Алегри бе!?
И понатаму паѓаат под притисок и прават спротивно од клубот на кој требаше да личи Милан, како папагал повторувам тукс, а читам дека и вчера Кардинале дал изјава дека Ливерпул е модел што треба да се следи и каде има нешто инвестирано, а ваму се работи спротивно.
Значи, да се добие дозвола за стадионот во Милано или таа соседна општина, па потоа продажба. Не е страшно тоа, туку што победува жабарштината фудбалски заостаната, од управување до се. Меѓудругото и за ова околу стадионот.
Не искористена шанса поради немање храброст, подлегнување на притисокот, немање подршка од сите околу клубот за да се работи поинаку од восоптавената пракса во Италија. Подршка немаше ни Елиот со Газидис, само тогаш клубот беше во гомна, па секој прогрес носеше барем малку мир. И Газидис беше многу поспособна личност.
Друго е околу изборот на луѓето и колку добро тактички ја спроведоа намерата, со постојано плукање по начинот на работа во Италија, со што повеќе навлекоа гнев на системот, па како казна дојде и онаа идиотска истрага околу продажбата и тоа во момент кога се преговараше да влезе уште некој во клубот. А потоа податоци собрани од истрагата, во кои немаше никаква врска со договорот помеѓу Елиот и Редбрд, туку со планот за нов инвеститор во клубот, излегуваа во Газета и други медиуми. Има милион примери за вакви оркестрирани напади.
А ксенофобна Италија, односно навивачите таму, се фатија на таа јадица за уништување на идентитетот на клубот, не бил веќе италијански и не пропуштија шанса да наштетат.
Незадоволството, кое што влече корени уште од Елиот, веќе изби на површина и во сезона после Скудетото, кога и среќата помогна да играат и во полуфинале ЛШ, потоа во сезона кога клубот беше втор. Значи не се чекале некои катастрофални резултати, какви што се оваа сезона, туку никогаш не подадоа рака.
Би им посакал клубот да го купи некој Италијанец, но тешко да се најде таков, па да видиме како ќе биде, но сепак навивам за овој клуб, па се надевам дека ќе сенајде некој од тие два-три озбилни арапски фондови, затоа што освен нив, само уште американски фондови инвестораат, а секој од таму пак ќе биде дочекан на нож.