Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Не ги барајте главните виновници во :
Родителите
Децата
Обезбедувањето
Обезбедувањето има одговорност и те како. Зеле обврска да го обезбедуваат настанот и требало професионално да си ја бркаат работата. Под обезбедување не се подразбира само дремење на врата, обезбедуванње значи многу повеќе од тоа отвори затвори, професионална агенција не смее да преземе обврска да обезбедува ваков објект.
 
Па министерот ќе има злоупотреба на службена положба, фалсификување документи. Газдата ќе има неколку и поврзани со фалсификуваната дозвола, и со општа опасност. Директорот на правниот субјект ќе има неколку во двете насоки. Инспекторите од ДПИ и слично ќе имаат многу повеќе поврзани со дозволата, отколку со несреќата. Овие началниците на полициски станици што ги сменија денес, ако ги сменија за да ги гонат, ќе ги гонат за непостапување по пријави веројатно. Ништо чудно и судењето да се подели на неколку судења за различни кривично-правни дела.
Nekoj za ubistvo ke legni ili ke se vadime na tehnikalii :cautious:
 
Nekoj za ubistvo ke legni ili ke se vadime na tehnikalii :cautious:
Убиство од небрежност е поблаг кривичен настан од тешки дела против општата сигурност. Првото е со максимална казна затвор од 5 години, второто 10. На првото минимална е 6 месеци, на второто три години.
 
Ajde ke vidime.
Steta sto ne moze da se sudi kazna za sekoja zrtva posebno. 5 x 50+ ubava cifra doagja .
 
Ajde ke vidime.
Steta sto ne moze da se sudi kazna za sekoja zrtva posebno. 5 x 50+ ubava cifra doagja .
Тоа во Америка. Кај нас дури и тие што ќе бидат осудени за повеќе кривични дела, ќе им се изрече единствена казна што мора да биде помала од збирот на поединечните.
 
Да бидеме реални, не е оправдување тоа. Не може да релативизираме со "и во наше време беше така". И во наше време не било исправно да се пуштаат 14 годишни внатре. Да ги врателе дома, немало да погинат.
Обезбедувањето е последната алка која треба да поднеси одговорност. Овде работава смрди од многу, многу погоре... ..

Овде најголемиот проблем е функционалноста на таа штала како објект, и за тоа треба некој дебело да го јаде.
Ако функционирале како што треба институциите, оваа штала воопшто и намало да постои..
Одговорност треба да се бара на сите нивоа почнувајки од најгоре.
 
Убиство од небрежност е поблаг кривичен настан од тешки дела против општата сигурност. Првото е со максимална казна затвор од 5 години, второто 10. На првото минимална е 6 месеци, на второто три години.
Не се сеќавам добро, ама мислам дека за предизвикување општа опасност беше минимум 3 години без определување на горната граница што значи 20 години е максимумот.
 
Обезбедувањето има одговорност и те како. Зеле обврска да го обезбедуваат настанот и требало професионално да си ја бркаат работата. Под обезбедување не се подразбира само дремење на врата, обезбедуванње значи многу повеќе од тоа отвори затвори, професионална агенција не смее да преземе обврска да обезбедува ваков објект.
Ваков објект по сите закони и прописи воопшто не требало да постои, а не да се обезбедува..
 
Не се сеќавам добро, ама мислам дека за предизвикување општа опасност беше минимум 3 години без определување на горната граница што значи 20 години е максимумот.
Тешки дела против општата сигурност
Член 292
(1)Ако поради делото од членовите 288 ставови 1, 2 и 3 , 289 став 1, 290
ставови 1 и 2 и 291 став 1 настапи тешка телесна повреда на некое лице
или поголема имотна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до
десет години.
(2)Ако поради делото од членовите 288 ставови 1,2 и 3, 289 став 1, 290
ставови 1 и 2 и 291 став 1, настапи смрт на едно или повеќе лица,
сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.

Во право си, во случајов ќе се гонат по став 2.
 
Обезбедувањето е последната алка која треба да поднеси одговорност. Овде работава смрди од многу, многу погоре... ..

Овде најголемиот проблем е функционалноста на таа штала како објект, и за тоа треба некој дебело да го јаде.
Ако функционирале како што треба институциите, оваа штала воопшто и намало да постои..
Одговорност треба да се бара на сите нивоа почнувајки од најгоре.
"Обезбедувањето е последната алка која треба да поднеси одговорност", Да, ама ради нефункционалноста на таа штала како објект треба и тие да го јадат, знаеле тие каков објект обезбедуваат, т.е требало да видат и да направат проценка.
 
Истото сценарио ни се случи како Station night club, само што го изгледав. Од газди на клуб, до менаџерот на бендот, до лесно запалива пена/облога, до запечатена врата без можност за излез. Судења, прашања зошто газдите биле недоволно информирани за запаливата облога која ја поставиле на ѕидовите (звучна изолација)? Зошто компанијата што ја произведува облогата не дала никакви инструкции за употреба и претпазливост за користење на истата? Зошто факинг типот од пожарна задолжен за проверка на безбедноста на клубот никад не ја тестирал облогата на пожар туку еднаш годишно само ставал печат: Approved!. И зошто ебените газди на клубот неуки за водење на истиот пробале преку shortcuts да прават бизнис???
Ме интересира дали за секој настап овде у мк задолжително се прави договор помеѓу изведувачите и газдата на клубот? У документарецот за Station night club, за време на судењето газдите го имаа приложено договорот меѓу нив и бендот кој никаде не вклучувал употреба на прскалки. Таму кога почнал огнот првично мислеле е дел од некакво шоу, бавна реакција имале за да се спасуваат, иста како и во Пулс, сфатиле кога е веќе предоцна.
Да се наежи човек, каква трагедија нѐ снајде, за греота луѓето, лесна им земја, тешко на родителите после ова и за нив нема живот ...
 
Не се сеќавам добро, ама мислам дека за предизвикување општа опасност беше минимум 3 години без определување на горната граница што значи 20 години е максимумот.
Malce e :(
 
Кога и покажував снимки на жена ми од кога фати пожарот, ми вика исто како Kiss ноќниот клуб што се запали кај нив. Таму имаше 242 погинати и 630 повредени. Бразилците имаат извадено серија на Нетфликс за настанот.

Што си и покажувал. Ко да е нешто убаво или за фалење.
Од ден у ден се повеќе пред странци ми е срам да кажам од каде сум затоа што ги осеќам дека ме гледаат бетер од црнец од афричка вукојебина.
 
"Обезбедувањето е последната алка која треба да поднеси одговорност", Да, ама ради нефункционалноста на таа штала како објект треба и тие да го јадат, знаеле тие каков објект обезбедуваат, т.е требало да видат и да направат проценка.
И да не се нафатила агенцијата за обезб да го обезб објектот,тој газдата ќе најдел други дечки обични бабуши што ќе продаваат карти..еве и тие да не се ќе поставел двајца другари да продаваат карти и ? Ќе сменеше нешто ?
Брату ова се што го пишуваш е за во некоја јака Европска држава каде што клубот би исполнувал сите услови за работа а доколку се случело нешто на тапет тогаш да биде обезбедувањето..Во нашиов случај воопшто таму не требало да има никаква журка и собир..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom