Поучени од тоа што се случуваше тука, изгледа како шарена револуција 2.0
околностите се тука-таде, само што овде има фактор загинати луѓе (нови сад), додека кај нас бомбите.
Србите не сум сигурен колку се свесни за нашата ситуација ама мислам во моментов курот не ги боли, гледаат да го сменат вучко со најдобра мисла дека нешто ке тргне на поарно после тоа.
интересни се овие подбуцнати потплатени шарени револуции организирани од странски фактор / глобалисти / сатанисти со тоа што никогаш не се калемат на здраво ткиво. факт е дека искористуваат ситуација и во даден момент луѓето кои протестираат не го гледаат тоа. Србија одамна е освестена дека инсталацијата на власт е корумпирана до срж. иако мора да се признае дека човекот изгради нешто. Кај нас груле 5 км автопат немаше направено своевремено.
На пример студентаријата таму не го почитува играњето на вучич и кон запад и кон русија. Јас на пример сметам дека маестраелно игра низ годините, а они сметаат дека е сечија курва. Читајки ги на редит, очевидно е дека полека но сигурно младите тежнеат кон запад, нато и еу. Пак ке речам, тоа е репрезентативен примерок од редит, не сум сигурен за глобалната состојба и мисла кај просечниот србин.
најчудно од се е што вучич иако поучен од неговиот колега и другарче Грујче не успеа да направи некои попаметни потези. Некако од корак во корак се побетер и по очаен делува.
Ке видиме како ке се изигра но познавајки ги србите и нивниот менталитет сметам дека утре ке гори белград. Ова новиве генерации се полигави, да, али сепак србите се многу похрабри и поисчукани од нас и мислам дека ке има насилие. Секако ке има и провокатори. Ако загине некој може ќе оди и накај семи-граѓанска војна. Не ги потценувам и следачите на Вучич, сигурно има воспалени глави.
Инаку најсмешен прекар што му го измислија е ЖВАЛАВИ

многу ме смее
Со среќа нека им е утре, ние ке гледаме сеир и да се надеваме дека мечката нема да заигра и кај нас. Пак.