Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
- И чудно ми е искрено што ете 15-20 години не комуницирале кумот и кумашинот, и наеднаш сега кумашинот толку се заангажирал за истрагата. Не дека е лошо тоа, ама не сум сигурна дека така функционираат нештата во реалноста.

Епа си го изгледала, ама нешто не си разбрала.

Гоце кажа дека и ќерка му учела во истото училиште како Вања (прво тој испаничил за неговата ќерка кога се раширило низ школото дека некое девојче фали) и нешто се дружеле. Ама како што разбрав - тој не ни знаел дека му е ќерка на Александар.

Мајка му (Кираца) му испратила слика на која ја има неговата ќерка, Вања и сестра и Миња.
Она го замолила да му се јави на кумот (Александар) заради Вања, дури и му го немал бројот, не му текнало нему така наеднаш да се заинтересира.

Мене ми личи дека Кираца повеќе знаела (дека старо кумство) за постоењето на Вања во животот на внука и (ќерка му на Гоце) и кои и се родители - отколку Гоце.
Гоце подоцна се вмешува по барање на мајка му и сигурно мајка му го упатува кој, што и како (чиво е девојчето и сл.).
 
Епа си го изгледала, ама нешто не си разбрала.

Гоце кажа дека и ќерка му учела во истото училиште како Вања (прво тој испаничил за неговата ќерка кога се раширило низ школото дека некое девојче фали) и нешто се дружеле. Ама како што разбрав - тој не ни знаел дека му е ќерка на Александар.

Мајка му (Кираца) му испратила слика на која ја има неговата ќерка, Вања и сестра и Миња.
Она го замолила да му се јави на кумот (Александар) заради Вања, дури и му го немал бројот, не му текнало нему така наеднаш да се заинтересира.
Да, тоа го слушнав и тоа е океј. Родителскиот инстинкт веројатно го турка да го направи сето тоа.

Океј е што се понудил да помогне, ама не знам некако ми е сомнително мене тоа што толку заангажирано помагал. Сега вие веројатно ќе ме нападнете сите, ама мене ми е чудно нешто во врска со ликов.

Резервирана сум некако. Од една страна ми е супер кул лик што успеал да го разоткрие сето ова, а од друга страна се прашувам дали стварно имал капацитет да го направи сето тоа.
 
Да, тоа го слушнав и тоа е океј. Родителскиот инстинкт веројатно го турка да го направи сето тоа.

Океј е што се понудил да помогне, ама не знам некако ми е сомнително мене тоа што толку заангажирано помагал. Сега вие веројатно ќе ме нападнете сите, ама мене ми е чудно нешто во врска со ликов.

Не се понудил да помогне, мајка му го замолила да се вмеша дека се поврзани фамилиите.

Не знам што е чудно ако мајка ти те замоли да му помогнеш на некој одамна ,,изгубен" роднина/кум, посебно ако е за ваков случај.
И јас би постапил исто да сум во негова позиција, без размислување

Чудна ти е тебе логиката, не е постапката на Гоце и мајка му.
 
Се е тоа океј, ама конкретно за кафичот запален не сум 100% сигурен дека е таа причината што ја кажа Гоце, мислам и дека не е поврзано никако тоа со случајот со Вања.
Може и да грешам, тоа е само мое мислење така на прва. Имаше пишувано @Saber Rider нешто како функционираат тие работи.
 
Можеби, затоа сме сите различни :)

Епа еве претпоставка за да се увериш дека не сме различни, туку си правиш филм непотребно.

Утре да ти каже мајка ти/татко ти дека на твој трет братучед му исчезнала ќерка му, дека се дружи со твојата ќерка во школо и ако можеш да помогнеш - ќе се ангажираш или не?

Да или не, едноставен одговор.
 
Не знам што е чудно ако мајка ти те замоли да му помогнеш на некој одамна ,,изгубен" роднина/кум, посебно ако е за ваков случај.
И јас би постапил исто да сум во негова позиција, без размислување
Има и филм македонски на таа тема.
 
Епа еве претпоставка за да се увериш дека не сме различни, туку си правиш филм непотребно.

Утре да ти каже мајка ти/татко ти дека на твој трет братучед му исчезнала ќерка му, дека се дружи со твојата ќерка во школо и ако можеш да помогнеш - ќе се ангажираш или не?

Да или не, едноставен одговор.
Да, ќе се ангажирам секако. Морално и човечки е да се ангажирам. И не само за блиска личност, туку за било кој човек, ако нешто е во моја моќ секако дека максимално би се ангажирала со сите свои капацитети да помогнам.

Јас не ја спорам неговата хуманост и желба да помогне, туку некако преедноставно ми е претставен начинот на кој што он го разоткрива сето ова, а дваесет и кусур инспектори не можеле ништо да направат. Во систем каде што институциите и цели тимови од инспектори не успеале да стигнат до некаква суштинска вистина, еден поединец “лесно” открива сè. Мене тоа ми е чудно. Ама веројатно Македонија и се е можно. И ако навистина се покаже на крај дека ова е така како што е, тогаш Гоце според мене е ултра, мега, гига паметен лик, што треба да биде прв човек одговорен за вакви ситуации. А полицијата? Тоа е друга тема за која има многу да се пишува после сето она што ни се случува во државава. Секоја чест за поединци и исклучоци.
 
Никој не приметивте дека Гоце кажа дека Весна жената на Палаевски кажа дека биле братуќеди со Кираца ,и дека Зорица седела со некои братучеди коа му се јавил заеднички ,или ја така чув оти не ми се глееда по вторпат видеото,бај де веј Весна е даена на извршител куќата пот хипотека за еуростандард кредит долг од 20 илјади евра заради фирмаата на палевски со печките Ватмак.и Кае Гоце нека стане го предадоја .
 
Да, ќе се ангажирам секако. Морално и човечки е да се ангажирам. И не само за блиска личност, туку за било кој човек, ако нешто е во моја моќ секако дека максимално би се ангажирала со сите свои капацитети да помогнам.

Јас не ја спорам неговата хуманост и желба да помогне, туку некако преедноставно ми е претставен начинот на кој што он го разоткрива сето ова, а дваесет и кусур инспектори не можеле ништо да направат. Во систем каде што институциите и цели тимови од инспектори не успеале да стигнат до некаква суштинска вистина, еден поединец “лесно” открива сè. Мене тоа ми е чудно. Ама веројатно Македонија и се е можно. И ако навистина се покаже на крај дека ова е така како што е, тогаш Гоце според мене е ултра, мега, гига паметен лик, што треба да биде прв човек одговорен за вакви ситуации. А полицијата? Тоа е друга тема за која има многу да се пишува после сето она што ни се случува во државава. Секоја чест за поединци и исклучоци.

Ако се водиме по информацииве кои ги имаат во моментов и ако ништо не се крие... и ако ова е реалната ситуација... тогаш не е Гоце мега гига паметен лик, туку тие што се на позиција и запослени да ја завршат таа работа се прости, неписмени луѓе, ставени најверојатно поради политички интерес и врски.

Колку треба да си паметен, да ти текне да прегледаш сними од камери од локални продавници/локали?

Ако бар еден инспектор се ангажирал вистински на случајов, сега друга тема ќе се водеше. Очигледно е дека мнозинството од полиција па и обвинителство се дудуци.
 
туку некако преедноставно ми е претставен начинот на кој што он го разоткрива сето ова, а дваесет и кусур инспектори не можеле ништо да направат. Во систем каде што институциите и цели тимови од инспектори не успеале да стигнат до некаква суштинска вистина, еден поединец “лесно” открива сè. Мене тоа ми е чудно.

Како може да ти е чудно нефункционирањето овде?
Како може да ти е чудно дека овде поединци си решаваат проблеми индивидуално затоа што сме приморани, не затоа што системот ти помогнал.

Делуваш како да си дојдена од Норвешка или од Јапонија вчера, па се ти е чудно овде.
 
На сите им било чудно што Гоце успеал да доаѓа го снимки и да открива работи :D
Мислиш живееме во Скандинавија, а не во Македонија.
Не открил он нешто дека е мастермајнд, туку затоа што дошол до снимки до кои обичен граѓанин не би можел да дојде, а скапандурите во полиција ги заболе курац за да се замараат да бараат.
Во полиција е вгнезден најголемиот џган во државава, а на тие главни позиции се најголемите криминалци на кои таквите ко Гоце им се поттрчковци. За нив дилаат, крадат, рекетираат, палат кафичи итн.

Тоа што он е во црните кругови, му овозможило да доаѓа до пристапи до снимки од разни места и од сејф сити да му пребаруваат коли, да му даваат податоци за нивно движење.
Познанствата со нарко босовиве му помогнало да дознаат дали Вања завршило некаде по шпонскиве села, бидејќи се' од преку босовиве.
 
Незнам ама толку бргу фрка дигнале во 7 и 38 минути по соцоијални мрежи ,као да претосеќале таква работа.и како станало вирално за еден час исчезнувањето за кратко време по социални мрежи
 
Ако се водиме по информацииве кои ги имаат во моментов и ако ништо не се крие... и ако ова е реалната ситуација... тогаш не е Гоце мега гига паметен лик, туку тие што се на позиција и запослени да ја завршат таа работа се прости, неписмени луѓе, ставени најверојатно поради политички интерес и врски.

Колку треба да си паметен, да ти текне да прегледаш сними од камери од локални продавници/локали?

Ако бар еден инспектор се ангажирал вистински на случајов, сега друга тема ќе се водеше. Очигледно е дека мнозинството од полиција па и обвинителство се дудуци.
Како може да ти е чудно нефункционирањето овде?
Како може да ти е чудно дека овде поединци си решаваат проблеми индивидуално затоа што сме приморани, не затоа што системот ти помогнал.

Делуваш како да си дојдена од Норвешка или од Јапонија вчера, па се ти е чудно овде.
Епа ете на кое дереџе сме паднале со размислувањава. Наместо да се запрашаме како е можно системот толку да потфрли, па еден обичен граѓанин може така лесно и едноставно да ја превземе работата на институциите ние тука си правиме муабет дека тоа така треба да биди и тоа е тоа. Дали тоа значи дека утре некој друг сам треба да си ја бара правдата?

Мене ме фрапира помислата дека утре мене може да ми се случи нешто вакво, и ја на пример да немам врски како Гоце за да можам вака да си го решам случајот, а полицајците и инспекторите исто така би ми влеале безнадежност.
 
Ама чекај малку.
Не сме паднале ние/јас на некое дереџе со размислувањата, јас добро знам како треба да биде.
,,Како е можно системот толку да потфрли". Ти како да живееш во утопија, не ние.

Тоа што реално не е така - не е проблем на форумов, јас само посочив дека тоа што тебе ти е чудно во случајов е ненормално.

Две работи можат да бидат ненормални истовремено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom