Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Ако почнат да ги проверат сите дадени дозволи низ државата ќе мора пола вработени од институциите да бркаат. Дали тоа ќе се деси? Нормално дека не. Корупцијата е канцерот почнуваќи од давање ручеци, вискија, 10ЕУР впасош па се до крупните пари кои се вртат.
Прво се Законите, второ е спроведување на законите...
Ете да почнеме, порани имаше закон, малолетно лице по 22 ч не смее да биде вон домот без родител- старател..
Пред 25-30 години, не Југославија, комшии платија казна бидејќи малолетниот син е фатен пред зграда, при Легитимирање... Во дискотеката имало 14г деца, во 03ч сабајле....
 
 
Законски може да палите пиротехника во затворен простор, но мора претходно да биде пријавено во МВР и да ги има сите сертификати за безбедност и проценка за опасност.

Ако ДНК/нивниот менаџер донеле со себе пиротехника, плус непријавена, не направиле проценка на терен, тогаш тие ќе бидат едни од главните виновници за пожарот заедно со сопственикот на локалот и тој што му давал дозвола од државен инспекторат.
 
„Распишана е централна потерница за 4 лица, се постапува и во Министерството за економија од каде се обезбедува документација. До 11:30 часот според информациите, починати се вкупно 59 лица, од нив 35 се идентификувани, 31 лице од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени по последните информации е 155 лица. Истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.Загинал и полициски службеник од ПС Пробиштип, кој постапувал во дискотеката по претходно изготвен план за присуство на малолетници и за дрога. Од СВР Штип ме информриаа дека требало да биде најдобар полицаец на територија на Пробиштип. За жал тоа ќе биде сторено постхумно“, рече Тошковски.

?????
 
Глуп е муабетов и не е време за теоретизирање. Ирелеватно е кој ги носи прскалкиет. Изведувачот може да носи и огномет, да е дел од сетот, НО! се знае треба да се има правила и прописи дали објектот е сигурен за пуштање на пиро или не.

Ама тоа у нормална земја кај нас се знае.

Кај секој од нас на работа доколку работи во мкд фирма секојдневно се соочува со престапи и заобиколување на законот.
Нешто по одговорни се странските компании и инвестиции. Трул ни е системот и ние сме трули заедно со него. Дел сме од него.
 
Има на страната на ДНК бо тикток видеа кај што користат иста пиротекника на затворен простор.

Се надевам ќе има казни за сите инволвирани, ама сите од прв до последен, да не остане и тука како во модуларната кај што “продужниот кабел” беше единствениот виновник
Abe lichno gi gledav vo prilep kaj shto SAMI ja mestat , nekoj den pred nova godina beshe!
 
Дали требало да пуштаат пиротехника? Нормално не. Дали малолетни требеа да бида по 12 таму? Нормално не. Дали требеа 1.500 луѓе да стуткаат таму? Нормално не. Ама небитно. Главната грешка е што овој објект не требал да работи. Све друго се странични дискусии. Главниот проблем е дозволата за работа против сите закони и прописи.
 
Македонија е земја на инспектори, детективи и сезнајковци, луѓе со висок IQ пред се, спремни да одговорат на секоја тема.

Јавете се во МВР со вашите информации и ич нека не губат време и пари на истрага, го решивте случајот, фала многу дечки.
 
„Распишана е централна потерница за 4 лица, се постапува и во Министерството за економија од каде се обезбедува документација. До 11:30 часот според информациите, починати се вкупно 59 лица, од нив 35 се идентификувани, 31 лице од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени по последните информации е 155 лица. Истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.Загинал и полициски службеник од ПС Пробиштип, кој постапувал во дискотеката по претходно изготвен план за присуство на малолетници и за дрога. Од СВР Штип ме информриаа дека требало да биде најдобар полицаец на територија на Пробиштип. За жал тоа ќе биде сторено постхумно“, рече Тошковски.

?????
Дали ќе има одговорност за родители кој дозволуваат малолетни деца да излегуваат од дома сами по 22ч ??
 
Последно уредено:
Знам дека е непопуларно мислење, ама тоа е.

ДНК и нивниот менаџерски тим што договара настапи веројатно си носат свое озвучување, осветлување и пиротехника на настапите, затоа што еден член тука кажа дека истите работи ги видел и на нивни други концерти/настапи

Ако е така и тоа се потврди, тогаш тие подеднакво сносат вина и кршење на ред закони.
Па ваљда се договараат со организаторот дека имаат пиротехника и нормално организаторот вели во ред е друже, се е безбедно, пуштај пиротехника. Од кај да знаат они дека е небезбедно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom