Пожари низ Македонија – случајност или намерно подметнување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато

Мицко вика дека ова било координирана акција палењево и дека има уапсени околу тоа.
 
Од која странска држава ср овие малолетници фатени со бензин?
Подмладокот на српските тајни служби?
 
Samo mir da ima i sozivot
 
Attachments

  • abe-sakale-samo-kampche-da-si-napravat-i-da-si-napravat-v0-biv3gbpbk1cf1.webp
    abe-sakale-samo-kampche-da-si-napravat-i-da-si-napravat-v0-biv3gbpbk1cf1.webp
    87,3 KB · Прегледи: 33
Обично после пожар на шума се знае кој продава дрва, и обично после никнуваат сончеви централи тука.
 
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода. Во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.

Исто така, вчера околу 10:50 часот во отпад за хаварисани возила и старо железо во Визбегово кој се наоѓа помеѓу хотелски објект и објект на правно лице од страна на две лица извршено е кривичино дело – „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ врз двајца медиумски работници од национална медиумска куќа, при што едно од лицата извршило и нарушување на ЈРМ и „непочитување наредба на овластено службено лице или државен орган“, за што истите се лишени од слобода и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје се задржани за понатамошна постапка. Воедно, во близина на Раштански пат, поточно на стариот пат кон езерото Смилковци, вчера околу 22:00 часот по настанатиот пожар и по преземени мерки и дејствија на опожарениот дел пронајдени се жици од запалена гума, една ракавица и дел од ракавица, по што од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се подигнати за вештачење.
Она што, исто така, е битно да се нагласи е дека вчера со директно вклучени над 170 полициски службеници од неколку полициски станици од општа надлежност, како и над 80 полициски службеници од крим полицијата, СВР СКопје преку координација на Посебен оперативен штаб формиран за таа цел, учествуваше во гаснењето и локализирањето на 28 пожари пријавени на подрачјето на главниот град. Всушност, освен на подрачјето на надлежност на ПСОН Центар и ПО Арачиново, вчера сите други подрачја на останатите организациони единици при СВР Скопје беа зафатени со пожари.

Најмногу регистрирани пожари имаше на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров - седум, каде што се опожарени сува трева, жито, три куќи и 2 помошни простории, потоа на подрачјето на ПСОН Гази Баба четири регистрирани пожари, на подрачјето на ПО Мирковци, ПО Петровец и ПО Шуто Оризари по три пожари, на подрачјето на ПО Шуто Оризари е изгорен еден простор со отпад во целост, а на останатите подрачја е изгорена сува трева. На подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Чаир регистрирани се по два пожари каде што е изгорена сува трева, а на подрачјата на ПСОН Аеродром, ПСОН Драчево, ПСОН Карпош и ПО Сарај регистрирани се по еден пожар каде што е изгорено сува трева и нискостеблеста шума.
Практично, вчера Секторот за внатрешни работи Скопје (вклучувајќи ги и Единицата за Интервенции и команда при СВР Скопје и Сектор за известување и координација на состојби при БЈБ) во содејство со Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Бригада за противпожарна заштита, Итна медицинска помош, ЈП Водовод и Канализација, ЈП Улици и патишта, постапувајќи во рамките на своите надлежности превзеде низа мерки и активности а учествуваше и во активности за евакуација на жителите кои живеат во близина на опожарените предели, давање помош на БППЗ и на жителите на опожарените предели за локализирање на пожарите во целост. Така во селото Орман и во Шуто Оризари направена е евакуација на население на потесен периметар од пожарот.
Од страна на СВР Скопје сеуште се преземаат мерки и активности со цел за расчистување на причините на настанување на пожарите. За пожарот на подрачјето на ПСОН Аеродром утврдено е дека истиот настанал поради спој на електрични кабли предизвикан од силен ветер.

Министерството за внатрешни работи покрај конкретните секојдневни активности во гаснење на пожарите и континуираното превентивно присуство на терен, ќе продолжи со интензивни оперативни активности на расчистување на причините за избувнување на пожарите крајно одговорно и ригорозно со цел правно санкционирање на сите евентуални сторители на ваквиот вид кривични дела.
 
Шо напраија.. цела држава еј
 
Се молат Ромите да не прават Цигански работи.

... при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода ...
Кладам се:
  • 50% - албанци/косовари
  • 30% - б'лгари
  • 10% - грци
  • 5% - албанец/косовар + б'лгарин + грк
  • 5% - марсовци
 
Од која странска држава ср овие малолетници фатени со бензин?
Подмладокот на српските тајни служби?

Косовари потплатени од ДУИнг бизнис
 
Кладам се:
  • 50% - албанци/косовари
  • 30% - б'лгари
  • 10% - грци
  • 5% - албанец/косовар + б'лгарин + грк
  • 5% - марсовци
Отпиши ги блгарите...Нив не ги бива ни оган да запалат..
 
За едно сум сигурна, дека не сите пожари се случајни! Некогаш можеби е невнимание на поединци во прашање, или едноставно несреќна околност, но сигурна сум дека постојат и такви луѓе кои сакаат да профитираат од оваа ситуација.

Противпожарните служби во државава работат во услови кои се субстандардни за работа, така што не можам, ниту пак сакам да ги потценам трудот и храброста на пожарникарите кои пожртвувано си ја работат својата работа.

Дали има доволно превентивни мерки, хмм не знам…мислам дека не. Кај нас обично за превенција се збори откако ќе избувне пожарот, и тогаш тоа не е превенција, туку е само очајна реакција да се направи нешто. А се чини дека ние навикнавме очајно да реагираме, наместо да превенираме. :unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom