Дојде Трамп и одма депопулација на САД, нема 2 месеца а се 3 200 000 помалку, у скоро време планираат да очистат уште 6 милиона.
Така се работи, Маск признал за починати 3,2 милиони американци постари од 120 години, и тоа се младичите на возраст од 120–159 години, има уште 6 милиона уште постари, најстариот е 360 години. И во Македонија има исто, особено кај браќава, го копаат не го пријавуваат и земаат пензии со години. Слично и во САД, црнци, белци цицат помош од починати роднини, или посериозна служба пуни некаков црн фонд од 3000000 фиктивни ЕМБ.
> Слично и во САД, црнци, белци цицат помош од починати роднини, или посериозна служба пуни некаков црн фонд од 3000000 фиктивни ЕМБ.
Слично како во САД, луѓе од сите позадини добиваат бенефиции од починати роднини – не затоа што измамуваат, туку затоа што законски им следуваат. Обично не коментирам на вакви теми, но бидејќи работам во пензиско во Канада, сакав да дадам некои информации за тоа зошто некои политичари во САД очигледно не знаат што зборуваат.
Луѓето добиваат пензии од починати затоа што имаат право на нив. Слично како во Македонија со семејната пензија, на која имаат право партнерот на починатиот и неговите деца.
Во САД, а и во многу други земји, ако едниот родител почине, детето има право на surviving child benefit, а вдовецот/вдовицата на survivor benefit. (Постојат и инвалидски пензии за децата, но да не го комплицираме премногу.)
Во некои случаи, починатиот родител работел и придонесувал во САД, имал документи и дозвола за работа, а сè било легално. Но, од различни причини, неговиот партнер или децата можеби никогаш не живееле во САД, немаат документи и не можат да добијат Social Security Number (SSN). Во тие случаи, пензиските служби мора да им издадат посебен број за да можат да ги внесат во системот и да им исплаќаат бенефиции така наречен Benefit Identification Number (BIN)
Ако децата се малолетни, пензијата се исплаќа на другиот родител сè додека детето не наполни 18 години. Ако другиот родител нема SSN бидејќи никогаш не живеел во САД, тогаш пензиското мора да му додели BIN.
Ако и другиот родител почине по неколку години, тогаш старателот на детето мора да достави валидни документи за да продолжат исплатите. Ако старателот исто така нема SSN, повторно мора да му се издаде BIN за да се води евиденција.
Во некои случаи, починатиот родител можеби нема доволно работен стаж во САД за да остави пензија, но ако САД има договор за социјално осигурување со земјата каде што починатиот живеел, тогаш пензиските служби користат тие придонеси за да одредат бенефиции. Во такви ситуации, се издава уште еден (трет?!) посебен број преку international agreements наречен за да се овозможи координација меѓу двете земји.
Така да, не станува збор за „3,000,000 фиктивни ЕМБ“, туку за посебни броеви кои се користат за следење на исплатите.
Тоа е едниот дел.
Вториот дел е дека за да добиеш било кој од овие бенефиции, мора да приложиш куп документи заверени во амбасада или од овластени нотари.
Секојдневно се занимавам со ова и не тврдам дека нема злоупотреби—секаде постојат луѓе што пробуваат да измамат. Но, поради поранешни случаи на измами, денес постојат дополнителни безбедносни мерки за да се спречи злоупотребата.
Исто така, ако те фатат дека крадеш бенефиции, државата нема да ти прости. Можеби нема да завршиш во затвор, но долгот ќе го вратиш, сакал или не. Имаат право да ти го одбиваат од платата или од било кој друг приход.
Имам видено случаеви на луѓе кои имаат вакви долгови мислат дека се многу паметни, не пријавуваат приходи, заработуваат на црно, се пензионираат и тогаш дознаваат дека не само што не придонесувале и заради тоа пензијата им е мала, туку и таа мала пензија што ја добиваат им ја задржува државата додека не го исплатат долгот.
Не знам како е сега во Македонија, бидејќи заминав пред неколку години, но знам дека мајка ми добива семејна пензија откако татко ми почина, иако не живее во Македонија. За да продолжи да ја прима пензијата, мора на секои шест месеци да оди во пензиското во државата каде што живее и да потпише документ така наречен "proof of life". Само откако тој документ ќе биде испратен во Македонија, пензијата продолжува да се исплаќа. Да не зборам за колку документи мораше да покаже да да и ја одобрат пензијата.
Затоа, не му верувај на Елон и глупостите што ги тресе во јавност.
Него мудроста го брка, aма он е побрз.
А ако си убеден во тоа што збори тогаш... I have a bridge to sell you...