Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Помлада генерација сте изгледа тука,ама дали ви текнува на Марио Петков, страшен напаѓач ,со Срле во тоа време и со Оливеира, ми се плаче какви утакмици имаше на Градски.
 
Помлада генерација сте изгледа тука,ама дали ви текнува на Марио Петков, страшен напаѓач ,со Срле во тоа време и со Оливеира, ми се плаче какви утакмици имаше на Градски.
Марио Петков каков напаѓач беше, каква завршница, страшен играч, иако бев доста мал, таков играч не се заборава, гинеше секоја утакмица…
 
Ај кога веќе начнавте тема, кажете си најдобра цела постава откако го гледате Вардар, кој играч ви оставил посебен впечаток, кого ќе памтите засекогаш, да видиме ние помладите што сме пропуштиле.:)
 
Ај кога веќе начнавте тема, кажете си најдобра цела постава откако го гледате Вардар, кој играч ви оставил посебен впечаток, кого ќе памтите засекогаш, да видиме ние помладите што сме пропуштиле.:)
Голмани: Зекир/Пачовски
Одбрана: Хоф, Тетовче, Блесинг, Брага, Грне
Средина: Влатче Гроздановски, Срле, Фелипе, Дашјан, Неџипи
Напад: Тигран, Петков, Вандаир, Оливеира, Наумов, Фичо Ивановски, Јове Костовски…

Реално има уште многу што не се напишани а оставиле страшен впечаток и биле страшни играчи во последниве 20-тина години…
 
Јове Костовски е тука исто.

Мене Душан Савиќ ми беше еден од поомилените, ако немаше премногу голови кај нас. Ја реши Шкендија во Тетово, во едни други времиња :D
Се зачудив дека уште игра фудбал. Од Дубочоица, преминал да игра рекреативно во петта лига, Слога Липовица. Нема да ни дојде лошо :D
Скроз го заборавив Јове. Добар шпиц несомнено, а и фамилијарно се големи Вардарци. Баш сакав да ја заврши кариерата во својот матичен клуб, но мислам дека не беше ни контактиран од тогашното раководство.
Ристе Наумов е најдобриот шпиц што сме го имале после Ќириќ според мене, штета што не фати силен Вардар. Не за џабе стигна до Славија Прага после тоа, каде мислам дека го спречија неколку сериозни повреди да се покаже во право светло. Пред тоа ако добро памтам беше и прв стрелец во Кипарско првенство каде отиде директно од Вардар.
Ристе исто добар шпиц. Сочинуваа добар тандем со Вандаир, но и двајцата си отидоа во краток период ради очајната состојба во клубот.
За издвојување е што и едниот, и другиот, дојдоа од Цементара. Како и многу други, ја мислам дека немаше играч што не ни се потрефи. Што се случува сега со овој клуб?
 
Не постои Цементарница подолго време. Играа во општинска лига на Косела Вода до пред некое време, ама пропаднаа. Игралиштето го презема академијата Кул, ништо не остана од Цементарница.
 
Не постои Цементарница подолго време. Играа во општинска лига на Косела Вода до пред некое време, ама пропаднаа. Игралиштето го презема академијата Кул, ништо не остана од Цементарница.
Цементарница ака ФЦУ 55 :D
Инаку многу шмекерска екипа на времето, утакмиците со Вардар беа драма
 
Скроз го заборавив Јове. Добар шпиц несомнено, а и фамилијарно се големи Вардарци. Баш сакав да ја заврши кариерата во својот матичен клуб, но мислам дека не беше ни контактиран од тогашното раководство.

Ристе исто добар шпиц. Сочинуваа добар тандем со Вандаир, но и двајцата си отидоа во краток период ради очајната состојба во клубот.
За издвојување е што и едниот, и другиот, дојдоа од Цементара. Како и многу други, ја мислам дека немаше играч што не ни се потрефи. Што се случува сега со овој клуб?
Штета за Ценентара што не постои,првпат сам на утакмица бев баш на Цементара бидејки блиску живеам.Се сеќавам и на утакмицата Цементарница[тогашен Фцу 55] против Вардар 95 год Саша Ќириќ во 88 мин ја реши.Понатаму баш Цементара беше како филијала на Вардар и после легендарното финале против Слога скоро пола екипа премина во Вардар.Тасевски,Блесинг,Вандаир,Бојан Марковски,Таневски,Глигоров тоа беа времиња
 
Помлада генерација сте изгледа тука,ама дали ви текнува на Марио Петков, страшен напаѓач ,со Срле во тоа време и со Оливеира, ми се плаче какви утакмици имаше на Градски.
Не застануваше човеков, со денови може да им држи предавања за почит кон навивачи на денешниве играчи.
IMG_7868.jpeg
 
Интересна тема, ме натера да пишам. :icon_mrgr:
Оние кои сум ги гледал, не значи дека биле најдобри, но најмногу ми било мерак да ги гледам.

Пачовски
С. Ристовски Грнчаров Васовски Глишиќ
Неџипи Оса
Оливеира Фелипе Барсегјан
Вандаир
 
Цементарница ака ФЦУ 55 :D
Инаку многу шмекерска екипа на времето, утакмиците со Вардар беа драма
Во време на Брацо кога даваше пари во Цементара и кога беше главен спонзор на Вардар истата Цементара ни има земено две титули,клучни бодови има Вардар губено на гостински терен.Во денешно време тоа би било лудост ама тогаш проаѓаше, многу тврд фудбал играа баш против Вардар и секогаш Вардар тешко проаѓаше на нивни терен.
 
Марио Петков, каква легенда, играчиште беше, уште профилната фотографија му е во дрес на Вардар.
 
Голмани: Зекир, Пача
Одбрана: Четка Јаневски, Саша Гигец, Грне, Стефан Ристовски, Бранковиќ, Најдоски, Васоски, Блесинг, Брага, Хамбарџумјан
Средина: Савевски, Рингов, Шаќири, Грозданоски, Хуан Фелипе, Барсегјан
Напад: Панчев, Ќириќ, Оливеира, Вандеир
 
Се сеќавам Петков кога им збрчи едно преубаво голче со "ефе" на Работнички, и прославата му беше као авионче. Убави времиња.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom