Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Реално, одбраната на Палчо се сведува на следното: јас не сум виновен, другите се убијци (Боре, Вељо и Кешишев) ама јас немам врска со тоа и не знам зошто го направиле ова.

Е сега, единствено нешто што ги поврзува овие тројцата пајташи е Љупчо Палевски и неговата (или нивната) т.н. политичка партија.
  • Сите тројца биле во седиштето на партијата во Скопје тој ден кога е убиена Вања.
  • Истата група ја има на милион други места заедно, од протести против ковид мерки, преку блокади на автопат, до заедно снимени на снимки кај Велибор Манев како испробуваат мотороли.
  • Истата група неколку месеци пред овие убиства е фатена во 3 после полноќ како наводно бараат злато во некои пештери кај Демир Капија. Палчо со него носел и пиштол во тој момент.
  • Партиското возило заедно со цитроенот на Панче ги има на камера како одат на местото на убиството во Бразда (селото од каде што е Палевски), каде што е и запален цитроенот.
  • ДНК на Боре има на лентата залепена на устата на Вања.
  • Значи по логиката на Палчо, овие двајца од Велес и еден од Штип, откако го убиле Панче од Велес, дошле во Скопје со неговото возило, отишле во партијата, седеле со него (Палчо) во штабот цело време и после тоа со цитроенот на два пати (првиот пат неуспешно во петокот) се шетале низ Скопје и вториот пат успешно киднапирале девојче од зграда во Дебар Маало (која зграда пак случајно ја има градено фирмата на Палчо) и ја убиле и закопале во селото од кај што потекнува таканаречениот цар Палчо.
  • А он за целото тоа нема поим што овие прават(кои патем ни до ВЦ не смееле да идат без негова дозвола), он за тоа време ја шетал кучката Хера (бидејќи во тој момент Кешишев бил зафатен со чување стража на убијците и немало кој да му го шета кучето на царот) и плаќал сметки за струја во банка.
  • И само неколку дена после тоа он фаќа џаде во странство, на терапија за кичмата (Баба Зумбула стил) и попатно му кажува на возачот (кој му е и адвокат во тој момент) дека последните неколку дена забележал дека низ Скопје го следи некое велешко возило.

Од друга страна, имаме признание во суд на двајца од ајдамаците, кои прецизно и во детали раскажуваат како ги копале дупките и како ги убиле жртвите, притоа посочувајќи го Палевски како организатор и егзекутор.
 
@vidooq Помислив и јас на OJ Simpson во некој дел од судењето. На страна конкретни детали, како на пример дека на OJ му помогна конкретната политичка ситуација во моментот (случајот со Родни Кинг непосредно пред ОЈ и немирите што следеа), такви вадења со приказни поминуваат во големи држави во кои не се знае секој со секого и во кои луѓето не се до толку поврзани и потресени од еден единствен настан, убиства се случуваат секој ден итн.

Ние сме мала држава, ги знаеме што ајвани се, секој од нас лесно може да ја замисли рутата на движење од Велес до местата на киднапирање и убиства, да изгради мапа на случувањата и тајмлајн, полесно од што тоа би го направил рандом поротник во САД за кој секогаш ќе го мачат работи како reasonable doubt.

Кај нас е доволно тоа што групата е таа што е, ги има четворица во двете партиски возила, прават состаноци сите четворица ден пред убиствата, киднапирањето е извршено во зграда која главниот осомничен добро ја познава и убиството е извршено во реон кој добро го познава, за разлика од останатите тројца кои не се од Скопје.

Нема никаков reasonable doubt овде, ќе го јадат сите максимално, без разлика на тоа што обвинителството промаши се, од мотивот до таткото, направија попара од случајот, но тоа нема да им помогне на шупците да се спасат.

И тоа што викаат дека ако го ослободат таткото ќе им паднел мотивот, и тоа е небитно, едноставно направија голема глупост со човекот и ќе го пуштат, тоа што имаат погрешен мотив и што само палчо го знае мотивот технички е важно но во пракса нема да значи ништо, убијците се тие.
 
Јас стварно неможам да разберам кој к*р фактор го фаворизирате Палчо како некоја изворедна супер битна личност во државата..
Па он да имал досега да понуди било што, макар и потенцијална закана за политичката елита досега тоа ќе го активираше миљон пати и ќе се напунеше пари,а не да позајмува од пријатели.
Глуп народ, уште поглупи теории на заговор.
Сите шо го поддржуваат треба МВР да ги викне на превоспитување. Не се безбедни за околината таквите. На ФБ ја кај можам тагнувам МВР, ама овде?
Какви пациенти еј. Забораваат дека почина девојче! Нема бранење нема оправдување! Точка. Шо сака нека е причината, рака на дете НЕ КРЕВАШ. Двете да му се исушат абе леб да не може во уста да си стаи, да му се тресат од остеопороза шо и да беше тоа. Ќе се силиш на дете. Нека го стаат со другите малце бе. Никој не е будала да го утепа. Ќе го лежи ко за човек, ама затоа сеекој ден, секој ден ќе му биде пекол. И така и треба. Ти ќе се силиш на дете? Бам по глава, после по нешо друго и секој ден потсетник дека има и посилни.
 
Мислам дека многу побитно е што ќе се направи со таткото т.е како тој ќе биде пресуден.

Со оглед на тоа се што знаеме до сега - човеков со починато/убиено дете лежи во притвор без никаква причина. За истиот настан.
Не знам кој од нас би го издржал тоа психички, веројатно мотивацијата што го држи му е што има и друга ќерка.
Замисли да нема со кого да збориш, да нема со кого да се исплачеш. Позади решетки си, тотално невин (веројатно).

Филм треба да се снима за неправдава.
Да не зборам што треба глави да летаат што е дојдено до тука.
 
Во домашен притвор е таткото.
 
Во домашен притвор е таткото.

Тоа знам, ама не беше до пред скоро.

Џабе што е сега дома кога во најголемата збрка/жалење го теглеа пред камери, пред истражни судии и во затворски комбиња.

Има посебно место во пеколот за сите во судството.
 
Гледам пишувате дека Палчо ке скапи други пишуваат дека некој го фаворизират Палчо.Луге сите знаеме дека се прави криминал во државава од инспектори па до доктори судии итн.Но во овој случај да сме нормална држава сите што ја воделе истрагата досега ке беа избркани од работа.Не уверуваа дека човеков од велес е убиен за 500 евра.Не уверуваа дека Вања е киднапирана за да се бара откуп и тоа нема никаква смисла.Ако некој сака да бара откуп сигурно нема јама да копа и да ја ликвидира за 15 минути.Ке ја однеле во некој стан куќа викендичка.Толку се неспособни што немаат ниту мотив ниту оружје ниту днк,немаат никаков доказ дека шлупкава Палчо воопшто бил на тоа место.Имаат само двајца соучесници што 5 пати ја сменија верзијата,сигурен сум да побара адвокатот на Палчо нивна психичка процена тие ке испаднат дека се неподобни и за судот како сведоци.
 
@vidooq Помислив и јас на OJ Simpson во некој дел од судењето. На страна конкретни детали, како на пример дека на OJ му помогна конкретната политичка ситуација во моментот (случајот со Родни Кинг непосредно пред ОЈ и немирите што следеа), такви вадења со приказни поминуваат во големи држави во кои не се знае секој со секого и во кои луѓето не се до толку поврзани и потресени од еден единствен настан, убиства се случуваат секој ден итн.

Ние сме мала држава, ги знаеме што ајвани се, секој од нас лесно може да ја замисли рутата на движење од Велес до местата на киднапирање и убиства, да изгради мапа на случувањата и тајмлајн, полесно од што тоа би го направил рандом поротник во САД за кој секогаш ќе го мачат работи како reasonable doubt.

Кај нас е доволно тоа што групата е таа што е, ги има четворица во двете партиски возила, прават состаноци сите четворица ден пред убиствата, киднапирањето е извршено во зграда која главниот осомничен добро ја познава и убиството е извршено во реон кој добро го познава, за разлика од останатите тројца кои не се од Скопје.

Нема никаков reasonable doubt овде, ќе го јадат сите максимално, без разлика на тоа што обвинителството промаши се, од мотивот до таткото, направија попара од случајот, но тоа нема да им помогне на шупците да се спасат.

И тоа што викаат дека ако го ослободат таткото ќе им паднел мотивот, и тоа е небитно, едноставно направија голема глупост со човекот и ќе го пуштат, тоа што имаат погрешен мотив и што само палчо го знае мотивот технички е важно но во пракса нема да значи ништо, убијците се тие.
Проблем е обинителството да се базира на друг мотив, Манев и Кешишев кажуваат дека е за пари морононов не признава и едноставно немаат друго па и да е по нарачка убиството како што делува дека е пак е користољубие
 
Тоа знам, ама не беше до пред скоро.

Џабе што е сега дома кога во најголемата збрка/жалење го теглеа пред камери, пред истражни судии и во затворски комбиња.

Има посебно место во пеколот за сите во судството.

Не е само судството, туку и народов што го прати случајот. Го осудија човекот во првата недела зашто крена раце кога го спроведуваа во судот, го викна некој по име од страна, некој што го познава, и овој крена раце во знак на поздрав. Сите наслови беа, си ја продал керката, монструмот крева палци, иако целосното видео дава друга слика. Се надевам дека идиотиве барем малку се засрамени сега.
 
Кој да се засрамени, мува не ги лази.
Истите тие и за Лидија викаа дека е избегана кај швалерот и се крие, и за ред други работи.

Сите на почеток се сомневавме во таткото затоа што така од МВР и оној слепецот Спасовски беше изјавено, ама со тек на време видовме дека не е така како што претставуваат.
Ама има ликови кои го споделуваа на фб неговото лице, повикуваа на линч, истото беше и за шоферот кој го возеше Палчо, му коментираа на фб на фамилијата, му посакуваа смрт на најблиските.
 
mene nesto ne mi stima, pa i obvinitelstvo,policija, site videle snimkite,
neli kesesev svedocese toj i manev i karatistot bile vo citroenot, cekale eden cas , toj cekal nadvor , otvoril bagaznik, vlegle manev i karatistot (od nego i dna ima na lentata, sigurno bil) i ja grabnale, ja stavile vo bagaznik, i zaedno trgnale
e toj goce vo intervjuto koa kazuvase neli kaza prvo pominalo kanguto , pa druga kola a po nea citroenot, na snimkite od frizerskiot salon . i dvete vozila bile pred zgradata na vanja
spored kesisev palco vozi kanguto, tie trojca se vo citroenot i neli idat kade ja ubija
e sea na ovaa snimka vo citroenot se dvajca..kaj e edniot? nikade nikoj ne spomna deka eden izlegol i vlegol vo renoto
kade e edniot i koj od ovie ? (jas ne mozam da prepoznaam koi se ovi dvajca vo citroenot ) Opera Snapshot_2025-04-29_154154_www.youtube.com.png
 
mene nesto ne mi stima, pa i obvinitelstvo,policija, site videle snimkite,
neli kesesev svedocese toj i manev i karatistot bile vo citroenot, cekale eden cas , toj cekal nadvor , otvoril bagaznik, vlegle manev i karatistot (od nego i dna ima na lentata, sigurno bil) i ja grabnale, ja stavile vo bagaznik, i zaedno trgnale
e toj goce vo intervjuto koa kazuvase neli kaza prvo pominalo kanguto , pa druga kola a po nea citroenot, na snimkite od frizerskiot salon . i dvete vozila bile pred zgradata na vanja
spored kesisev palco vozi kanguto, tie trojca se vo citroenot i neli idat kade ja ubija
e sea na ovaa snimka vo citroenot se dvajca..kaj e edniot? nikade nikoj ne spomna deka eden izlegol i vlegol vo renoto
kade e edniot i koj od ovie ? (jas ne mozam da prepoznaam koi se ovi dvajca vo citroenot ) Прегледај го приврзокот 450041

палевски не го познаваш?
 
da, na sliki sto imam videno od ko se sluci ova, pojma nemav ni deka postoi.. ama kako se snimeni i ne znam koi se ovie dvajca
i eden fali
aj koi se ovie dvajca?

па на кого ти личи од овие осомничениве? Како не ти е јасно не знам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom