пред 4 години мислам, имаше во хартиен весник скопско ехо како анкета, што би направиле кога би биле на власт, јас напишав идеја мораториум на сите партии до влез во ЕУ, техничка влада со премиер и министри на МВР и Правда да се бараат од државите од ЕЦЦ ( Исланд, Норвешка, Швајцарија)... многу мал одзив доби идеата, па и тука на форумот се отфрли, Морало да има Партии, има многу луѓе кој егзистенцијата ја гледаат само низ некоја Партија и канцелариско стаорска работа... Но ако Трамчо ја приземи УсАид, зошто да не можеме и Партиите ??... сите тие луѓе би работеле спрема квалификации, работа има, носиме од странство работници....
Има една многу интересна книга: Bullshit Jobs: A Theory
Според авторот на книгата, ако се сеќавам добро, над 80% од ПРОФЕСИИТЕ во светот се непотребни, ни некогаш требале, ни сега требаат. Први се тука програмерите, ама тоа е друга тема. Значи ако твојата професија утре ја снема, дали ќе се смени нешто ?
Инаку, пред некоја година, еден македонски политичар од моменталната опозиција, во едно интервју рече интересна работа:
Професијата политичар не треба да постои дека со ништо не придонесува за државата сама по себе. И да ги нема политичарите, нема да се смени многу. Треба да има некој кој ќе ја води државата, ама тие да се избрани од обичните луѓе и во слободно време да носат одлуки, а не да бидат политичари со целосно работно време, нишај врата - земај плата.
Јас да имам клуч од државата, хипотетички, му го давам на МПЦ под услов да воведат теократија и да се среди државата за брзо, многу брзо.