Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Добро е се наога нешто ефтино.

Торони за 2 воз 2 деца до 10 год 100 еур од вечер во јуни на полупансион.

Врасна исто само со појадок јуни 85 еур од вечер со појадок.

Па ќе избереме нешто. Фала богу
 
Торони брат ми лани беа, задоволни беа од сместувањето, освен шо ги пукнаа секој ден скоро исто јадење, хотелот беше со базен, во глобала стар хотел ама океј било. Ама Торони рече дека жива душа немало, тие на плажи одеа наоколу, Каламици и таму шо ти јас знам :)
 
Toroni blue sea со две крила од кои едното е доста старо а се нуди малтене по иста цена
 
Торони брат ми лани беа, задоволни беа од сместувањето, освен шо ги пукнаа секој ден скоро исто јадење, хотелот беше со базен, во глобала стар хотел ама океј било. Ама Торони рече дека жива душа немало, тие на плажи одеа наоколу, Каламици и таму шо ти јас знам :)
Ako , убаво е таму има ресорти и каде да се шета.
Лепота е вториот крак.
Па каков Торони , нормално нема ривиера на грчките крајбрежја.
 
Што е забрането за време на тивките часови?
За време на овој период, строго се забранети:

  • Бучни активности и задачи (освен во итни случаи со посебна дозвола од полиција)
  • Гласна музика, телевизори, викање, пеење и танцување во станови и на приватни места
  • Улични настапи и музика на јавни места (улици, плоштади, превоз)
  • Бучни игри и гласни расправии во јавни простори, кафулиња, клубови
  • Гласни разговори и активности на автобуските постојки или кај паркирани возила
  • Употреба на сирени и аларми без реална потреба
Туристите посебно треба да внимаваат – ако некој ги пријави за нарушување на јавниот ред, може да добијат казна дури и за бучно однесување во својот апартман или соба.,"
:bravobe:
 
Годинава, септември, со женска ми планираме за прв пат да идеме на околу седум дена до Грција. Најверојатно со кола на околу 5-6 часа пат. Бараме помирно место, со убави плажи и чиста вода. Не знам дали е изводливо, пошто прв пат одиме во Грција, да најдеме хотел со собствена плажа или барем да не преплаќаме лежалки. Ноќен живот не бараме, освен некоја прошетка.
 
Scotina.....изобилува со шума од јавори/чинари, мирно место, далеку од бучава. Во тоа и соседното Пантелејмонас од грците најмногу одат -доктори, професори...т.е. луѓе кои сакаат мир, а сепак квалитетно да поминат.

Ова лично ми го има објаснувано еден од најголемните грчки бизнисмени во Македонија
 
Годинава, септември, со женска ми планираме за прв пат да идеме на околу седум дена до Грција. Најверојатно со кола на околу 5-6 часа пат. Бараме помирно место, со убави плажи и чиста вода. Не знам дали е изводливо, пошто прв пат одиме во Грција, да најдеме хотел со собствена плажа или барем да не преплаќаме лежалки. Ноќен живот не бараме, освен некоја прошетка.
Торони.
 
Вурвуру.
 
Ierissos (иерисос) мало убаво градче со убава плажа, тиркизно сино море, достапен лидл и огромен масутис маркет еден до друг, евтини ресторани и кафичи. Во околина ти е света гора и амуљани (една од најдобрите плажи), ставрос ти е пред, неа рода после тоа. Преубаво место :), нема гужва, баш онака за пензионерски одмор.
 
Годинава, септември, со женска ми планираме за прв пат да идеме на околу седум дена до Грција. Најверојатно со кола на околу 5-6 часа пат. Бараме помирно место, со убави плажи и чиста вода. Не знам дали е изводливо, пошто прв пат одиме во Грција, да најдеме хотел со собствена плажа или барем да не преплаќаме лежалки. Ноќен живот не бараме, освен некоја прошетка.

Знам дека пиша септември ама ќе пишам една поопшта рецензија и за други заинтересирани.

Краците и Олимписката Ривиера односно тие 5-6 саата пат во Грција ми се релативно детално познати. Генерално и општо земено плажите им се песочни, во главно чисти, ама се на се тоа е тоа, а една си видел а сите, исто му доаѓа тоа се тие типичните грчки плажи со врзани очи да се стават на било која од нив без никакви пишани знаци или луѓе да зборат во позадина пак ќе знаеш дека си во Грција. Со два исклучока ќе ги спомнам после.

Прв крак е преизвикан и може да им се допаѓа само на животни од родот Homo Balkanikus, нашине, србенди, бугараши и слично. Гужва, сељачишта, сите набутани на мал простор, навечер да има народ како на Бит Пазар односно се што Homo Balkanikusot сака. Прв крак го избегавам, вториот крак за првиот е Хаваи. Со еден мал искучок Афитос. Гратчето и по архитектура и по плажа е многу поразличен од се друго на првиот крак. Како да не се наоѓаш на Касандра. Има преубава глетка и пејсаж од високо и е баш живописен, ама има и тешки маани, улиците му се тесни, плажите иако преубави се со помал капацитет и за да стигнеш со нив треба да одиш по уздолница, а кога ќе се враќаш по угорница. Ако одиш во шпиц сезона се ова ќе ти го еве целиот впечаток што Афитос може да го нуди. Така што Афитос строго вон шпиц сезона. Тоа е што се тиче прв крак.

Втор крак изобилува со преубави плажи, голем дел и затскриени и диви посебно делот кога преоѓаш од прв во втор крак, и од втор во трет. Во главно тука кај и да одиш нема да згрешиш со исклучок на Неос Мармарас и Порто Карас кои се преценети и со премногу гужва. Марамарас ти е угорници-уздолници две коли не можат да се разминат ќе ти одмили и одмор и се. Во шпицот исто за избегнување се и Никити и Сарти, нема паркинг, редици за гиро и пица навечер, нема игла кај да падне, ебење лезет скроз. На втор крак има две плажи што отскокнуваат од оној типичниот изглед на грчка плажа и имаш чувство како да си во друга земја. Првата и воедно и мојата најомилена неостровска грчка плажа е Портокали или Оранџ. За мене лично тоа е храна за сите сетила, од поглед, до чистина на вода, до природна естетика, до боровата шумичка што се протега скоро до пажата, до карпите, до песокот. Единствена маана е што во шпиц сезона сите се накрцани таму, а плажата има мал капацитет за луѓе. Филмска е ептен, или барем мене ми е.

Втората, која е многу слична на Портокали е Кариди на крајот од местото Вурвуру. Попространа е од Портокали, што значи дека имаш помалку шанси да заглавиш со гужва. Негативната страна на Вурвуру е што местото е буквално само апартмани и хотели, нема ни маркет ни ресторан за навечер и е мртва тишина, ама ако премиум плажа ти е најпрвиот приоритет, ова е местото што сакаш да го одбереш.

На 10 километри погоре ти е Трани Амуда, една долга и пространа плажа каде што место секогаш ќе најдеш дури и кога е најшпиц, едноставно плажата не може да се преполни. Тука има и 3-4 хотели со т.н. сопствена плажа каде што во цената ти влегуваат и лежалките. Ама и во ова место нема маркет. Тука предноста ти е што можеш да правиш плажа hoping, затоа што имаш неколку добри плажи на 15-20 минути возење, еден ден да си на Трани, друг ден на Кариди, трет ден на Калогриа, четврт на Лагомандра, плажата што од сесрце ја обожавам и ми е слаба точка не ти треба чадор, боровата шумичка ти е чадорот само ти треба нешто да постелиш. Плажата е поделена на 2 дела оној покомерцијалниот дел каде има лежалки за изнајмување и оној поомилениот мој некомерцијален каде цела плажа е само твоја и нема кафич и лежалка на изнајмување.

А ако ти се ловат песочни диви плажи со многу малце или ич луѓе каде што сакаш да чкртнеш нешто од твојата сексуална бакет листа, тогаш изборот е Сикија, не самото селце туку долу кај главната плажа ама патот со удолници и узгорници што оди покрај самата плажа те носи во изобилство од некои си 10тина плус мини плажички и буквално секој ден може да си на различна плажа на само 2-3 километра од самата Сикија. Каламици ти е тука во близина, ама и се во околина е супер. Ако те влеќат вакви истражувачки моменти на скриени богатства од плажи.
Ако пак сакаш кампинг или бунгалови, Арменистис ти е полн погодок. Плажата вреди да се посети и да не си сместен таму.

За краците е од прилика тоа друг пат ќе пишам за Олимписка ривиера.
 
Е баш ти фала, ќе го користам ова како нарачник при изборот. Некое хотелче нешто сместување да препорачаш, имаш?
 
И јас вториот крак го поштувам многу повеќе од првиот, и горе долу целосно се сложувам со рецензијата, само би додал уште една плажа, која според мене вреди да се посети, а тоа е Paradise Kavourotrypes. Водата е фантастична и има преубав поглед од горе, само што е премала и пренатрупана со лежалки, па исклучиво за посета вон сезона и да не е за викенд.

Плажата на Арменистис од друга страна ми е омилен за посета, бидејќи освен што е феноменална водата и е просторна, има и ресторан со готвена храна (па немора да јадеш клуб сендвич или фаст фуд како на некоја од другите плажи), а исто така има и маркет, кафичи и убави сенки во камп населбата, па можеш и да се скриеш некаде за време на најтоплиот период од денот. Е сега се плаќа влез, ама вреди дефинитивно.
 
Една пофалба и од мене за Афитос, поготово со партнер/ка ако одиш топ е местото, романтичен вајб дава местото, посебно на зајдисонце да си седниш на вечера кај тие таверните горе над плажа, преубава глетка и амбиент.
За со деца плажите се по удолници и малце е комплицирано.

Сум била неколку пати, најдобро поминавме кога бевме сместени во едно хотелче Стратос се викаше, пречисто, топ соби, со базенче со сите нишани беше хотелчето, и многу богат доручек имаше.
 
Јас планирам за Скијатос две недели од сега. Некои препораки и искуства кој има нека сподели. Гледав неколку видеа за Скијатос и ми изгледа како топ дестинација со две три добри плажи и редовен превоз. Кој знае повеќе би сакал да сподели свое искуство за да се подготвам психички што да очекувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom