Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
3 март 2021
Мислења
595
Поени од реакции
1.024
На што личеше онаа "дискотека" во Кочани како во Бразилско или Индиско гето да се наоѓа, каков е тој газда кој не реинвестира и остава да личи на свињарник целиот простор околу неговиот објект. Како прво срам и незгодно треба да му биде да го погледне, абе ќејф да ти биде да си го потсредиш малце да заличи на нешто стај трева, дрвце, уреди малце. Не можам да сфатам како постојат вакви луѓе без никаков мерак, воља да си го напраиш местото пријатно да им биде и на тебе и на гостите сите да уживаат сето тоа вреди повеќе од парите.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.400
Поени од реакции
22.012
Па министерот ќе има злоупотреба на службена положба, фалсификување документи. Газдата ќе има неколку и поврзани со фалсификуваната дозвола, и со општа опасност. Директорот на правниот субјект ќе има неколку во двете насоки. Инспекторите од ДПИ и слично ќе имаат многу повеќе поврзани со дозволата, отколку со несреќата. Овие началниците на полициски станици што ги сменија денес, ако ги сменија за да ги гонат, ќе ги гонат за непостапување по пријави веројатно. Ништо чудно и судењето да се подели на неколку судења за различни кривично-правни дела.
Како што разбрав министерот рече дека ги разрешиле сите командири и началници (и замениле со други од Скопје), за да имало непристрасност и да немало притисоци и влијание врз истрагата, како и лични и професионални релации со средината. Внатрешна контрола на МВР дополнително ќе го испитувала постапувањето на сите полициски службеници.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.047
Поени од реакции
551
Обезбедувањето има одговорност и те како. Зеле обврска да го обезбедуваат настанот и требало професионално да си ја бркаат работата. Под обезбедување не се подразбира само дремење на врата, обезбедуванње значи многу повеќе од тоа отвори затвори, професионална агенција не смее да преземе обврска да обезбедува ваков објект.
Ево одговор
И да не се нафатила агенцијата за обезб да го обезб објектот,тој газдата ќе најдел други дечки обични бабуши што ќе продаваат карти..еве и тие да не се ќе поставел двајца другари да продаваат карти и ? Ќе сменеше нешто ?
Брату ова се што го пишуваш е за во некоја јака Европска држава каде што клубот би исполнувал сите услови за работа а доколку се случело нешто на тапет тогаш да биде обезбедувањето..Во нашиов случај воопшто таму не требало да има никаква журка и собир..
@пунтер
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
2.233
Поени од реакции
2.776
Што си и покажувал. Ко да е нешто убаво или за фалење.
Од ден у ден се повеќе пред странци ми е срам да кажам од каде сум затоа што ги осеќам дека ме гледаат бетер од црнец од афричка вукојебина.
Затоа што вест за несреќава беше прикажана и во Американска медиа.

Во глобала не сме толку лоши, комунизмот не скина во менталитет.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.571
Поени од реакции
9.515
И да не се нафатила агенцијата за обезб да го обезб објектот,тој газдата ќе најдел други дечки обични бабуши што ќе продаваат карти..еве и тие да не се ќе поставел двајца другари да продаваат карти и ? Ќе сменеше нешто ?
Брату ова се што го пишуваш е за во некоја јака Европска држава каде што клубот би исполнувал сите услови за работа а доколку се случело нешто на тапет тогаш да биде обезбедувањето..Во нашиов случај воопшто таму не требало да има никаква журка и собир..
Јас те разбирам тебе, јас само коментирам, кажвам дека реално и обезбедувањето носи одговорност, не го зборвам тоа дека ги мразам, ти зборвам како човек кој работел години како обезбедување на светки познати настани од типот на Mercedes-Benz Fashion Week, или на настани каде гости биле личности од типот Geert Wilders, Tony abbott...
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.047
Поени од реакции
551
Јас те разбирам тебе, јас само коментирам, кажвам дека реално и обезбедувањето носи одговорност, не го зборвам тоа дека ги мразам, ти зборвам како човек кој работел години како обезбедување на светки познати настани од типот на Mercedes-Benz Fashion Week, или на настани каде гости биле личности од типот Geert Wilders, Tony abbott...
Епа Pulse ги мериш со ова?
ПС. Кога си прашал таму дали има 5 излези,каков материјал има градбата,дали има сензори за чад и оган и дали се исправни???
И дали и све легално?
Дај биди реален
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.571
Поени од реакции
9.515
Епа Pulse ги мериш со ова?
ПС. Кога си прашал таму дали има 5 излези,каков материјал има градбата,дали има сензори за чад и оган и дали се исправни???
Далеку од тоа, ама мора да има некој минимум стандарди.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.571
Поени од реакции
9.515
Епа тие стандарни не се поставени од обезбедувањето, ти тамо поставуваш стандарди за објектот?
Тие стандарни не се поставени од обезбедувањето, ама тие мора да направат инспекција што обезбедуваат, јас не поставувам стандарди, ама ако јас сум главен треба да направам инспекција каков објект обезбедувам, колку капацитет има и уште еден куп работи, а не газдата ми рече фурај 1500 луѓе во простприја со капацитет од 250 луге.
Во една ситуација за време на припремите, големиот шеф ми вика, "имаме проблем", во оваа просторија не смее никој да влезе додека не ти кажам поинаку", Јас не му дозволив влез на главниот организатор на евентот.
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2018
Мислења
825
Поени од реакции
1.006
Епа тие стандарни не се поставени од обезбедувањето, ти тамо поставуваш стандарди за објектот?
Cekaj sega sakas da kazes deka ako imas firma za obezbeduvanje ne moras da pocituvas zakoni zasto ako ne si ti nekoj drug ke ja fati rabotata mesto tebe?

I toa e kao argument?

Ke gi apstrahirame obvrskite na obezbeduvanjeto? Pa zasto togash da ima voopsto obezbeduvanje? Obezbeduvanje=bezbednost ili ja nesto pogresno razbiram? Sto im e niven domen na rabota?

Site sto si imaat vina treba da se lociraat, da se formulira propisno kaj bila greskata nivna i da se pravilno kaznat, bez isklucok
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.156
Поени од реакции
68.462
Како што разбрав министерот рече дека ги разрешиле сите командири и началници (и замениле со други од Скопје), за да имало непристрасност и да немало притисоци и влијание врз истрагата, како и лични и професионални релации со средината. Внатрешна контрола на МВР дополнително ќе го испитувала постапувањето на сите полициски службеници.
Се тоа е убаво, ама проблеми кои кога ке дојдат за решавање, а се проблем за партијата, кај нас со години се туркаат под килим. Еве, Мицковски вика дека кој и да е, ке одговара. Имаме судство кое една деценија де факто го има осудено Мијалков за тешки, тешки криминали, а де јуре, ликот нема поминато 7 дена во затвор. И не е само Мијалков, уште 20 вакви примери има.

За да имаш правна држава, треба целиот ланец да работи по прописи. Од најмалата единка, до самиот премиер. Скоро секој кој сака да работи по прописи кај нас е сменет во првиот момент кога прописите не одговараат на партијата на власт, било да е ВМРО, било да е СДСМ.

Се надевам дека ке дојде ден во Македонија да на работна позиција се поставува најстручното лице, без оглед на тоа дали е Македонец, Албанец, Ром, а не по заслуга и аминување од партијата. Зашто таа партија ни еба мајката.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.204
Поени од реакции
18.318
Почнаа тивко притаено да цифкаат скопските газдичиња што малтене на црно работата со тие катакомбите и хангарите без ни минимални услови за едно диско/клуб. Да не било ова да не било она, па никој немал, не важел законот за сите, па за едни мајка за други маќеа. Ајде сиктер таму.
Според нивните цени тие, нашиве во Охрид, а и другите би дошло како по 17 лиценци да платиле (ок, можда вистинсло ги платиле, кеш :cenzura:).
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
1.047
Поени од реакции
551
Тие стандарни не се поставени од обезбедувањето, ама тие мора да направат инспекција што обезбедуваат, јас не поставувам стандарди, ама ако јас сум главен треба да направам инспекција каков објект обезбедувам, колку капацитет има и уште еден куп работи, а не газдата ми рече фурај 1500 луѓе во простприја со капацитет од 250 луге.
Во една ситуација за време на припремите, големиот шеф ми вика, "имаме проблем", во оваа просторија не смее никој да влезе додека не ти кажам поинаку", Јас не му дозволив влез на главниот организатор на евентот.
Другар дали читаш воопшто???
Или тролаш тука?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.810
Поени од реакции
3.927
Земал панче ги разрешил инспекторите за да не влијаеле на истрагата.
Браво панче, земи избркај ги од работа, нема друг начин за да не влијаат а да останат на работа.
Скини им ја главата, проблемот е решен. Сега истрагата е непристрасна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom