Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ѓокереш сака да игра во ЛШ. Ние технички се уште не сме во ЛШ. Плус гледано, има далеку подобро средени екипи кои веднаш ке му овозможат да се натпреварува за најголемите трофеи, на пример Арсенал. Плус Лондон и Манчестер не се споредуваат како места за живеење.

Од друга страна, голгетери што бушат во Португалија ги снемува кога ке потпишат за голем клуб. Дарвин Њуњез ке го продаваат летово, иако истоварија 100 милиони за истиот, Тареми во Интер не постои иако бушеше во Португалија. Генерално, може да е мачка во вреќа трансфер.
А Делап не е мачка во вреќа? Другото држи вода, ама се надевам ќе успееме.
 
Де Лихт и Амад назад во тимот. Веројатно Амад утре би ги играл последните 10-15 минути, а наредната дома да е стартер.

Романо кажа пред малку од следна недела ќе почне ме мрзи да нурам. :D
 
Во кратки црти сезоната заврши катастрофално. Изгубивме финале кое требаше да го добиеме, а дел од вината тука ја сноси и менаџерот. На излезна врата (фала богу) се Рашфорд, Граначо, Антони, Санчо и Маласија. Се донесе Куња кој е дефинитивно добар додаток на тимот, се натегаме за Мбуемо, но незнам што ќе се прави со Онана на голот и Хојлунд во нападот.
Ако не се промени нешто драстично во преодниов рок со нови фудбалери, наредна сезона секако испаѓаме од премиер лига.
 
Таман го потпишаа Куња со време, набрзо после тоа се појави информацијата за Мбеумо, реков ајде се двиќат работите во добра насока и набрзо повторно враќање на старо, еве месец дена се тегнат со Брентфорд, сега ќе биди, утре, следна недела, од понеделник... :X3:
 
Како сте дечки? Живи здрави? Штета што го немаше форумов толку долго време. Но, барем се оладивме малку од катастрофалната сезона. Сега добро е што се одлучи кој лета сигурно, се кој од кој штеточина. И да се пазари Мбеумо, Ѓокереш или Ваткинс и можда уште еден-двајца. Штета што ќе мора да го трпиме Онана и следна сезона. Али ако му се донесе некаква каква таква конкуренција, можда полека полека ќе дреме се почесто на клупа па ќе му текне да фаќа патот Сауди.
 
Конечно бидна и форумот. Збор, два и три за нашите Јунајтед, имаше дечки тука што во Аморим гледаа како на прајм Гвардиола ( иако сеуште дава знаци на живот ) или прајм Мурињо, ДелБоске итн. Не го фалам Тен Хаг ( сега ќе има можеби некој кој ке прави математика ) но со неговите бодови опстанок обезбедивме. Финалето со Тотенхем една умрен тим да неможеш да победиш па оди е и се.

Имаме играчи што итно треба да се оттарасиме абер немаме. Куња добар, солиден играч , Мбуемо добар и на крило и на шпиц, но додека го земеме ќе помине и зимскиот преоден рок. Но без класичен шпиц и тоа класа неправиме ништо, или Осимен или Ѓокереш, нека се самораспуштат ако тоа не се доведе. Плус Онана за во ѓубре и он е за замена , ни треба некој добар техничар и атлета за во средниот ред.

Многу треба , ако не се земи тоа што му фали на Аморим ќе чекаме нов тренер веќе октомври.. поздрав.
 
Од Аморим сум единствено задоволен што одма пресече со "зведите", им даде до знаење дека нема да им ги трпа глупостите на Рашфорд, Гарначо и компанија. Имаше по некој добар натпревар како против Ливерпул и Арсенал во купот, другото мизерија.

Трансфер рокот за сега е очаен. Куња е одлично засилување, исто би бил и Мбуемо но каснат еден добар месец. Можеби ресурсите за трошење се ограничени, најверојатно затоа се тегнат но до сега требаше повеќе да се сработи. Ме радува тоа што одат по ПЛ докажани играчи, за разлика од досегашната политика.

Продажбите одат очајно, очекувано, кога сме продале играч со висока плата па и за добра цена?


За финалето конкретно сметам дека оди на душа на Аморим. Го стави Маунт место Угарте и со тоа изгубивме не еден туку 3 играчи: -Угарте кој одлично ќе дојдеше да се р'ва против копачката средина на Спарс;
-Касемиро кој со Угарте имаше слобода да игра понапред и постигна неколку голови и асистенции на патот до финалето, го ограничи на ДМ;
-Бруно кој таман флезе во форма на 10ка го повлече да игра во двојката со Касемиро.
Со овој потег ја изгубивме цела креативност во нападот.

За Бруно лично сметам дека требаше да си оди и тие 100 милиони да се инвестират во 2 помлади играчи од средина. 31 година е и од овде може само надолу да оди, башка што за оваа формација не е ниту за 8ца ниту за 10ка.
 
Последно уредено:
Нема место за задоволство!
Ќе го јадеме стапот нареднава сезона!
Не гледам што може да измисли дечково со една апсолвирана формација!
Може нема да испаднеме, ама и не сме далеку!
 

На крајот со некој ваков ќе завршиме.
Нормално , секогаш го избираме најлошото баш таму кади ни е потребно најдоброто, ок Ѓокереш го избра Арсенал, но што чекаме со Осимен , зошто толку се чека и натегаме за два три милиони за Мбуемо ? Што се чека со продажбата на Раши , Санчо, Гарначо, Антони ? До сега барем двајца требаше да бидат продадени. Пре глуп излезе Аморим што дојде кај нас .. пре лошо менаџираме со купување/ продавање.

Ливерпул си ја заврши работата , Арсенал исто така , Сити уште од зимата купува надоградува ние како успорена снимка абер немаме за ништо. Многу лошо ни се пишува како клуб .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom