Прашањево не може да се одговори „од прва„ па ќе го одговорам во неколку точки, колку е можно пократко:
- Првите луѓе (Адам и Ева) беа створени за вечен живот, како потенцијална можност,
- од нив сторениот грев ја внесе смртта и во Светов и кај живите битија па законот на смртта се‘ уште важи за сите и за се‘ (не е укинат),
- од Адама па до денес, животот од луѓето е во постојано кратење/намалување, па од некои 930г. колку што живеел Адам, денешниот животен век е некои статистички 75г.
Еве, пред некој ден, се потсетивме дека Христос беше убиен, ја победи смртта, воскреса и не‘ повикува на живот вечен во Неговото Царство Небесно.