- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.595
- Поени од реакции
- 18.998
Najgolema davacka e samata lokacija. Uste mi e fascinantno deka lugje praat preesmetki so cena na gradezen materijal.Не сум тој што го пишал коментарот, ама претпоставувам дека комуналиите и другите давачки се различни во различни општини па затоа и цените би биле различни.
Автоматски споено мислење:
Dali imas informacii(i dali bi mozhel da opises) kako ide danocenjeto kaj nas vo vrska so ova?Можеш преку IBKR да купуваш, провизиите се смешка, а претпоставувам истото би важело и за другите брокери. Оди во scanner, одбери bonds, и од таму бираш US Treasuries, ставаш критериуми за рочност и камата, само да знаеш имаш мал милион емисии, ќе ти излезат бајаги опции.
На кратко, имаш три типа на обврзници:
US T-Bills – рок до 1год.
US Notes – рок од 1-10 год.
US Bonds – рок 10-30 год.
И ова годиниве се само при првичното издавање, што е поразлично од тоа уште колку години има до крајното доспевање. Како и да се викаат од овие три, не те интересира, ти го кажувам само за да не те буни што е што, сите се државни обврзници.
Која е разликата? Дали исплаќа камата или не, односно дали иницијално:
Во принцип T-Bills никогаш не исплаќа камата, туку се издаваат со дисконт. Пример, кога се издаваат ги плаќаш $92, а на достасување добиваш $100, разликата од $8 ти е профит на инвестицијата. Ако сакаш во проценти да го пресметаш не е баш 8,69% ($8/$92), бидејќи формулата по која ја сметаат камата ја третира годината со 360 дена.
- се издаваат со дисконт (што ќе рече "на попуст") и не исплаќаат камата
- се издаваат по face value (секогаш 100) но исплаќаат годишна камата
Прегледај го приврзокот 452469
Што ќе рече, профитот ти е $8, a приносот ти е 7,89%, по оваа стапка и ќе се тргува.
Ама пак ќе кажам. И ова не треба да те интересира толку многу, чисто ако сакаш да ја знаеш простата математика.
Иначе ова е формула само за обврзниците што не исплаќаат камата, а профитот ти е разликата меѓу помеѓу куповната цена и 100 (face value).
T-Notes & T-Bonds иницијално секогаш се издаваат на 100 (face value) и секогаш се издаваат со камата. Пример, Т-Note од 3год со 4% камата, кога ја купуваш ја плаќаш $100, потоа на секоја годишнина ти исплаќа $4 (вкупно $12=3x4), а на доспевање ти ги исплаќа и тие првично вложените $100. Формулата е друга, ама нема поента да ја пишувам, искрено.
Моментот кога ќе биде издадена обврзницата, веќе цената не е $100, туку се тргува секундарно и оди нагоре/надолу зависно од промената на каматните стапки. Она што е важно и треба да го знаеш е дека купуваш и тргуваш камата, размислувај само во каматни стапки, долариве се изведуваат и служат само за порамнување.
Е сега, овие двете што ги спомнав и носат камата, понекогаш инвеститорите ги делкаат и ги продаваат поединечно principal and coupon. Пример замисли имаш голем лист хартија за главницата, со перфорирани 3 купончиња од страна. Од погоре примерот, за главницата ти пишува дека ќе ти исплати $100 за 3год. од сега, а за купончињата ти пишува дека ќе исплати $4, секое купонче поединечно за 1, 2 и 3год. од сега. Е сега, ако им требаат пари, ама не толку многу и во таа сума, инвеститорот може да го скине купончето и само него да го продаде. Односно, продава исплата само на $4 за 1год од сега пример. И тоа купонче не носи камата, има само еден прилив и се виka STRIP, како кога ќе скинеш нешто. И тогаш автоматски станува бескупонска хартија, иста како таа најгоре T-Bill и се користи истата формула од погоре.
Еве од IBK пример на Note која плаќа камата, и пример на STRIP што не исплаќа камата и се тргува како бескаматен инструмент. Забележи дека во името има strip, no coupon.
Прегледај го приврзокот 452470 Прегледај го приврзокот 452471
Description:
SP 0 8/15/34 --> strip, 0% coupon, matures Aug 15/2034
T 4 3/8 5/15/34 --> note, 4.375% coupon, matures May 15/2034
Енивеј, она што е важно, кажав и погоре, тргуваш со каматни стапки, а не со долари (тие се само за порамнување). Обично во order entry обавезно ќе ја пишува каматната стапка во bid/ask, па ќе знаеш колку принос купуваш. И тоа е твојот принос што го купуваш, што е РАЗЛИЧНО од самата купонска камата на обврзницата.
Пример, на оној Note од погоре, каматата што ќе ја исплати е 4,375% годишно (по пола на секои 6 месеци) пресметана на $100 face value, ама ти не си платил толку, туку си ја платил $101.90, осносно си купил принос од 4,113% .
Бидејќи си платил $101,90, а на крајот добиваш само $100, што ќе рече иако ќе добиеш 4,375% камата секоја година, сепак приносот ти е 4,113% поради тој $1,90 extra face value што си го платил у старт. Ова е наједноставно што можам да го објаснам.
Е сега, откако ќе купиш цената може да варира горе/долу, зависно како се движат каматите моментално. Но, ако купуваш на 10год. без да ги чепкаш или да ги тргуваш, типот на fire and forget, тогаш ова не те интересира, колку сака нека варира, секоја година ќе си добиеш купонче, а на крајот и главницата.
Така е како што кажуваш, затоа имаш investment risk and currency risk, различни се и ние од МК сме изложени на двете.
Currency hedge? Зависи каде вложуваш, имаш ЕТФ фондови на SPX500 кои се со вграден ЕУ/УСД хеџ, месечно ги балансираат за валутен ризик, и практично го добиваш повратот на СП индексот, со trimmed currency risk. Во твојот пример, ако СПХ врати 30%, ти ќе добиеш само 20% поради тоа што еврото ојачало во однос на доларот. Маната му е што си врзан да инвестираш само во индексот, а очекувано веројатно би имал и повисоки провизии.
Ако си фирма и имаш очекуван прилив во долари, а обврски во евра, тогаш одиш со forward contracts. Не се пристапни за retail investors.
За ситна боранија како нас, едина опција е да хеџираш преку currency options. Еве од ChatGPT што значи тоа:
Прегледај го приврзокот 452472
Ај да кажеме за пример ако инвестираш во УСД обврзници знаеш кога ти е приливот од камата и главница, па ќе можеш отприлике да определиш expiry, и да видиш колку ќе те кошта премијата (што нормално, ќе ти го намали приносот), и ќе треба нон-стоп да ги купуваш за секој купон поединечно. Со тоа што секогаш кога ќе ги купуваш, моменталните спот цени на валутите ќе бидат различни, што значи и различни премии секој пат, за секој купон.
За индивидуални инвестиции, пример купиш Тесла акции, малце потешко, да не речам невозможно. Бидејќи, прво треба да процениш кога ќе ги продадеш акциите, за колку $ ќе ги продадеш, и на крајот да процениш колку би бил курсот на ЕУ/УСД во времето кога ќе ги продадеш, па да видиш дали ќе имаш математика. Едноставно кажано, треба да го процениш и инвестицискиот и валутниот ризик истовремено.
Она што ти го прашуваш, долар за долар поврат, независно од типот на инвестиција, а без никаков врзан валутен ризик, мислам дека не постои.
Сакаш да кажеш дека ако не планирам да инвестирам во станови по Скопјето, тогаш не смеам да имам мислење и да го кажам истото?
Последно уредено: