53. Locust Abortion Technician - Butthole Surfers (1987)
Леле, видете го името на бендов.
"Музиката", ако може да се нарече музика е три пати пострашна. Ау, човече, дали е нормален овој што го ставил ова срање овде? Ова ако сакаш некого да го малтретираш психичка, па да му го пуштиш в крај во затворена просторија - ако не полуди за 15 минути ја ќе си го исечам на сред плоштад!
Втората 0/5, на генераторот ќе морам кец.
УЖАС!
54. Seventeen Seconds - The Cure (1980)
Убаво албумче. Ме купи уште со интрото и си извозе брзо и лесно утрово, без да му најдам замерка. Е сега, друг муабет е што вечерва не се сеќавам на ни една песна. Така што, една цврста, солидна 3/5 му е доволна.
55. Truth - Jeff Beck (1968)
Потполно идентично мислење како вчера. ОК албумче, уште па и кратко (со оглед на тоа што 2 песни ги немаше на Spotify, траеше само 26 минути). ОК музиче, пак многу гитари, и пак ми се допадна, но веројатно не доволно за да го преслушам пак или да го паметам како нешто WOW. 3/5
56. Beautiful Freak - Eels (1996)
Инди рокче - и не може да не ми се допадне. Убаво, малечко, ненаметливо албумче, убава музика, интересни текстови... Имаше некои чудни звуци, особено во почетните песни од албумот, по што се гледаше дека малку и се експериментирало со звукот, но не беше страшно. Малку жалам што не му обратив повеќе внимание на албумов од што заслужуваше, ама ако имам време деновиве ќе го преслушам уште еднаш, па којзнае, може и ќе ја сменам оценката. 3,5/5
57. Parachutes - Coldplay (2000)
По подолго време, повторно еден албум од мое време. Поголем дел од песните ги знам, иако Колдплеј беа уште далеку од популарни кога се појави ова (читај: уште ја немаа снимено Clocks), зашто ова е нивниот деби албум. Тогаш бев средно и иако со ограничени можности, полека „ја откривав“ оваа музика. Но ова е еден од најпопуларните нивни албуми и еден од најпродаваните. Ако добро се сеќавам од тоа што прочитав, продаден е во 13 милиони примероци низ светот и е 22 најпродаван албум во Британија во историјата. На некој начин е и milestone во британската музика, зашто Колдплеј од секогаш сум ги гледал како пионери на овој некој нов британски мек алтернативен рок (soft rock). По нив се појавија уште еден куп слични бендови кои го негуваа истиот звук и се некој вид следбеници на Бритпопот од 90-тите, или се т.н. пост-бритпоп. Генерално секогаш сум ги сакал Колдплеј, ама никогаш не сум паѓал во несвест по нив. Така е и со албумов. Полн со добра музика, полн со познати песни, ама му фали хит. Му фали малку за петка! Ама дека уживав, уживав!
58. Boston - Boston (1976)
Уште еден краток, просечен рок албум, овојпат од американски бенд. И уште еден доказ дека Британците повеќе ги почитувам. More Than A Feeling веројатно сите ја знаеме, таа е супер, другото - онака.
3/5
59. Nothing's Shocking - Jane's Addiction (1988)
Позитивно изненаден од ова. По каверот и откако прочитав дека станува збор за некој алтернативен метал, не очекував многу да ми се допадне. А ми се допадна! Најмногу - инструменталниот дел, а најмалку - вокалот (што е нормално за овој тип на музика, за мене). Абумот ми звучеше многу groovy и многу помелодично од што очекував. Но како и да е, не е ова нешто што би сакал да го слушам повторно. 3/5
60. Bitte Orca - Dirty Projectors (2009)
Експериментален рок, вика, ама мене повеќе ми личеше на хипстерски поп. Авантгардна глупоштина која не беше баш listenable. Ама сум слушнал и пострашно од книгава, па така, 2/5.
Втор албум што го добивам од Боб Дилан и овој ми се допадна, има прекрасни текстови и најпознатата Like a Rolling Stone. Никогаш не сум го слушал Дилан со внимание како сега, така што се мислам помеѓу 4 и 5. Има уште неколку негови албуми кои ги чекам со нетрпение, тој и Стоунси засега ми се од оние изведувачи што мислев дека не ми се допаѓаат, без особена причина. Преку проектов сфатив дека сум фан.
62. The Healer - John Lee Hooker (1989)
Лабаво, минималистичко блузче. Немав проблем тука со музиката, колку што имав проблем со продукцијата на овој албум. Првите две третини звучи навистина лошо, неговиот глас особено - звучи ко да пропаднал во бунар, се појавува некое ехо во позадина како да е снимано во студио со лоша акустика, или што знам како. Не можам да го објаснам добро тоа што го слушам, ама пластично звучи ко рандом песна на Синан Сакиќ и Јужни Ветар (пак да повторам - само продукциски, жанровски, по звук е далеку од тоа). Е сеа последните 3 песни, горе-долу не се такви, тие и најмногу ми се допаднаа од цел албум. Ама не можам да му дадам повисока оценка од 2/5 зашто сепак ова е листа на исклучителни албуми, а овој некако потфрли да прикаже такво нешто.
63. Night Life - Ray Price (1963)
Ова го има прегазено времето премногу! Ова не би го ставил дури ни за саунтрак во нискобуџетен вестерн филм - ќе го дорасипе филмот, од што е досадно. Не дека сум некој кантри фан и дека имам премногу преслушано па да споредам, ама од тие помалку од 10 кантри албуми што до сега овде се појавија, ова е еден од најлошите, ако не и најлош. Бледа, досадникава, никаква музика која само некој баба или дедо од Небраска би ги слушале, ама само дека на матурската го играле првиот танц на некоја од овие песни, а не дека и они ги сакаат. 2/5
64. Home Is Where The Music Is - Hugh Masekela (1972)
Ова е мислам вториот џез албум кој ми се падна. На првиот не се ни сеќавам кој беше, ама ова ми се допадна. Типов бил трубач од Јужна Африка. Починал 2018 на 78 години. Албумот бил инспириран од музиката од Африка, има навистина јаки бас линии, јаки тапани, значи не е само неговата труба тука, туку е едно комплетно убаво оркестрирано дело кое би си го слушал секој ден додека работам нешто по дома, и не би ми сметало. Силна 3/5
65. KIWANUKA - Michael Kiwanuka (2019)
Многу, многу, многу убаво албумче! Музика - одмор за уши. Гласот на Киванука е божествен. Перфекција од албум е ова! Јас Киванука го знам само по Cold Little Heart и малку се разочарав кога видов дека ја нема таа песна тука, туку е на претходниот негов албум, ама тоа ич не го намали впечатокот! Уживав во секоја една песна, цели симфонии се песните, какви оркестрации само има, колку се вокално перфектни... Тука препознав звуци и на некој рок од минатиот век, и на поп налик Стиви Вондер, и модерни звуци како некои од неговите современици, и соул, блуз, џез... Ова е музика што тешко може да се дефинира и класифицира како еден жанр, ама дефинитивно може да се опише со еден збор - ПЕРФЕКЦИЈА!
66. 90 - 808 State (1989)
Ветуваше по првата песна, ама после се претвори во какофонија од звуци. Не ми легна иако изненадувачки - други електронски албуми од пред 1990 ми се допаднаа. За ова само 2/5.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.