Ова со цариниве по се изгледа ќе му се удри од глава на Трамп и мислам дека светот не треба многу да се потресува. Воведувањето на вакви царини е чисто политичка одлука која не кореспондира со реалната економска потреба од нив. Со ваквите царини (кои не се ограничени само на одредени сектори во кои имаат производство, пример автомобилска индустрија...) не се штити сопствено производство, бидејќи таквото производство го немаат што значи дека на крајот од денот тие производи што ги немаат сепак ке треба да ги увезат и крајниот цех (сосе царината) ке го плати американскииот граѓанин. Пример, немаат производство на облека и обувки но сигурно нема да одат голи и боси, па таа роба пак ке ја увезат од земјите кои што ја произведуваат само што сега во крајната цена ке биде вкалкулирана и платената царина, па ако патики маде ин виетнам до вчера чинеле 100 долари од денес ке чинат 150 долари....
Ваквата царинска политика ваљда има за цел да покрене домашно производство и тоа е ок, но тоа пак ке го платат американците и истото е многу неизвесно. Ке имаат многу предизвици, пример како да ги натераат ,,оние,, од гетата да работат по фабрики а и уште повеке како да го натераат типичниот американец да работи нешто кое го смета за црнечка работа, па предизвици со увоз на материјали со висока царина... ете нешто пробуваат, укинуваат социјална помош и слични бенефиции, но тоа не се процеси кои можат да се направат преку ноќ, па не верувам дека ке се направат и за еден претседателски мандат. Затоа мислам дека нема простор за некое големо потресување, ке има атерирање од страна на Трамп во многу сектори.