Што мислите за целосно укинување на готовината?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.413
Поени од реакции
35.061
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Замислете свет без банкноти и монети - сè се плаќа со картичка или телефон.

Нема кусур, нема касиерки кои викаат "ееее, немаш нешто поситно?", но има целосна трага за секоја трансакција.

Некои велат дека ова е побезбедно и поудобно, други стравуваат дека губиме дел од приватноста и слободата.

Вие на која страна сте?
 
Во идеален свет сум за, ќе се олесни плаќање на светско ниво. Нит сум дилер нит купувам толку сумњиви работи да ми е страв от трагите на моите трансакции.
Е сеа, ко што живееме во неидеален свет и може да треба да се работи на црно за да искача сметката ако не избркаат от работа, сум против.
 
Како што рече членот погоре, во идеален свет каде што дрчноста на банките не би била постоечка, би било најдобро, но во моменталнава ситуација, ако физичките пари ги отстранат, мислам дека тоа ќе биде тотална контрола над населението и индивидуата.
 
Јас сум ЗА.....да, сите финансиски трансакции да бидат дигитални, зошто да не.
Новчаникот го дупнав од ситните пари, а да не збориме коку се валкани, смрдливи, скинати, ишарани....бљак, полни со бактерии.
Ми текна во продавница кога една циганка извади пари што и стоеле под цицки.:facepalm:

Оваа идеја за укинување на готовина нема да им одговара само на оние луѓе кои чуваат дома сомнителни, непријавени пари, за кои ќе биде проблем да се внесат во систем.
 
Ја и сега сум без кеш, посебно последна година две. Да ме тресеш цел ден 2 евра нема да најдеш
Револут за мали продавници, онлајн а за остало матична банка. Со револут имам огромна контрола над трансакции и за се треба да одобрам и така.
:D
 
Shvedska e 90+ % cashless, so kartichka, telefon, smart watch, mislam deka ima i so chipovi vekje :D Samo marketite za hrana i po nekoj sumljiv kebab ostanaa na kesh.

Mene lichno mi odgovara, ni pari broenje, ni moneti da tropaat, se odi pobrzo.
 
На работа сум целиот со токени и онлајн. Подржувам, бидејќи сите трансакции во стопанството треба да се транспарентни и видни за скоро секого. Забелешка, банките си акаат провизии како им прдне на к*рот. Гледам 2000+ провизија на крај на месецот, плус оние дневни, месечни, неделни и провизии за секоја трансакција. Прашувам оти, ааа па господине сте го поминале прагот од ...... денари промет овој месец, затоа. Мојот договор со банката е од пред 15-20 години, нит има таков член за скалесто одредување на провизии нит бутур, ама зелката врва.
Чувам пари кај нив, они работат со нив, не бе за тоа уште ќе ми наплатат.
Приватно, сакал нејќел сум безготовински, ама сум 100% против укинување на готовина. Треба моите пари да се гарантирани со физичка готовина, злато ли, бакар ли, ама се физички поткрепени со нешто што има реална вредност, зошто сега синџирот да се прекине кај мене или кај обичниот граѓанин? На крај од краиштата едикојси Трајче или Трпе мешал малтер за тие пари, чуму да му биде ограничено физичкото поседување на тие пари? Затоа што општеството и лоповите во него не можат да си ја контролираат криминалната конкуренција? Па не может по магарето, ајт по самарот!
Автоматски споено мислење:

Јас сум и за чипови да можеме да си вградиме, да не се мачиме и со носење на картички.
И тракер да ти стават, што да се мачат да ти гледаат во телефонот!
 
Последно уредено:
Ќеш вадам само кога искачам со друштво, бидејќи не секаде даваат да се дели сметка. Охрид пример особено.
Сѐ што можам плаќам со картица. И за пазар вадам ќеш. Толку. Маркет, молови, со такси ако се возам исто, храна. Поедноставно ми е.
 
И по едно чипче за плаќање да ни вградат: SMEE-666 со интернет способности, за да плаќаме безконтактно и да можат да не контролираат далечински. Одлична идеја, посебно ако не контролира ВИ. Сите ќе бидеме супер интелигентни. :kajgana:
 
Замислете свет без банкноти и монети - сè се плаќа со картичка или телефон.

Нема кусур, нема касиерки кои викаат "ееее, немаш нешто поситно?", но има целосна трага за секоја трансакција.

Некои велат дека ова е побезбедно и поудобно, други стравуваат дека губиме дел од приватноста и слободата.

Вие на која страна сте?


...па откако ќе ја укинеме готовина, како еден од знаците и облиците за сувереност, што колективна, што лична, ќе ни остане уште доброволно да чекаме на ред за жигосување...попут стока.

Заборави да го споменеш и надоаѓачкиот антихрист, кој е неодвоив дел од приказната за „користа„ од укинувањето на готовината.
 
Последно уредено:
Кешот е и слобода и домаќинлук. Поинаку пече дадената пара кога е банкнота извадена од џеб. Други се и математиките и плановите.

Да си здрав и жив за муабетов.
 
Не дека немаат контрола врз нас, знаат скоро се што правиме, ама и тоа малку што може да се прикрие сакаат да ни го земат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom