Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 277 40,3%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,4%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,8%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,8%

  • Вкупно гласачи
    687
Јагодинско отсекогаш било Ок мајсторско пиво. Значи пиво што врши работа, со среден квалитет. Е сега може и му го поткренале квалитетот, не е за чудење. Треба да се види кој голем играч го има купено.
 
Ова го начекав на попуст пред некое време во Веро, но не ми остави некој посебен впечаток:

20250520_124340.jpg
 
Едно од првите пива што ги ставив во wishlist и таму стоеше со години, конечно на маса.
Добра боја, добра пена, горк вкус и слабо газирано.
Ќеифот повеќе произлегува од брендот тука :)

Screenshot_20250708_210346_Gallery.jpg
 
Јако на прв вкус, потоа некако... што знам, не ме одушеви. Го има во Топ Дринкс, 35 ден. од лименка.

20250708_184453.jpg
 
Топ дринкс! Откако ги открив, редовно си пијам пиво со поминат рок
Едвај го завршив Францисканерот сега уште Асахито остана
 
Топ дринкс! Откако ги открив, редовно си пијам пиво со поминат рок
Едвај го завршив Францисканерот сега уште Асахито остана
Каде е тоа? Има багателни цени на пива со краток рок?
 
Топ дринкс! Откако ги открив, редовно си пијам пиво со поминат рок
Едвај го завршив Францисканерот сега уште Асахито остана
Да, во суштина често добиваат пратки на кои рокот им е недела-две пред истек, но конкретно пивото погоре што го објавив има рок на траење до ноември 2025. Кога бев таму пред некој ден имаа добиено доста нови пратки, цели пакети им беа наредени пред и во продавницата. Не ги бранам, но мора да се каже што е како е.
 
Каде е тоа? Има багателни цени на пива со краток рок?
Јас кај Чешма купувам, ама мислам имаат и на други локации во Скопјево! Краток, поминат рок, не е страшно. Нечини година-две да отишло, а недела-две супер си е, само посозреано :D Цени на 50% отприлика!
Автоматски споено мислење:

Да, во суштина често добиваат пратки на кои рокот им е недела-две пред истек, но конкретно пивото погоре што го објавив има рок на траење до ноември 2025. Кога бев таму пред некој ден имаа добиено доста нови пратки, цели пакети им беа наредени пред и во продавницата. Не ги бранам, но мора да се каже што е како е.
Супер се, си правиме шали на тој рачун, викаат ние стално сме така, со години, па живи сме!
 
Изненадувачки вкусно. Е, на ова пиво (купено во Топ Дринкс) рокот му истекува за пет дена :)

20250710_162000.jpg
 
Мислам дека никогаш не продале со поминат рок, да при крај на истек на рокот али не и со поминат, барем јас никогаш не сум купил.
Фората е што во некои земји на запад поскапо е да уништиш храна или пијалок отколку да ја продадеш испод цена, овие имаат некоја шема и набавуваат такви пива, главно мислам од франција белгија холандија.
И овие пива со месец дена пред истек на рок пак се подобри отколку скопско или некое слично наше пиво.
 
Па не реков дека ми продале со поминат рок, него јас стрвен газ, ќе земам пакет и полата ќе го пијам со изминат рок.
Искрено Францисканерот беше топ!
 
Па не реков дека ми продале со поминат рок, него јас стрвен газ, ќе земам пакет и полата ќе го пијам со изминат рок.
Искрено Францисканерот беше топ!
Генерално малку претеруваат со носење пшенични/вејсови, не дека се жалам ама.... :)

Имаа и ок лагери периодов. Асахито ми е ок, „суво“ ама некако и без многу карактер, онака ванила лагер. Перонито Ностро Азура убаво а Капри стилот е баш освежително ама повеќе е како за прво и едно пиво, можеби две не за повеќе. Потоа некако заморно станува со тоа зачините, иако лимунот е само суптилно присутен. Каприто со амбалажата во стил на Корона јасно покажуваат каде се стремат, и по мене подоста подобро пиво е Капри. Јас и не сакам баш таков стил на пива ама ова ми легнува. Понатаму Туборгот (Грон)спомнат погоре исто е прилично добар стрејт лагер, многу освежителен и лесен за пиење. Небо и земја разлика од овдешната мочка која ја пакуваат во Туборг амбалажа од 0.75 л. Од поозбилни лагери, Пауланер Октоберфест. Убав јак лагер ама машко пиво какви лагерите често не се.

Имаат таму во крајниот фрижидерот солиден избор од добри пива (што не се на акција). Скроз не ми текнува името на тоа данкелот што го пиев пред некоја недела, ама ептен добар беше... А да, Brauhaus Riegelle Aechtes Dunkel. Добар, ма одличен данкел со многу богат мрсно јак вкус. Јeбeно добро пиво, ваљда ќе начекам уште кога ќе се наканам да им поминам следен пат.

Многу потценета продавница... Само не ја фалете толку, ќе ни го испокупуваат пивото нубовиве. :D
 
Да да фокусот остана на пивата што се на акција а покрај тоа имаат доста голем избор на пива кои не се наоѓаат по други маркети, топ си работат можда дури треба уште некој маркет да отворат карпош центар
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom