Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување

Victim card unlocked
Од понеделник ДУИ па какви измислици има да вадат...
ВЛЕН има пенал во рака со празен гол пред себе. Случајот со модуларната болница и Беса е отворен повторно и многу крупни фаци ќе паѓаат од СДСМ и ДУИ.
 
@Syn грешиш дека Југославија многу се грижела за безбедноста на луѓето, напротив со сиот памет решија да изградат Топилница во град што разболи генерации и генерации.
Проблемите за негрижа потекнуваат од таму.
Фабриката почнува да работи со неговата смрт, или додека беше на смртна постела, така нешто беше, така да не ни мислев на тоа време од поранешната република, затоа потенцирав, титово време, после него почнува и распадот и хаосот на овие простори.
 
Мора да излезе народот да даде ако ништо друго еден протестен марш низ главниот град. Зборувам за масовност од 100к народ. Инаку само ќе докажеме дека сме нација на зомбиња и НПЦиња.

Мора на луѓето од Кочани да им се даде до знаење дека сме со нив!

Луѓе, ја сум скоро сигурен дека добар дел од родителите на настраданите се спремни да ја спроведат правдата со свои раце.

Луѓе, на каква воздржаност повикувате кога 60 луѓе загинаа?
Уште 60 ке отидат кој од срце кој од ракови од стрес во нивна потесна фамилија

Добро рече некој тука, па една недела претходно да спроведеа акција можеби немало да се случи трагедијава.

Дискотека што била на близок на Мицковски е испразнета следниот ден како да не постоела. За тоа не се пишува по медиуми и го нема на полициски билтени, ама се пишува за некој што ставал ПП апарати отпосле па го фатиле жив. Значи вториов нема врски.

Не бранете нешто што не е за бранење. Не обојувајте се' во политички контекст. Пола од членовите тука се припадници на некоја партија ама луѓе, сметам дека горе доле сме на слична возраст, па повеќето тука или имаат мали деца или тек ке прават деца.. Каква црна партија браните ако очекувате тука да раѓате и растете деца?

И да уживатен финкичок статус во општеството, и да имате на сметка 1м+, па утре детето ке ви отиде на забава и поради импровизација и корупција ќе изгине.

Знам дека живееме на балкан и цел живот ке гледаме да заобиколуваме закони, но мора да се излезе на протест и да се искаже БАРАЊЕ за ПРОМЕНА од ова гнило.

И вмро наместо да пробуваат да го гушат потенцијалниот протест треба и они да се вклучат во истиот, теоретски повеќе поени ке добијат така.

Рамнодушноста е најлошата работа.
 
Последно уредено:
Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев – Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е во стабилна состојба и во моментов не е во животна опасност, соопшти стручниот лекарски конзилиум во Клиничката болница „Аџибадем систина“ каде што се лекува.

Еве за сите што прашаа 150 пати како е Панчо
 
Тие две говеда од Инфомакс треба да јадат кривична и никад да не смеат да се појават во јавност
Престанав да ги следам кога ноншалантно во емисија си признаа дека помагале папазов да стане градоначалник и без перде и срам и тоа на АНГЛИСКИ кажаа "СОРИ Кочани" и си продолжија да дробат. Тешки ретарди се.
 
Ние одамна глумиме држава. Пишав и вчера. Изгледа се чита форумов. Нека почнат да градат нови затвори, зашто пола администрација е зрела за таму.

Николоски најави одземање на 97 градежни лиценци, откриени пропусти со лиценци и во градежниот сектор – Фокус

Ја не знам дали има еден градежен сектор во државата каде што не се подмитува. Керка и на испекторкава излезе на прес да каже дека Мајка и НАВОДНО земала мито, а одбраната на адвокатот се состои од тоа дека тој што го дал митото, имал причина зошто да го нуди, зашто објектот не му бил во граници на пропишаното. Жената фатена во ресторан при предавање на парите, со обележани банкноти. НАВОДНО. 4000е мито. Прво побарала 1500, па и се виделе малку, па качила на 4. Дошла на функција лани во Февруари.

ГРАДЕЖНА ИНСПЕКТОРКА УАПСЕНА ЗА МИТО ОД 4.000 ЕВРА Ги зела обележаните пари во ресторан во Куманово - plusinfo.mk

На нас очајно ни фали Клајд Шелтон, во преносна смисла. Да удри ресет на се.
 
Мора да излезе народот да даде ако ништо друго еден протестен марш низ главниот град. Зборувам за масовност од 100к народ. Инаку само ќе докажеме дека сме нација на зомбиња и НПЦиња.

Мора на луѓето од Кочани да им се даде до знаење дека сме со нив!

Луѓе, ја сум скоро сигурен дека добар дел од родителите на настраданите се спремни да ја спроведат правдата со свои раце.

Луѓе, на каква воздржаност повикувате кога 60 луѓе загинаа?
Уште 60 ке отидат кој од срце кој од ракови од стрес во нивна потесна фамилија

Добро рече некој тука, па една недела претходно да спроведеа акција можеби немало да се случи трагедијава.

Дискотека што била на близок на Мицковски е испразнета следниот ден како да не постоела. За тоа не се пишува по медиуми и го нема на полициски билтени, ама се пишува за некој што ставал ПП апарати отпосле па го фатиле жив. Значи вториов нема врски.

Не бранете нешто што не е за бранење. Не обојувајте се' во политички контекст. Пола од членовите тука се припадници на некоја партија ама луѓе сметам дека горе доле сме на слична возраст, па повеќето тука или имаат мали деца или тек ке прават деца.. Каква црна партија браните ако очекувате тука да раѓате и растете деца?

И да уживатен финкичок статус во општеството, и да имате на сметка 1м+, па утре детето ке ви отиде на забава и поради импровизација и корупција ќе изгине.

Знам дека живееме на балкан и цел живот ке гледаме да заобиколуваме закони, но мора да се излезе на протест и да се искаже БАРАЊЕ за ПРОМЕНА од ова гнило.

И вмро наместо да пробуваат да го гушат потенцијалниот протест треба и они да се вклучат во истиот, теоретски повеќе поени ке добијат така.
Многу гледате грчки или француски клипови од протести и се палите да сте ин, тренди, кул, да закачите некое сликиче, некое лајкче.

Истрагата оди во добра насока, има процесирани, има обвинети, има предистражна и истражна постапка. Чекајте, стрпете се. Ако сакаш правна држава, ред и поредок почитувај процедура. Секој има право да се брани и да се чуе неговата страна. Судот на толпата строго НЕ.

Ако сакаш ред и поредк не одмагај на државните капацитети кои се оптоварени и треба да се таму каде што и навистина.

За сега МВР добро си ја води работата и оставете ги да работат со своите капацитети таму кај треба.

Сакате промена во општеството? Еве идеја. Соберете се другари и утре исчистете 5 депонии, пошумете некој парк, исчистете ја својата населба од ѓубре, организирајте хуманитарна акција за самохрани родители, соберете пакетчиња за деца со посебни потреби, изградете куќа на некои сиромашни. Милион идеи можам да ви набројам. Така ќе направиш реална промена и инспирација на други. Кршење, тепање, палење, деструкција строго НЕ.
 

Не овозможиле обезбедувачите, туку сопственикот на дискотеката. Обезбедувањето во Македонија не одлучува колку гости ќе има во некој објект, се знае за тоа кој носи одлука.
 
Не овозможиле обезбедувачите, туку сопственикот на дискотеката. Обезбедувањето во Македонија не одлучува колку гости ќе има во некој објект, се знае за тоа кој носи одлука.

Добро, во изјавата се кажува што се случувало во дадениот момент.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: y2k
Ние одамна глумиме држава. Пишав и вчера. Изгледа се чита форумов. Нека почнат да градат нови затвори, зашто пола администрација е зрела за таму.

Николоски најави одземање на 97 градежни лиценци, откриени пропусти со лиценци и во градежниот сектор – Фокус
АКо тргнале вака, треба ревизија на сите лиценци издадени од 91 навака.
 
Mene ovie Crven Krst nikojpat ne mi vlevale doverba, se si mislam deka mnogu mal del od donaciite stignuva do krajnata cel, mozda gresam neznam.

Nekolku desetici lugje se nadvor na lecenje, poveketo vo sosedstvoto. Da ima nekako da gi zaobikolime tie humanitarni organizacii i da donirame direkt na nivnite familii ke bide super. Siguren sum deka ke se sobere dovolno pari za prestoj hrana i ostanato so e potrebno dodeka se tamu.

Не можат да прават таков криминал, ама можат да манипулираат со... На пример да одберат од каде и по која цена да купат нешто што ќе го даваат како донација. Не знам за овој случај како и што планираат, но и јас мислам дека дефинитвно е најдобро е директно да им се праќа на сметките на луѓето. Чиста работа. Само се надевам дека ги ажурираат сумите пошто обично сите гледаме да уплатиме на тие што добиле најмалку.


 
Ние одамна глумиме држава. Пишав и вчера. Изгледа се чита форумов. Нека почнат да градат нови затвори, зашто пола администрација е зрела за таму.

Николоски најави одземање на 97 градежни лиценци, откриени пропусти со лиценци и во градежниот сектор – Фокус
Samo sto so ova, sve sto e izgradeno ke se srusi li? Skopje e pretvoreno vo eden od najgolemite urbani haosi na balkanov, ne veruvam deka vakov gradezen haos ima vo bilo koj drug glaven grad na balkanov najiskreno.

Na Vodno, planina, 300 zgradi izgradija, i uste 100 gradat novi, ima mesta koi sto ne se dostapni ni so ambulantno a da ne zboram za pozarnikarsko vozilo. Na mesta kade imase mali kukjicki krenaa gabaritni zgradi, posle 12 popladne si u senka veke, sonce ne te ogreva.
 
Дали сметате дека е добра идеја да се покрене иницијатива за рушење на дискотеката и на тоа место да се изгради мини парк со споменик кој вечно ќе ги овековечи жртвите?
 
 
Дали сметате дека е добра идеја да се покрене иницијатива за рушење на дискотеката и на тоа место да се изгради мини парк со споменик кој вечно ќе ги овековечи жртвите?
Супер идеја, ама на приватен имот кој има дозвола да руши?
 
Не овозможиле обезбедувачите, туку сопственикот на дискотеката. Обезбедувањето во Македонија не одлучува колку гости ќе има во некој објект, се знае за тоа кој носи одлука.

Законот за обезбедување јасно кажува што е работата на фирмата што добила прво лиценца за обезбедување а потоа имала и договор за обезбедување на конкретно овој објект. Првично како фирма за обезбедување потребно е да направат увид на објектот каде се наоѓа , како се влегува, како се излегува, точки на дејствување, колку лица се потребни за физичко обезбедување, дали е потребно и патролно обезбдување и мал милион други работи. Фирмите за обезбедување не се битанги или горили и лични слуги на тој сто ги има најмено. Си постои закон кој треба да се почитува е тоа што кај нас не е вака видовме до кај не носи и баш поради ова треба да се промени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom