kajgana1001albums група

Сте размислувале ли, ако го завршите предизвикот, кој албум ќе го предложите како дополнителен за преслушување? Има многу нешта кои ги нема во генераторот, како на пример Muse, Evanescence, Alanis Morisette, Editors, од тие кои од прва ми текнуваат.
Уф, често сум размисувал и уште немам некоја конкретна идеја, но има време да ми текне. Засега се мислам Acabou Chorare на Novos Baianos, бразилци чиј албум го ислушав 50 пати изминатата година, тогаш и го открив. Има неколку бразилски албуми на каталогот но не и овој, што за мене е најзначаен, рамо до рамо со Clube de Esquina (овој албум го има на каталогот и е ремек дело).
Го размислувам и I Love You Honeybear на Father John Misty, нешто од The National (имаат еден албум на каталогот но не најдобриот, бендов ми е ол тајм фејворит), или сепак, можеби сепак, нешто македонско? Иако појма немам кој македонски албум би бил онака светски, можеби нешто од Леб и сол или Мизар.

Големи се шансите додека да предложиме албум, веќе да го има.
Ова е моменталната листа на user submitted albums по рејтинг.

Прегледај го приврзокот 449228

54. Ágætis Byrjun - Sigur Rós (1999)
Магично! Имаше еден коментар под албумот кој парафразирано звучеше:
Првпат олку да се разединиме но мислам дека е до мене проблемот. Го имав и на индивидуалниот проект и сега, му дадов 10 шанси точно (од кои една денес со себап на групниот проект), и не можам да издржам повеќе од втората песна. Ментално се одјавувам и исто како да не слушам ништо, буквално ништо не ми прави музикава. Знам дека е култен албум и Сигур Рос се обожавани од многу музички ентузијасти но едноставно не клика кај мене. 1/5 :(
 
или сепак, можеби сепак, нешто македонско? Иако појма немам кој македонски албум би бил онака светски, можеби нешто од Леб и сол или Мизар.
И мене тоа ми е една од опциите, само јас знам што, и тоа без двоумење - "Before the Rain" на Анастасија, саундтракот за филмот на Манчевски.

му дадов 10 шанси точно (од кои една денес со себап на групниот проект), и не можам да издржам повеќе од втората песна. Ментално се одјавувам и исто како да не слушам ништо, буквално ништо не ми прави музикава.
Баш ми е жал. :( Ама претпоставував дека ќе има тотално спротивни мислења од моето. Post-rock е баш hate it or love it жанр, нема златна средина. Само, не знам дали си пробал со слушалки, со максимум volume? Пробај пушти ја Brennisteinn така. Или друга финта - додека оди музиката, читај англиски превод на текстот на песната - ова не сум пробал, ама велат сосема поинаков бил филингот.
 
И од тука се испооткажаа сите. Од 10+ преслушувања по албум на почетокот:
1745177379336.png

до ова дојдовме:
1745177479443.png

:(
 
1745177919858.png

55. Fisherman's Blues - The Waterboys (1988)
Ми се допадна ова! Интересна комбинација на ирски мелос и рок музика. Слично како The Pogues само што тие беа повеќе кон фолкот, овде се рок звуците во преден план (иако прочитав коментар дека на некој не му се допаднало зашто личело на The Pogues, само заспани). Нека не ве мами тоа што на Spotify дава албум со 22 песни и времетраење од саат и четириесет минути - само првите 13 се од оригиналниот албум. Тоа е веројатно некое реиздание на кое има и диск 2, кој нормално, не го преслушав. @Ska Maniac , не знам дали си запознаен со овој бенд, ама не смееш да го скокнеш, мислам дека 100% ќе ти се допадне.

Измеѓу 3 и 4 од мене. Првата песна, Fisherman's Blues е ѕверска!
 
1745270428552.png

56. Bad - Michael Jackson (1987)
Ова е вториот (воопшто) албум кој го преслушав во предизвиков, во индивидуалниот проект. Тогаш му дадов 5/5 оценка за која цело време се токмам да ја ревидирам во четворка. Но, денес, кога се падна тука, го преслушав уште еднаш, овојпат со слушалки и нема шанси да ја сменам оценката! Една лоша песна нема на албумов. Сите се препрејаки! Од оние кои сите ги знаеме уште од детството, до тие кои се помалку познати. Нов хит ми е Liberian Girl - феноменална песна. За тие кои ги спомнав претходно, уште еднаш:
Bad на Мајкл Џексон и музиката со која пораснав. Јес да албумот е од 1987, кога сум имал само 3 години, но овие песни и видеа се вртеа по ТВ и радио станиците и низ деведесетите. Мајкл го обожавав, иако нешто подоцна, во 1991 со Black or White од албумот Dangerous е најверојатно првата англиска песна која ја обожавав како дете и од која ги имам најраните спомени од детството. Кон крајот на 90-тите почнав и да му ги купувам албумите (на аудио-касети). Тоа е лик кој го одбележа тоа време, затоа невозможно е да не ги знам и Bad, и The Way You Make Me Feel, I Just Can't Stop Loving You, Man in the Mirror, Smooth Criminal (која е најверојатно една од најпознатите на албумов) или неверојатната Dirty Diana. По четворката за Electric Warrior, не преостанува друго освен да морам да дадам чиста 5/5 за Bad, иако мислам дека ќе треба да ги заострам критериумите ако продолжам со ова. :D
Феноменален албум! Потврдена 5/5.

P.S. Мора да го ѕирнете видеото за Liberian Girl! Еден куп ѕвезди, ама една ѕвезда е поголема од сите:
 
1745307204993.png

57. Foxbase Alpha - Saint Etienne (1991)
Има тука некои убави моменти, мали трип-хоп одблесоци и амбиентална музика, ама генерално албумов е snoozefest.
2/5
 
Благодарение на предизвиков, по само неполни 4 месеци од годинава веќе го надминав личниот рекорд на преслушана музика во една година (до сега беше 2016 со 2418 песни):

1745360982469.png

Фала @џимеј :P
 
1745444749465.png

58. Desperate Youth, Blood Thirsty Babes - TV On The Radio (2004)
Глупости. Значи дефинитивно не ми лежат американските бендови, со многу мали исклучоци. Па уште вакви некој експериментални рокови како ова што е класифицирано како арт рок - ич николку. Го слушав додека го косев тревникот утрово и толку сакав да го прекинам, а не можев да ги допрам слушалките да не ги позеленам (бели се :P) што едвај стигнав некако до крајот. Без врска, стварно без врска албум. 1,5/5
 
1745445577398.png

59. Pearl - Janis Joplin (1971)
Ова е еден од преостанатите 5 испуштени албуми од март (без него ми остануваат само уште 4). Постхумно објавен, три месеци по прераната смрт на Џенис Џоплин од предозирање со хероин (на само 27 години), тоа е вториот и последен нејзин соло албум. Џенис ужива култен статус меѓу љубителите на рок музиката и децении потоа. Јас се сеќавам, бев многу малечок, некои 6-7 години, крај на 80-ти, почеток на 90-ти, значи 20 години по нејзината смрт, мој братучед (10 години постар од мене, значи тогаш бил средношколец или студент) беше so in love with her. Меѓу илјадниците касети и винилки кои ги имаше беше и Џоплин и секогаш кога ќе појдев кај него ми ја пушташе или неа или Џими Хендрикс. Јас, клинец штотуку излезен од пелени мислев дека се тоа беше само врева. Подоцна никогаш не сум ја слушал вака, интегрално, ама кога и да сум слушнел нејзина песна или да се спомене името, веднаш ми текнува на братучед ми и на тоа дека 100% сум ја слушал песната 1000 пати претходно.

Од сегашна перспектива - ми се допаѓа музиката. Далеку е од врева, како што сум мислел некогаш и навистина е тажно што ваков изведувач како неа толку рано згаснал. Мислам дека имала уште многу што да каже во светот на музиката. Музиката е одлична, немам замерки, ништо не ми сметаше, но она што отскокнува тука е нејзиниот глас, а не музиката. Гласот е неверојатен! Не велам дека целиот контекст не игра улога во целиот хајп или култ околу нејзе и нејзината личност кој и ден денес трае. Ама верувам дека ова не може да не му се допадне некому, дури и да не знае дека е од Џоплин или дури и да не ја знае приказната за неа. Толку весел, а толку тажен албум истовремено. За мене врвот е Mercedes Benz, веројатно дека е скоро акапела и таму најдобро се отсликува големината на нејзиниот глас, ама дефинитивно немаше лоша песна тука.

Добар албум! 4/5
 
1745524214054.png

60. Ritual De Lo Habitual - Jane's Addiction (1990)
Веќе го имав бендов, во индивидуалниот проект, но со друг албум, Nothing's Shocking. Тоа беше нивниот деби албум, ова е нивниот втор албум, што значи ги слушам хронолошки. Заради каверот на првиот албум и заради видеото на една од песните биле цензурирани, па така освен во алтернативните кругови, во 80-тите не доживеале особен mainstream успех. Но денес и двата албума се сметаат за класика кога е алтернативниот рок во прашање. Оценките на двата албума на генераторот се речиси идентични: 3.17 и 3.18 во моментов, но мене Nothing's Shocking многу повеќе ми се допадна. Тој беше некако по-raw, звучеше понаивно и позитивно бев изненаден. Овде некако ко да се трудат да постигнат нешто повеќе, па затоа назадуваат, барем таков впечаток имав јас. Плус, не ми се допадна вокалот тука, што би рекол еден од коментарите на генераторот, „звучи ко да прави 3 работи истовремено: пее, дрка и сере“. :pos: Плус, албумов го замислиле ко концептуален албум, па така едната половина им е за некакви социјални теми како крадење, расизам и песните не се поврзани една со друга, додека втората половина е за смртта на девојката на еден од членовите на бендот која починала од предозирање и за самоубиството на мајка му кога имал само 4 години (вториот дел повеќе ми се допадна). Инаку, за тие кои не знаат, гитарист на бендов е Дејв Наваро, кој подоцна накратко, за само еден албум преминува во Red Hot Chili Peppers. Кобејн бил инспириран од нивната музика па така критиката вели дека без Jane's Addiction, Nevermind не би бил возможен. Затоа се значаен бенд во светот на музиката и затоа двата албума се тука.
Ова, реков, послабо од претходното. Од мене само 2/5
 
1745606190230.png

61. The Genius Of Ray Charles - Ray Charles (1959)
Ова беше ко да слушаш 2 различни албуми: првата половина со блуз / R'n'B ко испаднат од Том и Џери цртаните, вториот дел со поп пијано балади. Во нормални околности пијано баладите би ми биле шлаг на торта и би уживал повеќе во нив, но во случајов помалку ми се допаднаа, зашто некако ме фрлија во некој депре муд кој не ми требаше (ваљда потпомогнат од никаквото време надвор што не се оправи со месеци). Реј Чарлс бил неверојатен гениј, ја разбирам неговата величина и значење во светската музика, но ете, мене лично не ми прави толкав мерак да можам да го оценам со оценка повисока од 3/5. А со оглед на тоа дека албумов го оценувам со 3/5, тоа е еквивалентно на највисокото можно признание од мене.
 
56. Maniac Street Preachers - Everything Must Go (1996)
1745656596670.png

Добар беше овој албум, пријатен за слушање.

3/5

57. Queen - Queen II (1974)
1745656834046.png


Просечно. Како што напишал Злате, ожа не е Куин што ги знаеме, туку ова се нивните почетоци и наоѓањето на вистинскиот пат.


3/5

58. Sigur Rós - Ágætis byrjun (1999)
1745657007317.png


Оф многу сакав на албумов да му дадам повисока оценка. Навистина ми се допадна, беше милозвучен и смирувачки. Ама не е за 4, ниту пак за 3. Некаде по средината е.

3/5


59. The Waterboys - Fisherman's Blues (1988)
1745657198621.png

И ова исто како албумот на Maniac Street Preachers, звучен, пријатен и албум за во кола и релаксирање.

3/5

60. Michael Jackson - Bad (1987)
1745657363319.png

Е ова веќе е чисто ремек-дело. Хит до хит, секоја следна песна беше уживање.
И хии

4/5

61. Saint Etnienne - Foxbase Alpha (1991)
1745657480633.png


Абе си има албумов некој посебен шмек, особено песната Only Love Can Break Your Heart, врвна светска песна. Другите сите имаат малку прегледи, и да си признаам немав време да ги ислушам сите, ама тие што ги пуштив ми фатија уво :Д. Смета тоа што има многу непотребни песни.


3/5

62. TV On The Radio - Desperate Youth, Blood Thirsty, Babies (2004)
1745657655953.png

Е тука веќе не издржав, крв од уши ми потече. Како ова може да се нарече влијателен албум, само еден господ знае..

2/5


63. Jane's Addiction - Ritual De Lo Habitual (1990)
1745657787093.png

Многу добар инструментал има албумов, ама вокалот
„звучи ко да прави 3 работи истовремено: пее, дрка и сере
Да имаше добар вокал, можеби бендот би бил на повисоко ниво, и светски познат.

3/5


64. Ray Charles - The Genius of Ray Charles (1959)
1745657960307.png

Не го можам ова, ќе полудам.

2/5


65. David Bowie - Blackstar (2016)
1745658044432.png

Последниот албум на драгиот Дејвид. Всушност неговото оутро од овој свет. Песните Blackstar и Lazarus, кое буквално е неговото збогување, се врвни песни. Другите беа ок, ама ништо посебни. Ова е единствениот албум што ќе му дадам оценка, повисока од тоа што реално заслужува. Од почит.

4/5
 
1745694857518.png

62. Blackstar - David Bowie (2016)
Ова е веќе трет албум на Боуви во групава и по трет пат - ни да ме дирне. Пак беше експериментален, пак беше чуден и не можев да не помислам дека албумов го добил и своето место тука и хајпот и сите награди зашто само два дена по излегувањето Дејвид Боуви умира од рак на црн дроб. Па така ова е неговото farewell кон светот и фановите. Оние кои го сакаат и оние кои го слушаат или слушале верувам дека ќе најдат се во овој албум - од мајстории, па се до сублиминални пораки, и како што обично бива со последните албуми на оние кои заминуваат, текстови со кои си ја претскажале смртта (така тука, во Lazarus: Look up here, I'm in heaven). Кај мене веќе трет негов албум кој не кликна и не ми се допадна. Го ислушав онака, ради реда, ама најдоброто нешто во него е каверот кој е така добро и детално стилизиран што остава без зборови: една голема црна ѕвезда го означува насловот - Blackstar, и пет делови од црна ѕвезда се стилизирани буквите од неговото презиме. Навистина оригинално и интересно, за разлика од музиката.
3/5
 
1745729308852.jpeg

63. The Last Broadcast - Doves (2002)
Албумов пред само 2-3 дена го имав во индивидуалниот проект, па така, нема да го преслушувам пак.
По тоа срањето во групата (TV On The Radio), овој британски инди рок ми звучеше ко Моцарт да го слушам после Цеца. А толку е така безличен албумов! Ама сепак впечатокот далеку поголем. Барем беше listenable. Плус британски. :P
3/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom