Воопшто не ми се допаѓа ова што се случува, оправдан бес и гнев, неканализиран, препуштен на најгласните, на оние што функционираат според филозофијата што полошо тоа подобро, па повторно се јавуваат еден куп борци за правда, "интелектуална свест", кои по потреба некогаш релативизаат, а некогаш се непоколебливо борци со нож во заби.
Не прифаќам дека е во ред да живееме во општество во кое мора да повикуваш на линч по слободсен избор, за да бидеш на вистинската страна, а тој што е најгласен и најрадикален да е најисправен.
Доволно е некој да напише, да покаже со прст кон некого и да почне хистерично барање на крв. Да напишам Трајко од таа и таа улица во Кочани дилал дрога со газдата на дискотеката и му помагал во сите срања што ги правел, огромен број на луѓе ќе почнат да го плукаат и повикуваат на линч, без разлика што немаат појма дали воопшто постои таков човек.
Колку и да не е популарно, мене ова не ми се допаѓа, дури и да е само гнев, без оние лешинари што се вклучуваат по потреба, воопшто да ги нема, пак не би прифатил го прифатил ова.
Да пресудиме сите колективно, да линчуваме, а изборот да го прават најгласни индивидуалци, макар ги воделе и најдобри намери.
Доволно е да се затскриеш позади "правда" и готово, ете ќе го оправиш општеството и системот. Сега сите само повторуваат "систем..."
Оваа хистерија, лудило, злоупотреба, сигурно не можам да го спречам, некогаш никој не може, но сигурно нема да учествувам, во ваква новопронајдената храброст и желба за правда на овој народ.
А и тој народ ми е доволно познат, сум ја видел неговата храброст пред шефови, менаџери, пред полиција, насилници и слично.
Храбар и правдољубив е само кога не е директно изложен, не може да претрпи штета, кога е дел од колективна хистерија.