Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,1%
  • Не

    Гласови: 460 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.196
Моето мислење е малку покомплексно и е поврзано со Земјени циклуси поврзани со Големата Година која трае 26 000 години и е поврзана со бавната ротација околу оската односно прецесија на рамноденците. Поради таа ротација околу оската доаѓа до повеќекратни циклуси од прилика 4 големи климатски промени и геофизички настани во кои настанува ресетирање на цивилизациите и губење на стекнатото знаење на човештвото. Дел од елитата се подготвува за овие настани и зачувуваат дел од знаењето и така доаѓа до 'breakaway civilizations'.

Дел од технологијата е најдена во ископини, дел од знаењето е зачувано и пронајдено во Археолошки ископини.

На пример денес Long Now фондацијата со помош на Џеф Безос градат часовник кој ќе трае повеќе од 10 000 години, на место преку 2000 метри висина длабоко во планина, часовникот ќе ја прати и прецесијата на рамнодениците и ќе функционира без човечко одржување, во склоп на истиот проект и на истото место ќе има мал диск на кој се зачувани преку 15 000 страници од 1500 јазици, начин како да се дешифрираат јазиците и најпотребните текстови за опстанок на човештвото. Дискот ќе може да се чита без модерна технологија и струја, со помош на микроскоп. Тоа во иднина ке биде археолошка ископина на древно знаење. Исто така во 'Slavabard doomsday vault' чуваат преку 1 000 000 жита и растенија круцијални за човечко преживување во случај на масовна катастрофа. Се наоѓа на остров на Северниот Пол длабоко во планина. Со други зборови се подготвуваа за масовен ресет и целата оваа фама околу глобално затоплување предизвикано од човекот е само маска.

На долго на кратко, нема ништо ново под сонцето, се е циклично итн. Инаку има и дел со 'ангели и демони' односно еволуција на душата ама да не ширам сега ептен...
На кратко сумирано :
dsfadsfsdsd.png

А за еволуција на душата здравје. Во некој следен живот, со некои други реинкарнации ќе се читаме.
 
Последно уредено:
Рока уфото со 240000 км/х покрај Марс. Ебан страв имаат од нас еј, ебати гнасните што сме, отпадот на Вселената.
Емитираме радио бранови со децении, и никој не не контактира а тука се во близина. Замислете каков гној е човештвото.
Тешко нив ако имаат страв од нас

1754081567452.png

Ќе го оставам логово само тука. Човекот успеа да ја усоврши гравитацијата пред скоро 100 години, битни хинтови: Lockheed Skunk Works, Northrop Grumman, Thomas Townsend Brown, CEO то на Lockheed Martin, Ben Rich и важни негови изјави дадедни во јавност поврзани со антигравитациони летала/возила:

“We did the F-104, C-130, U2, SR-71, F-117 and many other programs that I can’t talk about. We are still working very hard, I just can’t tell you what we are doing.
(source: 1993 WPAFB slide presentation)

“The Air Force has just given us a contract to take ET back home”
(source: 1993 WPAFB slide presentation)

“We already have the means to travel among the stars, but these technologies are locked up in black projects and it would take an act of GOD to ever get them out to benefit humanity”
(source: statement made after UCLA presentation to three Disclosure Project witnesses)

“We now have the technology to take ET back home”
(source: UCLA School of Engineering Alumni speech 3/23/93)

сигурно ќе го чекаат големиот ресет

На кратко сумирано :
Прегледај го приврзокот 452146

А за еволуција на душата здравје. Во некој следен живот, со некои други реинкарнации ќе се читаме.

Знам дека е тежок sci-fi, ама не знам дали си ја слушнал теоријата дека земјата е prison planet, една од многуте, каде душите на интелигентниот живот од сите краишта на универзумот, се праќаат на таканаречени prison planets. Причина? Се работи за ентитети или is-be s кои во нивните претходни животи биле непоправливи криминалци, убијци, генијалци, револуцинери итн итн или биле неподобни за таканаречената галактичка империја или федерација. Нивните души завземаат човечки тела кои се осудени да живеат по 70 - 80 години, по што душата ги губи сите сеќавања и знаења односно и се прави бришење на меморијата и наводно тоа се случува кога човекот умира и ја гледа "светлоста". После индуцираната амнезија, душата е насочена да се врати назад на земјата каде пак ќе завземе човечко тело и е засекогаш заробена на земјата. Наводно, заради тоа сме биле такви како што сме и сме толку ограничени во нашиот развој, затоа што природно душата е стара неколку милијарди години и ги има сите знаења и мемории од почетокот на нејзиното настанување како is-be. Повеќе инфо за ова можеш да побараш за Матилда Мекелрој и Росвел инцидентот, каде наводно последниот преживеан gray alien од инцидентот и ги кажува овие работи на Матилда....
 
Познати ми се ствариве. Затоа и многу религии особено будизмот и хиндуизмот цело време мантраат за реинкарнацијата и дека со доброто однесување во следниот живот ќе си ја прочистиме кармата.
На кратко ова. Иначе има мн на долго што да се пишува.

Еве ќе го тагнам @парва на кумановски да ни напише едно евангелие на оваа тема .
 
Будизам вика да се разбудимо и да сфатимо дека наше размислување е бијоонд наше обично размислување.
Хинду тој га објасни сликовито.
Гадз фром д старс.

Ваљда наша сфест е плод на нешто што кд тк ке га дознаемо. Сфесно.Екстраинтелгиентно.Ама ми за едн живот неможе да сфатимо.Па затој умирамо и сфаќамо дека цело наше постоење на планету, е нешто сјајно и необјасниво, дури ни у Маткрикс филм.
Тој нешто ни стфара морал и етику на вербу, да смо ипак људи, и не прави нормални и природни.А не смо.
Животни и растенија су, ми не смо.
Мислу, физикус,хемија,материја и физика ни е природна.Тој измеѓу очи не ни е.
Тој нешто(сфест) можда ск у момент се развива и мисли куде сфи нас како природна стфар.Обична.
Ама некад, тај стфар, тој нешто, неприродно ни дошло.
Некои викаф бог,сусбина,некои случаиност,некои симулација,некои експеримент,некои природана селекција,слнце и вода,некои ништо.

Тој што и да е, тој е некој дар.
Од нешто појјако од нас што постои одамна.
Ми смо нови, ботови.

Тј дар, се стфара споро у нас.
Такој да тешко брзо умира.Наша сфест после смрт ке дознае што е финта сс сфест,лична,транседентална, што е бог,едно сс универзум.

А тој сфе е одозгора, да не иду офтопик, тој е нешто екстратерестриал,фром д старс, што сигурно постои.
Можда и пред нас постои на нашу убаву планету.

Надам се дека од толко нови цивилизацие на планету, ми ке смо тај последна, што предвиде сфе и знае дека не смо сами и коначно ке дознаемо кои су тија елиен,визиторс,гадс...

Пиес.
Гледајте га овј филм сфи обавезно.
Сфи.
Тру стори вс Мила Јововиќ вс елиен.

Последно уредено:
Инаку има и дел со 'ангели и демони' односно еволуција на душата ама да не ширам сега ептен...

Иначе има мн на долго што да се пишува.
Еј пазете од многу пишување на темава да не го бутнете Интернетот. Абе да го имам вашето познавање и разбирање на темава ќе здробам есеј од постови.

@madflavor значи ние веќе сме во „Пеколот“
 
Познати ми се ствариве. Затоа и многу религии особено будизмот и хиндуизмот цело време мантраат за реинкарнацијата и дека со доброто однесување во следниот живот ќе си ја прочистиме кармата.
На кратко ова. Иначе има мн на долго што да се пишува.

Еве ќе го тагнам @парва на кумановски да ни напише едно евангелие на оваа тема .
Да, накратко, the Akashic records го даваат одговорот на сите тие прашања: Кој си?, Што си? и Зошто си тука?

Се раѓаш во свет за кој не знаеш ништо, а ниту си побарал да бидеш материјализиран тука. Од раѓање ти се доделува име, јазик, националност, религија и огромна листа на правила во однос на тоа како да се вклопиш во системот.

Будизам вика да се разбудимо и да сфатимо дека наше размислување е бијоонд наше обично размислување.
Хинду тој га објасни сликовито.
Гадз фром д старс.

Ваљда наша сфест е плод на нешто што кд тк ке га дознаемо. Сфесно.Екстраинтелгиентно.Ама ми за едн живот неможе да сфатимо.Па затој умирамо и сфаќамо дека цело наше постоење на планету, е нешто сјајно и необјасниво, дури ни у Маткрикс филм.
Тој нешто ни стфара морал и етику на вербу, да смо ипак људи, и не прави нормални и природни.А не смо.
Животни и растенија су, ми не смо.
Мислу, физикус,хемија,материја и физика ни е природна.Тој измеѓу очи не ни е.
Тој нешто(сфест) можда ск у момент се развива и мисли куде сфи нас како природна стфар.Обична.
Ама некад, тај стфар, тој нешто, неприродно ни дошло.
Некои викаф бог,сусбина,некои случаиност,некои симулација,некои експеримент,некои природана селекција,слнце и вода,некои ништо.

Тој што и да е, тој е некој дар.
Од нешто појјако од нас што постои одамна.
Ми смо нови, ботови.

Тј дар, се стфара споро у нас.
Такој да тешко брзо умира.Наша сфест после смрт ке дознае што е финта сс сфест,лична,транседентална, што е бог,едно сс универзум.

А тој сфе е одозгора, да не иду офтопик, тој е нешто екстратерестриал,фром д старс, што сигурно постои.
Можда и пред нас постои на нашу убаву планету.

Надам се дека од толко нови цивилизацие на планету, ми ке смо тај последна, што предвиде сфе и знае дека не смо сами и коначно ке дознаемо кои су тија елиен,визиторс,гадс...

Пиес.
Гледајте га овј филм сфи обавезно.
Сфи.
Тру стори вс Мила Јововиќ вс елиен.

Да, го имам гледано The Fourth Kind само не сум сигурен дека е вистините приказна. Друг филм кој може да се препорача, а допира теми од уфологија е The vast of night
Пред некое време го гледав и Nope али е премногу фантастичен. Следни на листа се Aniara i The Endless
Веројатно must see е Fire in the sky или приказната за Travis Walton. А, ако сакате вистини приказни за кои уште нема снимено филм, тогаш тука е приказната за Крис Бледсо, еднa од пофасцинантните случки кои се имаат случено после 2000 та година

Еј пазете од многу пишување на темава да не го бутнете Интернетот. Абе да го имам вашето познавање и разбирање на темава ќе здробам есеј од постови.

@madflavor значи ние веќе сме во „Пеколот“
Ја имаш цела аудио книга на јутјуб

АИРЛ или вонземјанката која ја интервјуираат дава детален опис на историјата на универзумот, на земјата, кој не создал и како не создал и зошто не ставил тука.

Ко што кажав, ова е приказна од книга. Авторот тврди дека книгата е напишана по белешките кои му ги оставила Матилда или медцинска сестра која порано работела во Roswell Army Air Field 509th Bomb Group. Значи идентитетот на луѓето, барем повеќето, кои се спомнуваат во книгата може да се потврди дека е вистински. Еве и негово објаснување како ја напишал книгата

Еј пазете од многу пишување на темава да не го бутнете Интернетот. Абе да го имам вашето познавање и разбирање на темава ќе здробам есеј од постови.

@madflavor значи ние веќе сме во „Пеколот“
Брат.... многу е демотивирачки кога на ваква тема со вакви мислења ќе ти дојде флеш со ретардирана констатација или зурла со сликовница од измислени острови и територии позади некаков мраз.

Ја ако почнам да пишувам баш ќе напишам есеј како што имам и предходно пишувано. Башка ја многу филозофирам и стручно се изразувам како да спремам семинарска и докторска дисертација. Парва истото знае да го сумира у неколку реченици со некој интересен распоред на реченици што ќе те натера да читаш уште.
На кратко ја пишувам мн дефицистички затоа што и реално предосеќам дека на крај се ова не ќе се заврши арно. Парва пишува како да составува списи за Рамајана и Махабхарата или за Кама Сутра.

Што подразбираш под пеколот ?
Јас мислам дека сите на земајва што живееме и се реинкарнираме тука сме во пеколот. Треба да се искупиме за гревовите и да се покаеме за да во следниот живот не однесат на друга планета каде што ништо нема да има од негативниве работи на земјава. До тогаш додека се прочистиме заглавени ќе бидеме тука.
 
Мое мислење за најпризнаену интерпретацију на пекол е објаснување у едну малу књигу за астралну проекциу.
Барем там колко толко јавно признааф дека га виделе, Астрал Про е и те како озбиљна и реална стфар за коју малко се збори.Ваљда само тк можемо да видимо, да путуемо низ сфестови и креацие креирани од наши мечтаења,верувања и праење филмчиња у главу пред спање.
Праимо триде мрежу сс наше размислување.
Само низ астралну проекцију може да се види што се дешава кд ке умремо.

А сфе тој е креација на тој што можда не е креирало нас и ми га викамо само нло хаха.
Тој е нешто поголемо од некој сребрен орб што ка га снимаф по сфет.

Пекол и Данте га објасни.
Ама не постои материјално, не е негде тамо горе или доле у ад.
И сфи цивилизацие збориф и се плашиф од нешто толко страшно и даарк што се вика пекол.
Можда богови или ектратерестриал не натерале да мислимо дека постои пекол.
И ми си га креирамо у главу.

Мое мислење е дека ако постоиф елиенофци, ондак има фракција која не сака и не штити.

Пиес.
Тај књига за астрал, малце странице има, а колко е огроооона за читање.
Астрален Сфет се вика.
Свами Вачма.....вдаси, како и да е.
Књига ми е дадена одамна и још не ми е вратена. Ке му пишу јуре на вибер хаха.
 
Треба тие од The Domain да не спасат од Old Empire, кои не држат врзани на оваа планета, преку тела кои имаат краток животен век, индуцирана амнезија и константна реинкарнација, ко совршен систем за рециклирање.
Мое мислење за најпризнаену интерпретацију на пекол е објаснување у едну малу књигу за астралну проекциу.
Барем там колко толко јавно признааф дека га виделе, Астрал Про е и те како озбиљна и реална стфар за коју малко се збори.Ваљда само тк можемо да видимо, да путуемо низ сфестови и креацие креирани од наши мечтаења,верувања и праење филмчиња у главу пред спање.
Праимо триде мрежу сс наше размислување.
Само низ астралну проекцију може да се види што се дешава кд ке умремо.

А сфе тој е креација на тој што можда не е креирало нас и ми га викамо само нло хаха.
Тој е нешто поголемо од некој сребрен орб што ка га снимаф по сфет.

Пекол и Данте га објасни.
Ама не постои материјално, не е негде тамо горе или доле у ад.
И сфи цивилизацие збориф и се плашиф од нешто толко страшно и даарк што се вика пекол.
Можда богови или ектратерестриал не натерале да мислимо дека постои пекол.
И ми си га креирамо у главу.

Мое мислење е дека ако постоиф елиенофци, ондак има фракција која не сака и не штити.

Пиес.
Тај књига за астрал, малце странице има, а колко е огроооона за читање.
Астрален Сфет се вика.
Свами Вачма.....вдаси, како и да е.
Књига ми е дадена одамна и још не ми е вратена. Ке му пишу јуре на вибер хаха.
Видиш, според вонземјанката од Росвел, да се има биолошко тело е голема маана, поради тоа што тоа е тело кое е подложно на повреди, тело кое не трпи болка, тело на кое му треба кислород и тело кое е подложно на инфекции од страни бактерии односно тело кое е врзано за Земјата и не е создадено да патува низ универзумот. Според нејзе, најнапредните вонземјански цивилизации, воопшто не завземале материјална форма, додека оние во пониска хиерархија најчесто претставувале биолошки роботи кои своите тела ги сметале ко кукли и ги напуштале и завземале по воља, не само кога ќе умрат и тела од најнизок ранк - биолошки тела или ние. Првото човечко или хуманоидно тело било создадено пред неколку билиони или трилиони години, ко што била создадена и првата флора и фауна, од микроорганизми до големи животни. Првите тела мислам сите биле карниворни и не можеле да се размножуваат, па пошто вонземјанскиве компании што ги правеле морале да вложуваат многу во производство на нови вовеле и репродуктивен систем и вклучително и хербивори. Кога би се снимил сериозен филм по книгава, би бил неизбежен за сите sci-fi nerds, па макар и се што е пишано во таа книга е измислица на авторот.
 
Последно уредено:
Ко прилог на ова погоре, морам да го ставам и Мет Браун, бивш вработен во Пентагон и тој од кој протекоа документите и инфото од Immaculate Constellation

Ко прилог на ова погоре, морам да го ставам и Мет Браун, бивш вработен во Пентагон и тој од кој протекоа документите и инфото од Immaculate Constellation

Метју Браун користи термини од Џон Ди и јазикот на Енок за повикување и комуникација со 'духови' (higher spirits).

Џон Ди бил прв советник на Кралицата Елизабета Прва и ја имал најголемата езотерична библиотека во 16-ти век со книги стари илјадници години. Неговата Библиотека била ограбена, кој ограбува и пали Библиотеки?

Исто како Медичи фамилијата која дала три Папи и кралицата на Франција. Пази, црквата нарачува сите книги со некромансии да се запалат, а папската Библиотека во Медичи денес е полна со такви книги.

Инаку треба да се запази конекцијата помеѓу Џек Парсонс татко на ЏПЛ НАСА и погонот за ракети, кој заедно со креаторот на Скиентологија (Рон Хабард) прават ритуал и со азбуката на Џон Ди ја повикуваат големата мајка од Бабилон.

Никот на Метју Браун на Твитер е sunofAbramelin, 'Book of Abramelin' е книга за комуникација со повисоките спиритуални нивоа на постоење.

Хабард креира религија која се зансова на овој затвор ти што го пишуваш. Меѓутоа моето мислење е различно и тој 'затвор' е поврзан со еволуцијата на душата.
 
кој ограбува и пали Библиотеки?
604613_1_En_13_Figa_HTML.png
 
Знам за "The Book of Enoch", ако правиме муабет за истиот? Таткото на Метузалем, и прадедо на Ное и библиска личност што се поврзува со ufos, кои го однеле да ги види нивните светови. Ама книгата, освен толкувања, ја немам читано, така што не сум запознаен со јазикот. Го следам на твитер и е дел од т.е ја поддржува кампањата за disclosure. Она што ми е занимливо е што типот по реториката опасно потсеќа на муабетите што ги прави Steven Greer, бар кога се работи за технологијата и тајните на америчките влади во сенка. А никаде не спомнува личности ко Chris Mellon, Lue Elizondo, Hal Putoff кои што Greer ги обвини дека се врбувани ко дисинфо агенти и дека работат пред се за владите во сенка и за олигархијата која ги крие технологиите доста долго време.

Инаку во право си дека во тоа што го пишав има доста скиентологија, само што во скиентологија нема вонземјани, плус основачот што го спомна е тешка превара. Она што е симптоматично е што движењето и религијата ги почнува во 50 ти, веднаш по инцидентот во Росвел и се шпекулира дека дошол до документи и белешки со информации врз база на кои е напишана и книгата која што ја спомнав.

Ахам, и кое твоето мислење за еволуцијата на душата? Нешто во смисол на пречистилиште или?
 
Зборам за 'Enochian Language' создаден од Џон Ди и Едвард Кели во 16 век наводно преку визија и контакт со повисоки сили. Јазикот се користи за повикување на повисоки сили, инаку да поврзан е со Енок и книгата на Енок која не е вклучена во Библијата од причини што повеќе ќе ги збуни обичните верници.

За технологијата мое мислење е дека поврзана со претходни циклуси и 'break away civilizations' затоа Британците го превртатуваат пола свет од Индија до Америка, крадат артефакти, праќаат агенти да се преставуваат како Арапи кога го нашле скриениот град Петра, Нацистите одат во Тибет, 90 посто од литература во Ватикан е недостапна итн.

Инаку за еволуцијата на душата поврзано е со сите религии и со 12 (13) констелации односно патот на Сонцето во сите нив во текот на 26 000 години. Опишан е патот во 12 работи на Херкулес или во Гилгамеш. Душата односно 'Новиот Ерусалим' се раѓа во добата на Девица, патот почнува во добата на Лавот итн... Сега влагаме во добата на Аквариус, според мене времето на создавање на системот на Антихрист односно вештачка интелегенција која е инверзија на природната свест.

Се урива системот во Добата на Стрелец со враќањето на Месијата и следи 1000 години владеење, после во добата на Шкорпија се ослободува пак 'Сатаната'. Во добата на Вага е судењето и повторно почнува добата на Девоца или новиот круг.

Материјалниот свет е потребен за душата да го научи доброто и лошото и да се здобие со Мудрост. Материјалниот свет е илузија создаден од електромагнетни бранови. Исто како кога спиеш и сонуваш, твојот мозок создава цел универзум од ништо, односно од електромагнетните бранови на мозокот, за сонувачот сонот е реалност, во многу ретки случаи сонувачот знае дека сонот е илузија, но тоа е така и со монкот во планина за 'реалниот' свет.
 
Ти ја разбирам перспективата, ти веруваш дека живееме во симулација и пред се целта е да универзумот се искуси себе си, односно тој се манифестира преку нас. И феноменот со уфо ата и вонземјаните го врзуваш со спиритуалниот свет и езотерија. Тоа за симулацијата и не можам да го негирам, Ник Болстрoм постави математичка хипотеза според која веројатноста да не живееме во симулација е рамна на 0 и дека нашата реалност се рендерира од страна на нашиот мозок.

Во однос на технологиите, па и не би се сложил. Не дека не верувам дека претходно човекот не живеел во понапредни цивилизации како Атлантида на пример, само некако не верувам дека човекот ја имал контролата над воланот тогаш, ко сега. А и ако вонземјаните ги врземе за спиритуалниот свет, зошто на такви ентитети би им била потребна технологија за да патуваат? Исто така можеби си ја слушнал и приказната за состанокот на претседателот Ајзенхауер со барем две раси на вонземјани и што Америка има добиено за возврат со тоа што им дозволиле да направат подземни бази и ги оставиле да вршат киднапирања на луѓе? Особено актуелни од 50 ти до крај на 70 ти години од 20 ти век. Мислам самиот Ајзенхауер има дадено изјава за огромната моќ што ја има "the military industrial complex" пред негово повлекување од улогата претседател. А се шпекулира и за друг претседател, Џ.Ф.К, дека поради тоа што поставувал многу прашања поврзани со некои црни проекти и вонземјански технологии, бил и убиен.

Верувам дека постојат вонземјани, и тоа не само една раса. Nordics, Tall Whites, Mantids, Grays, Reptilians, Ummo и други.

Генерално им верувам на луѓето кои имале контакт од 4 ти тип, а не се малку. Мислам не дека нема луѓе кои што лажат за да добијат некакво внимание или да пробаат да продадат книга или лажно видео и сл, сепак постојат луѓе кои поминале низ сите детектори за лаги, и кај кои постојат и 3 ти сведоци кои ја потврдуваат нивната приказна, а нечесто во нивните тела можат да се најдат метални импланти без да постои било каков белег како последица на сечење и ставање импланти. Еве на пример не знам дали си слушнал за Чарлс Хол, кој мислам дека работел нешто поврзано со метеорологија во војската некаде во пустините во Невада. Иако неговата приказна не е класичен alien abduction, човеков 2 години бил во контакт со tall whites кои имале база во Невада каде имале цели фабрики за производство на нивни антигравитациони летала кои и ги правеле со помош на америчка војска и ја користеле земјата како попатна станица до некоја нивна крајна дестинација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom