Овој потпишува дека локалот ги исполнува условите за лиценца, оттука оди нагоре се до Министерство за економија, каде државен секретар се потпишува и ја одобрува лиценцата.
Засега, цел синџир од најниско ниво (началници и полициски службеници) до државниот секретар на Министерството за економија кој ја потпишал лиценцата (по овластување на министерот) + Бектеши како министер, се уапсени. Ќе видиме колкава вина би имал Бектеши, со оглед на тоа што мислам дека негов потпис не стои на
лиценцата, туку само од државниот секретар. Веројатно ни тој не ни знаел што потпишува, бидејќи тие под него му гарантирале дека сè е во ред, иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.
Кривичната за овие веројатно ќе биде Тешки дела против општата сигурност. За полициските службеници е тоа, би требало и за другиве, но ќе видиме.
Газдата е посебен случај, ќе има тој и други дела натоварени.