Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сега го довршив целиот подкаст. Ќе кажам само едно: ниту ни се криви албанци, ниту грци, ниту бугари. Најголем непријател на македонецот е македонецот. Секој екс војник/полицаец со повисок чин што се појавил јавно ги има истите коментари за тоа колку неспремни се нашите единици и како политиката носи решенија, а не компетентите за тоа.Легенда. Многу паметен и спремен човек.
Штета што некои работи не смее да ги каже јавно, се гледа дека од авион му стојат на срце ама јебига ќе сноси последици ако ги каже. Мило ми е што кажа доста работи, особено за тоа како функционираат нашите единици и во МВР и во АРМ, т.е. раководните структури, да знае народот дека све е труло и распаднато. Не може луѓе што се бореле во прва линија 2001 година да ги деградираш и понижуваш, а најтрагично е што не е единствен, него многу се такви. Абе да ти се насерам во државата, бегаме од способните луѓе и ги лимитираме до максимум, ХК ПУ.Легенда. Многу паметен и спремен човек.
Штета што некои работи не смее да ги каже јавно, се гледа дека од авион му стојат на срце ама јебига ќе сноси последици ако ги каже. Мило ми е што кажа доста работи, особено за тоа како функционираат нашите единици и во МВР и во АРМ, т.е. раководните структури, да знае народот дека све е труло и распаднато. Не може луѓе што се бореле во прва линија 2001 година да ги деградираш и понижуваш, а најтрагично е што не е единствен, него многу се такви. Абе да ти се насерам во државата, бегаме од способните луѓе и ги лимитираме до максимум, ХК ПУ.
Па да бе, глеаш за Диво Насеље кога го прашаа за специјалецот што погина на излегување од возило го избегнуваше одговорот, иако се знае која е причината за тоа, а и индиректно кажа во текот на подкастот. Мене овие гомна од политичари не ми се јасни, разбирам и корупција и неспособност и се, ама да пушташ луѓе директно во оган каде знаеш дека голема е веројатноста да имаш жртви само за да лапаш политички поени, е тоа не можам да го разберам, кај ќе им оди душата само...Имам братучед во Волците што е колега на Антонио од 1995-та, ги гледам дека често пијат кафе низ Куманово, и го видов синоќа на разминување, и го прашав за интервјуто. Рече дека многу битни и големи работи нема кажано. Се надевав дека водителот ке го праша за акцијата во Алашевце, каде што наводно само 8 Волци оперирале низ цело село, што е нереално.
Замисли колку треба некој да е говно да те окривува дека пробуваш да се нафатираш, дур ваму се собираат донации за керка ти. Некој со послаба психа би ги избушил за добро утро.
Надреализам е ова, а за жал е вистина. Какво непочитување на основни правила и прописи во војување, страшна работа. Разбирам да ти напраат заседа или упад ако некој издал информации и слично, ама да загинат луѓе ради Лада Нива со две врати, е тоа брате ми е недозволиво. Проблем кај нас е што никој нема одговорност за вакви работи, кој ги пуштил овие луѓе во такви возила, зошто ги пуштил и слично. Глеаш како убаво објасни за акцијата во Бродец, како работеле на неа, како пристапиле, и пази и покрај тешкиот реон кој сноси огромен ризик они немале ниту една жртва. Се е тоа резултат на добра организација, ете и за Диво Насеље кажа дека можело и морало поголем обрач да направат, да се испланира малце подобро акцијата, вака си отидоа неколку луѓе без потреба ради тоа некој да лапа политички поени.нереално ми е дека ги пратиле со Лада Нива, која била во 2 врата. Од таа кола, во мирно време не се излегува лесно од заднит седишта, а не пак со полна воена опрема. Многу дебилни одлуки.
Здраво младо детеЗдраво на сите.Имам 18 години и за еден месец завршувам школо.Имам желба да се пријавам за во војска па потоа да одам ако даде Господ во БСН Волци,од секогаш сум имал желба за тоа.Домашните ми викаат дека не ми треба таа работа дека е подобро да учам некој занает итн.Сакам да видам ваши размислувања да ли вреди.Можеби има и некој кој имал исто размислување како мене на млади години,што е можно повеќе искуства да прочитам.Фала ви однапред.
Добра вечер.Благодарам на одговорот.Јас сум од југот на Македонија.Дали се прифаќа на пример како што имам слушано дека за викенд си дома само со кола да доаѓам до Скопје а потоа со превоз од Армијата до касарната.И дали вие сте војник или припадник на БСН ,се разбира ако не е тајна и ако смеете да кажете.И дали вие кога би биле повторно на млади години би ја се определиле за истата опција.И дали мора да се помине како обичен војник првен па за да се пријавиш на селективен за БСН.И дали ќе пречи ако ме интересира нешто да прашувам во врска со оваа тема.Благодарам однапред.Здраво младо дете
Ајде вака. Од 2020 година доброволното служење војска како критериум за вработување во АРМ го тргнаа,тоа значи дека можеш да се вработиш а да немаш служено војска. ЕСН лани во јуни месец имааше селективен после 8 години пауза. Дечките кога доаѓааше каде нас во касарна за регрутирање/информирање кажаа дека не се знае нареден пат кога пак ќе има селективен,така да........ Исто така кога зборувам веќе за ЕСН,во таква организација вреди да работиш само ако живееш во Скопје или во град кој е близу Скопје,односно да имаш организиран/платен превоз од Армијата до работното место. Е сега дали вреди? На прво место што треба да знаеш Армијата е затворена организација,ако не си вработен таму ништо нема да знаеш за неа. Многу работи не се такви како што ги гледаш и замислуваш,така да биде спремен да бидеш разочаран до максимум. Платите за моменталната состојба во државата се повеќе од солидни,ама земи во предвид дека храна ти сам си обезбедуваш,зависи во која касарна си,ама во повеќето касарни водата не е за пиење,што значи дека ќе треба и вода да си носиш од дома.
Се надевам дека доволно ти објаснив,повеќе не можам од безбедносни причини.