Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој од вашето семејство, најблиски пријатели, кумови, работат во МВР, училишта, градинки, разни општински и државни институции, универзитети? Или дали има некој од тие ваши блиски кој има некој бизнис, поголем или помал, а тој да не е поврзан со политика на некаков начин?


Од негувателка во градинка, преку учителка, наставници во основно и средно, до професори на факултет, сите што ве образувале, воспитувале или сега ги образуваат вашите деца, се таму поради политичка корупција.


Сите медиуми преку кои се информирате, ви помагаат околу формирање на мислење, од МРТ преку националните телевизии до интернет портали, живеат и работат со помош на политичка/бизнис корупција и на големо одработувале за неа. Буквално сите кои сега барем малку се влијателни.


Што ми е поентата, таа борба за промена на систем, борба против корупцијата и слично за што зборувате, на крај може да дојде, колку успешно ќе видиме, само од тој систем, некој што увидел каде оди или што ќе мора да направи нешто без разлика колку има волја за тоа, затоа што ерозијата ќе стане проблематична за сите, па ќе мора да се делува.


Дали ќе е Мицко, Димче, Венко или некој четврт кој ќе се најде во таа позиција, сите тие се од овој коруптивен систем, на периферија или поблиску до центарот, а тие ќе мора да го поправаат овој систем. И тоа ќе работат на средување на системот со други луѓе кои се дел од овој коруптивен систем.


Нема сила која што е целосно надвор и може да го промени.

Не е тоа случај само со Македонија и во други држави на сличен начин се правени промените. Имате држави во Европа, Јужна Америка, Азија, каде најголемите промени ги правела "златна генерација", привилегираните деца на системот.


Колку и да ве води идеализмот, бес, правдољубивост, гнев, ова ви е реалноста. Особено во Македонија, каде што ресурсите се мали и испреплетени.
 
Последно уредено:
Двајцава од инфомакс како ми се згадија овие два дена со нивните провокации и подбуцнувања. Сеа најдовте лично да се пресметувате со Мицко, немаше друг пат кога мораше баш овие два дена. Мечка и Мичо, ако читате овде, устата смрдлива провокаторска да ви ја ебам и на двајцата.

Па цело време го подбоцнуваат, не е само сега. Како со другата власт, така и со оваа. Да бидеме реални, да не беа ИнфоМакс градоначалникот немаше оставка да си даде.
 
Под претпоставка дека си од Скопје, кажи едно диско што во иста ситуација не би завршило исто. Или си доследен на себе па не искачаш нигде. Добро освен Мусандра пошто има излез позади према автобуската, али па таму од куршум ќе загинеш попрво.
Не сум, али небитно.
Друже ако не дај Боже на мене или мој близок му се деси вакво нешто, нема шо да одам да го каменувам локалот на газдата, кај шо до вчера сум излегувал и јас, лицемерно е и бесмислено , сфаќаш?

Не може во ситуацијава само тој да е одговорен за се, со самото тоа шо и јас сум излегувал таму, директно сум го поддржувал и финансирал постоењето на локалот кој незаконски работи.
Ако нешто, тогаш јас сум индиректен соучесник и кривец во несреќата (свесно или несвесно), а не жртва.

И да немало друго место за излегување, тоа не е никакво оправдување.

Тој шо е безгрешен прв нека го фрли каменот.
Автоматски споено мислење:

Значи според тебе криви се луѓето што се нашле во локалот, и кривица нема што да се бара по институции или поединци, така?
НЕ!
Врати се читај убаво шо сум напишал, не планирам да се повторувам по 100 пати.
 
Па цело време го подбоцнуваат, не е само сега. Како со другата власт, така и со оваа.

tenor.gif
 
Потфрливме сите како народ. Сите прво самите од себе треба да почниме, секој кој ургирал за оценка на факултет на училиште, секој еден шо побарал пријатели (врски) против полиција. Ние како народ сме гнасен народ, љубоморен, исполнети со омраза, љубомора, гнев. Чекај овај е поарен од мене, чекај да му наштетам некако. Нетреба за ова ТРАГЕДИЈА да одговорат само 20 души, 2000 малце се да одговарат. Секој инспектор на функција, секој полицаец, секој градоначалник уназад, секој еден кој замижал на ова работа треба одговорен да биди. Па нетреба никој да стапни во никаков ноќен клуб, без разлика дали бил легален или не (90% не се) дури не одговарат сите кривци за ова од прв до последен. Ова трагедија можеше да се случи во секој град, нетреба да бидиме неми на ова. Партиите не убија не отепаја и како луѓе и како нација, го наполнаја народот со гнев 30 години уназад, како еден асолен не се најде да речи чекајте луѓе шопрајме ДОБЛЕСТ? ДОСТОИНСТВО? ЖАЛ?

IMG_7220.jpeg
 
Членот сака да ви каже да бидеме сите 10 нивоа повеќе ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ. Да не чекаме се и сешто од државата

Добро дали имате 2 грама мозок? Овде имаш ситуација каде што системот и институциите се надвор од реалноста, се разбираме? Тука апсолутно никој не водел контрола што каде и како потпишува, јасно ти е?

15 години шупава работи како некој клуб со една врата од 70цм како во камено доба. Кој треба да спроведе ред на вакви места? Треба некој да провери на лице место пред да издава некаква лиценца? Дупкава не исполнува 1% од услови за тоа што била, се разбираме?

Да не чекаме се и сешто од државата бе, бравос!!! Навистина сте отидени со паметот, нема што друго да се каже.
 
Се е тоа нашминкано за пред јавноста за да изгледа убаво, граѓаните не се тие што треба да испитуваат дали објектот исполнува услови или не. Си има надлежни за тоа што земаат пари од народот.

Немој сега ти тука нешто да се правиш паметен као пиеле кафе незнам што, па пиеле и го плаќале тоа. Не било бесплатно. Јасно е зошто е револтот на граѓаните кон газдата.

Еве ојдело и возилото, ако продолжат вака и домот ќе му го запалат.
А кој спомна дека бесплатно пиеле? Тотално промашуваш поентата.
Супер се искршиле и запалиле, а да знаеја дека локалот незаконски работи пред несреќата дали некој вака ќе го каменуваше и палеше сега?
Кур ќе ги болеше луѓето.
Глумиме жртви, тоа најдобро ни оди.
 
Значи во моментов во цела држава само следниве имаат важечка лиценца и смеат да работат (според документов https://www.economy.gov.mk/mk-MK/ne...diskoklub-i-diskoklub-na-otvoren-prostor.nspx):

1. Де Факто Гевгелија
2. Вис Делчево
3. Голд Фелиција Битола
4. Воид Кичево
5. Хаш Битола
6. Клик Штип
7. Компакт Виница
8. Клуб -1 Охрид (може е минус еден кај Мида регистриран во Охрид, не најдов ваков во Охрид)

Толку, само 8 се другото се е диво, посебно е интересен моментот што нема ниедно од Скопје
И сега според логикава на некои тука, треба да идеме сите локали во државата превентивно да ги каменуваме, освен овие 8те.
 
И сега според логикава на некои тука, треба да идеме сите локали во државата превентивно да ги каменуваме, освен овие 8те.
Не според логиката сите тие шо се без лиценци да се затворат,превентивно.
 
Го имаме и Македонскиот чаци, ќе ги заќутува студентите за да може министеркава да ќари некој поен

,,,dosta od tebe i takvite kako tebe,,, ne Makedonsko zlo,,,kosmichko zlo ste,,,
,,,ova e opozicisko lovenje vo matno,,,za da se spasite od zloto shto go napravivte i seushte go pravite na Makedonija ,,,
,,,kako ne vi e sram,,,treba da se samoukinete ako imate gram obraz,,,
 
,,,dosta od tebe i takvite kako tebe,,, ne Makedonsko zlo,,,kosmichko zlo ste,,,
,,,ova e opozicisko lovenje vo matno,,,za da se spasite od zloto shto go napravivte i seushte go pravite na Makedonija ,,,
,,,kako ne vi e sram,,,treba da se samoukinete ako imate gram obraz,,,

Кое зло сме направиле бе јунак ? И тој лидер на опозицијата Филипче треба прв да отиде во затвор за модуларната болница во Тетово ама кој ќе го осуди ? Кај нас главните политички партии функционираат на принципот - врана на врана очи не си вади
 
Па цело време го подбоцнуваат, не е само сега. Како со другата власт, така и со оваа. Да бидеме реални, да не беа ИнфоМакс градоначалникот немаше оставка да си даде.
Toj trwba i krivicno da odgovara, ne samo ostsvka da si dade.. I Bektesi i Ramiza treba apsana da se
 
На мирен и спонтан собир со палење на свеќи присуствував јас со 2/3ца мои другари од Чкембари, каде шо имаше само студенти и средношколци. Не се задржавме 15 минути, тргнавме кон колата инспекторчињата шо му е јавено директ од централа дека треба да се задржи мирот по секоја цена, нѐ пратат до кола и не легитимират. И сето то за 35500 нето плата. Колку се загрев.
 
И сега според логикава на некои тука, треба да идеме сите локали во државата превентивно да ги каменуваме, освен овие 8те.
Не, останатите треба да се затворат уште неделава додека не ги исполнат стандардите и добијат лиценца.

Еве им ја листата на новинарите јавна е, доколку читаат (а верувам) може подетално да истражат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom