Прегледај го приврзокот 443677
...покрај сите коментари да го додадам и техничкиот фактор на самиот апарат за мерење на шеќерот во крвта т.е. лентата која има многу мала комора за електро-хемиска реакција која содржи 2 електроди и одредени хемикалии (главно гликоза оксидаза извлечена од мувлата Aspergillus Niger).
Прегледај го приврзокот 443678
...кога ја ставаме нашата капка крв (0,5 μl до 1 μl) на малата комора, гликоза оксидаза во комората на лентата за мерење на шеќерот се формира соединение -глуконска киселина од гликозата во крвта кое може да спроведува електрична енергија што минува низ спроводливиот раствор што е резултат на хемиската реакција од гликозата од нашата крв и гликоза оксидаза од лентата, при што со струјното коло на мерачот се добива отчитувањето во милиграми на децилитар (mg/dl) или милимоли на литар (mmol/l) гликоза.
Прегледај го приврзокот 443679
...што мислите дали ќе се добие ист резултат на гликоза во нашата крв, ако на лентата ставиме поголема капка крв ја преполнуваме комората или ставиме помалку крв оти не се боцнавме подлабоко, еве направите сами проба во моментот со повеќе крв и со помалку крв на две различни ленти во ист момент, ќе видите дека при помалку крв цела таа реакција што ја објаснив е оскудна и се добива пониска вредност, ако има повеќе крв во комората со тоа и вредноста на резултатот е повисок, да речеме во првото мерење 4,8, а второто мерење 6,4 од исти човек, во исто време два различни резултати што дава понатами и други насоки.
...така да не се базирајте толку со едно, две мерења, ниту да е прецизна таа вредност, што е една од грешките што дијабетичарите мерејќи го често со такви апарати си го дозираат инсулинот во повеќе единици, па потоа следи голем пад на гликозата во крвта, а со тоа опасност од хипогликемја и онесвестување на дијабетичарот додека не лапне една коцка од шеќер да се поврати.
...стравот треба секој човек да го има како одбранбен систем, но секој претеран страв носи обратен ефект, па дури се наштетува на организмот, така да
pandev123 стравот ти е претеран и неоправдан
.
...еве, иако е ова форум, најодговорно тврдам со твоите 30 години и све тоа што си објаснил, апсолутно немаш ништо и си здрав како дрен, каков шеќер, какви приказни, во граница на нормала вредноста за овој период на отсуство од дома и напорна работа, паниката не ти е оправдана, направи неколку мерења понатака ќе се увериш самиот!