Поделбата на Македонија пред Букурешкиот мировен договор 1913

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikola Knez
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2023
Мислења
455
Поени од реакции
1.000
На денешен ден пред 112 години е потпишан Букурешкиот мировен договор помеѓу Бугарија и Србија-Грција-Романија-Ц.Гора, кај нас познат по делбата на регионот Македонија (дотогаш под Османлиска власт).

1754832315792.png

Меѓутоа се заборава дека и пред овој договор, Македонија била практично поделена, и тоа во многу полоша ситуација ако ги земеме границите на денешната република.
Ова е поделбата на Македонија пред 2. Балканска Војна
1754832423332.png

Помеѓу Србија и Бугарија постоел таен договор за делба на Вардарска Македонија, а во случај двете страни да не можат да се договорат, Русија требала да одлучи кому што ќе припадне.
Поради мешањето на Австро-Унгарија и притисокот Србија да се повлече од Албанија со што Србија не успева да ја постигне својата цел - да добие излез на море, Србија одлучува да ги зачува териториите од Македонија која ги освоила, што е повод Бугарија да ја започне 2. Балканска Војна.
1754832904397.png

Доколку ваквата делба се остварила , Вардарска Македонија би влегла во Југославија како еден многу понестабилен елемент, загрозен од големото албанско присуство кое би било многу повеќе од 20-25%, практично Косово бр.2.

Иронично или не, со Букурешкиот договор се дели цела Македонија, но се спречува делење на Вардарскиот дел, кој денес, каков таков, е единствената независна македонска територија.

Непопуларно мислење : Без овој договор, денес независна Македонија веројатно не би постоела.
 
Делумно се соглсувам но не целосно. Муабетов е шта би било кад би било или батерфлај ефект.
Заброаваш да ги земеш во предвид следните 90 -100 год. Кралот на Југославија да заземел поцврсто пронаци страна у 1941 , немало да постои ни СФРЈ а уште помлаце и СР Македонија туку ќе сме биле Вардарска Бановина и само господ знае доколку победеле нацистите и фашистите а кралска Југославија била со нив како би изгледала територијава денес.
 
Нормално ова е се теоретски, меѓутоа доколку Бугарија се задоволила со своите територии 1913, веројатно би била неутрална или би заземала многу по резервиран став во 2те светски војни, не гледам како би ги изгубила териториите во Македонија во тој случај, едноставно ќе менувала страни како ќе се одвива војната, исто како во 2 Св.Војна, па не само што не изгубиле територии туку и добиле после 1940 (јужна Добруја)
1754840309881.png
 
Прегледај го приврзокот 452891
Затоа ти кажуавм. Све ова е шта би било кад би било.
Земи пушти да играш HOI. Симулација на политика и војна во периодот доцен 19 век до денес. И ако се ставиш да не играш по историски настани тогаш може и нас да не видиш како цел свет го освојуваме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom