствен Систем. Таму морално е да имате основно приватно осигурување кое е задолжително за сите, а државата строго регулира што мора да содржи основната полиса (цена и квалитет на услугата).
Ние само копираме без подетално да се истражи навистина кој модел најсоодветно одговара за граѓаните.
 
Ова е на Клинички и личи на скривница во Газа, не на место каде би се переле чаршафи

1755242924074.png

вака изгледа во Бугарија

1755242987528.png

и одамна приватни фирми го имаат превземено овој бизнис, не дека здравството цело им е приватизирано
 
Има некој работи што мора да бидат бесплатни, породувањето, заразни болести, психички болести со агресивен тек, сообраќајни и други несреќи ...пишав еднаш за Дебилизмот на Фондот, ако и по твоја вина паднеш и се повредиш, бесплатно е, а ако насилник или крадец те натепа плаќаш 100%, едино ако излажеш и кажеш дека си паднал...
Најдобар еможе модел како во Австралија, се е бесплатно за цитизен, ама во државни болници со млад кадар, ако сакаш Врвен доктор е приватно ИЛИ има модус ДОПЛАТА на државното...
Ама кај нас НЕМА ШАНСИ, пошто политичките буџи а и докторската фела мислатдека МОРА ДА ГИ ЛЕКУВА само најдобриот доктор ама БЕСПЛАТНО...на времето познатиот НевроХирург земаше Мито 3000дојч марки, ама за буџите беше џабе, соселаните од родниот крај можеа да поминат со виски и бајадера...
Дали знате дека во СР МАКЕДОНИЈА беше ЗАВРАНЕТА приватна Стоматологија можеби до 1985?,последна дозволи...се фалеа забарките цело Скопје ми е под нозе; па имаше случка во Тетово,70тите, пациент уби стоматолог со пиштол во чекална, чекал 5 сати а се преку ред се влагало...
 
Ова е на Клинички и личи на скривница во Газа, не на место каде би се переле чаршафи

Прегледај го приврзокот 453171

вака изгледа во Бугарија

Прегледај го приврзокот 453172

и одамна приватни фирми го имаат превземено овој бизнис, не дека здравството цело им е приватизирано
Бруки живи во какви услови работеле вработените во пералната,чудо е како преживеале.А работата да биди уште полоша со месеци немале плата земено.Ама битно на рамковните шо не знаат кај им е работното место редовно им стига платата.Дно од држава.
 
Проблем е корупцијата, не сме единствена држава каде е бесплатно здравството. Има држави каде фукционира безпрекорно, али таму е не вработуваат со политичи партиски книшки или со процент на етничка припадност.
 
Нема бесплатно здравство, исто како што нема бесплатен ручек.
Секаде во светот се плаќа - без разлика дали преку здравствено осигурување, даноци или разни пакети health insurance , како во САД.
При мене, здравственото осигурување е 40% од даноците што ги плаќам месечно. И тоа е мојот дел, остатокот го плаќа мојот работодавач.
 
Последно уредено:
Нашава држава е конституирана на тој начин што на прво место се грижи за здравјето на своите граѓани, барем така мислем дека е и по устав. И Сметам дека не треба да умираат луѓе заради тоа што не заработиле доволно од било кои причини. Солидарност треба да биде у темелот на било кое општество.
 
Здрав чоек ќе речи ДА.Болниот НЕ.Ама здравиот секогаш треба да има емпатија и да има на ум дека работите можат да се сменат преку ноќ.Изненадно и без најава.
Да завршиш работа во државна болница пак ти требаат прво врски па после пари, не дека сиромашните имаат сега голем бенефит.
 
Мислам дека треба да се направи нешто како хибриден модел. На пример, здравствено осигурување да покрива медицина и зафати над одредена сума. Се до 500-1000 денари да е одговорност на пациентот, како преглед или ефтина генерика, се што е поскапо да биде покриено.

Проблемот со непотизам на државно, поткупи и слични работи ќе мора да се реши прво и основно. Кога доаѓа до здравството секогаш плаќаш, е сега дали со болка, дали со страдање или кеш.
 
Naprotiv, podobro da se spreci otkolku da se leci.
Samo treba malce red tamu. Dobro malce poke oti se e raspasana komanda. Ni odgovara nekoj, ni se zamara i normalno rezultatot e kurokjukja. Ko ke pocnat kazni i odkazi, podrug muabetot ke bidi. So odkaz i licencata da leta, pa neka mesa malter ako ne mu se isplakjalo doktor da bidi. Sakale privatno ili stranstvo, cel iznos da si go isplati prema drzavata sto go skolovala plus kamata, pa ko voli nek izvoli.
 
Здравството може да се реанимира многу лесно само ако се укинат патните трошоци на пратениците и им се плаќа само автобуски билет до собрание. Пошто тие мора да се меѓу народот, пошто се "бирани" од народот!

Со овие пренасочени средства кон здравството, плус апсење на секој арамија кој краде од здравствен буџет. Ќе биде сосема поинаку!
Автоматски споено мислење:

Секој ден гледаме како здравствениот систем тоне во долгови, болниците се преполни, а лекарите заминуваат во странство.

Сегашниот модел на „бесплатно“ здравство чини милиони, а квалитетот паѓа. Дали е време да го смениме начинот на финансирање и секој да плаќа само за она што го користи?

Или ова би значело дека сиромашните ќе останат без пристап до основна медицинска грижа? Како да го реанимираме здравството?
Ова би било најголемата глупост доколку се нафатат на ова граѓаните.

Здравството е луксуз во секоја држава и економијата треба да го "храни" здравствениот буџет.

Доколку целосно се тоа приватизира. Ќе има цени како во приватните клиники и дури и најголемиот штедач ќе може да си приушти САМО ЕДНАШ лекување во приватна болница пошто толку му е неговата животна заштеда.
 
Да се потсетиме што има кажано Љ. Гајдов на неколку гостувања по телевизиите...

Кога бил советник во првата влада од ДПНЕ, дошол некој од белосветските мудреци и му рекол на Гајдов дека здравството во „нашата земјата„ треба да биде бесплатно.

Мош‘ мислит...

На прашањето „зашто„, мудрецот рекол; имате фонд за здравство од 900 милиони годишно, трошите реално 100 милиони, кај ви се оние 800 милиони?...

Наградно прашање: каде се парите!?....
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom