Прилеп и Мариово

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Во Прилеп има улица што се вика Леце Котески. Барав на Гугл нема никакви податоци за таков, го прашав и Четџпт кој е тој ми даде резултат дека е улица во Прилеп и дека нема таков човек. И сега живо ме интересира кој е тој Леце Котески кој си добил улица. Партизан, писател, измислител на ширденот? Ајде прилепчани покажете се.

@vouager посебно ти како в.д. Марјан Ристески на форумов ако не знаеш да ми одговориш на ова комотно да се отпишеш од прилепчанец.
Исцртувам мапи со години и да, немам налетано на инфо кој е тој Леце Котески. Но имам налетано на две улици во Прилеп наречени по Димо Димоски. Претпоставувам дека се различни личности. Едната е позната како "Димо Димоски", другата како "Димо Нареднико(т)".
99% ulicata e smeneta vo krusevski-pat ....
toa tie od pruga izlez kon kojnari/krusevo sto odi ulica/patot ...
Улицата не е сменета. Алтернативно име е "Крушевски Пат/Крушевско Џаде". Инаку во минатото ако гледаш гаранции од Микрон, стои како крушевско џаде :D
Рандом BUMP на темава :)

Пиво фест _____________ (ваше мислење за годинава)
Не ме израдува :)
 
Во Прилеп има улица што се вика Леце Котески. Барав на Гугл нема никакви податоци за таков, го прашав и Четџпт кој е тој ми даде резултат дека е улица во Прилеп и дека нема таков човек. И сега живо ме интересира кој е тој Леце Котески кој си добил улица. Партизан, писател, измислител на ширденот? Ајде прилепчани покажете се.

@vouager посебно ти како в.д. Марјан Ристески на форумов ако не знаеш да ми одговориш на ова комотно да се отпишеш од прилепчанец.
Screenshot 2025-07-20 at 01-23-20 lece koteski prilep - Google Suche.png

Последно уредено:
Леце е најверојатно Александар Котески, партизан уште од почетокот на ослободителната борба, исто како Димо Димоски и Димо Нареднико.
 
Има логика Александар - Алексо на галено Леце!
 
Но имам налетано на две улици во Прилеп наречени по Димо Димоски. Претпоставувам дека се различни личности. Едната е позната како "Димо Димоски", другата како "Димо Нареднико(т)".
Димо Димоски и Димо Наредникот е една иста личност.

1000017074.jpg

Леце е најверојатно Александар Котески, партизан уште од почетокот на ослободителната борба, исто како Димо Димоски и Димо Нареднико.
Не знам некој Александар да го викаат Леце во Прилеп, барем јас немам сретнато.
Димо Димоски и Димо Наредникот е една иста личност.
Не може да е иста личност. Нема логика еден човек да има две улици. Тоа само во Скопје го има. Има улица Александар Македонски и булевар (Едвард Кардељ) и улица Никола Карев и булевар (Југославија). Ама тоа можеби на ниво на град Скопје и на општините така е одредено.
 
Не знам некој Александар да го викаат Леце во Прилеп, барем јас немам сретнато.

Јас знам дури еден. :D
Е сега чоеко е со мариовско потекло, па можеби таму така ги викаат. :)
Ако знај некој повеќе за ова нека пиши, баш ме заинтересира. @fennel
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048

Поголеми се шансите за Цане да го викаат отколку Леце :D Ама има поврзаност :D

btw некој да не знае нешто за овие личности кои носат улици во Прилеп, кој биле, што биле, прекари, презимиња...
  • Борка Лопач
  • Борка Медарот
  • Ило Полутешка
  • Кирило Иван Петровиќ
  • Круме Беќар
  • Ладо Лапецот
Сакам да ги обележам сите улици во Прилеп, но правилно, со звање Народен Херој пример, доктор, Бранител.

За овие не можам да најдам никакво инфо :D
 
Иако сум бивал по Мариово, не сум од тој крај.
Прекарите и демунитивите од имињата не секогаш следат одредена формула. Еве во нашето село имаше тројца Александровци за мое време. Најстариот го викаа Цане, малку помалиот Санде, а само најмалиот беше познат како Александар, иако и тој имаше демунитивно име слично на Леце.
Е сега и вториот би бил Цане, ама бидејќи таа форма била веќе зафатена се решиле за Санде! Така мислам и во овој случај, некој веќе бил Цане или Цандо, па ај Леце.
 
Според ова на википедија кое не мора да биди точно но исто така овој текст е и на Прилеп Стари Фотографи низ текстот едниот е Димо Димоски - наредникот (најверотно имал служено воска и се разбирал околу оружје бидеќи низ текстот има дека им држел краток курс за употреба на истото) а другиот е Димо Димоски - екија (што би требало да е нешто како шивач, тишлер, кројач... поврзано со работа со платно/текстил)
 
Последно уредено:
Поголеми се шансите за Цане да го викаат отколку Леце :D Ама има поврзаност :D

btw некој да не знае нешто за овие личности кои носат улици во Прилеп, кој биле, што биле, прекари, презимиња...
  • Борка Лопач
  • Борка Медарот
  • Ило Полутешка
  • Кирило Иван Петровиќ
  • Круме Беќар
  • Ладо Лапецот
Сакам да ги обележам сите улици во Прилеп, но правилно, со звање Народен Херој пример, доктор, Бранител.

За овие не можам да најдам никакво инфо :D

Има и улица Бидимаж, ама за таа најдов колку-толку инфо зошто е така. Во Штип има улица Кајгана, а во Скопје Пајак. Тие ми се за сега најинтересните вака по име. Исто и улица Струшки Ќепенци во Струга.
 
554c62093d

Дел од Селечка Планина над Плетвар се вика така. Го има на картава како Бадимаш/ж, Бидимаш/ж, Будимаш/ж. Мислам и дека нешто партизанско се има случено таму...

Кајгана е село во Славонија, Хрватска. Во Штип има многу улици кои носат имиња на населени места во Славонија/ХР. Пробивање на Сремски Фронт. Најверојатно некоја бригада формирана во штипско има учествувано во борбите, и можеби го има ослободено тоа населено место - Кајгана.
Улицата Пајак во Скопје ти е посветена на Пајак Планина во Егејска Македонија.
А ќепенци се ќепенци :)
 
Не знаев за Пајак дека е од планината Пајак, а концидентно често одам во село Крива или по грчки Грива каде познавам и дел од мештаните, посебно газда Пенко од селската кафана. Секоја година имаат костенијада, најубавите костени растат кај нив. Само старци е и сите збрат јужен македонски по малку мешан со грчки. Во кафаната секогаш има македонски вина.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom