И пак избегна да одговориш на сите овие прашања (освен тоа „холистички“, што и да значи тоа):
-Зошто оваа „пресметка“ е претставена како царина? И како може таква неповрзана пресметка да ја земеш како основа за царинење на цел увоз од една земја?
-Како е можно и која е целта да САД имаат трговски биланс еднаков на 0 со сите земји од светот? Како може дефицитот со одредена земја да се дефинира како „искористување“?
-Убаво те праша Дарлинг, како може Трамп да очекува ние да купиме амерички производи за еднаква вкупна сума колку што Американците ќе купат македонски производи? Како е искористување тоа што 300 милиони луѓе, жители на најбогатата земја на светот, ќе потрошат повеќе пари од 2 милиони народ?
Чист пример за moving the goalposts е твојава логика:
-Тоа се реципрочни царини (Не се ни реципрочни, ни царини)
-Ок, не се царини, трговски дефицит е (Добро, нормална работа која не е основа за трговска војна)
-Ама, Америка е ограбена (Не, не е, плус и земјите кои што не ја „ограбуваат“ попија царини)
-Епа јебига, има цена за влез на амерички пазар
Царините се механизам за заштита на
домашно производство на одредени производи (и за полнење на државната каса кога бандити се на власт, што е честа појава). Царинењето на цели земји, наместо таргетирањето одредени производи е ескалација - трговска војна. Да земеме најпрост пример, Америка колку што знам не произведува и не може да произведува какао и кафе. Бразил е меѓу најголемите производители и на едното и на другото. Бразил исто така има дефицит во трговијата со САД, односно не ги „искористува“, туку е добар трговски партнер. И покрај тоа, Бразил поради некоја причина, целосно како земја, добива 10% царина. Тие царини ќе ги опфатат и кафето и какаото. Зошто е добро за американскиот народ и економија да плаќаат поскапа цена за кафето и какаото, кога немаат можност да си ги произведат дома?