Нивото на интелигенција не е поврзано со состојбата на умот. Пример
@bijons не пропушта да го пофали
@Invisible Force како е згодан интелигентан момак кој иако верува дека земјата е рамна и има симпатии кон палчо, сепак тој е фино момче.
Неспорно и двајцата се над просекот, ама каква е состојбата на умот? Процени сам.
...не знам кој стар член си од форумот, ама би било добро да внимаваш на речникот и навредите, на форум секој си го кажува мислењето засновано на сопствени залучоци, ако тие се разликуваат од другите, со навредите не значи дека сте во право затоа што со факти се сомневаме во нешто, тоа не значи дека веруваме или не веруваме во нештото, со зурла е интересно човек да се дружи спремен во повеќе области, културен и трпелив дечко, а одозгора згоден, таква комбинација ретко се наоѓа кај машко.
... колку време помина за да се осудат и затворат убијците, нели се имало докази? што е пречкаа? македонските патриоти брзо потезно ги исудија 280 години што влегле само во Собрание, ене ги уште се таму, а овде во вакви монстрозни убиства каде се уби дете, што ги есапат толку и одоговлечуваат во судењето убијците?
....ајде да прочитаме што пишуваат во последниот извештај:
цитат:
07/02/2025
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.
На претходното, беа емитувани снимки од безбедносни камери за кои Обвинителството тврди дека се возилата кои се инволвирани во случајот.
Одбраната на Палевски приговараше на снимките, посочувајќи дека
немаат доказна вредност и дека од записите обвинетите не може да се идентификуваат.
-Ликот на Палевски не се гледа на ниту една снимка.
Тоа го утврди и самиот судија дека наликува на него, ама не е ликот.
Невозможно е ОЈО да ги има сите докази кај нив, да го има возилото на вештачење, да тврди дека нема ДНК анализа, а да тврди дека Палевски го возел возилото, изјави по последното рочиште адвокатот Јовица Страшевски кој го брани Љупчо Палевски-Палчо.
Според него,
снимките од камерите не покажуваат ниту еден лик.
-
Не може да кажуваат дека овој ни наликува или со несигурност.
Досега Обвинителството од 193 изведени докази, нема ниту еден презентиран доказ дека убиството е извршено од овие луѓе.
Ниту еднаш не прикажаа снимка од местото на настанот, од пред зградата, од движењето. Невозможно е на ваков сериозен настан, да не повика движење на возила што се пред и по возилото, да не истражат дали забележале нешто сомнително во тој период.
Ова е толку аматерски изведено од Обвинителството.
Немам досега сретнато во кариерата, рече Страшевски во изјава за медиумите.
На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп..."
затворен цитат!
...и сега што врска има состојбата на умот на бијонс и зурла
@Invisible Force со изнесеново, ајде сега што човек да помисли за судството поточно обвинителството, а да не се потсетиме на циркусијадата во денот на исчезнување на Вања од јавните медиуми, а богами и од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски?
...не ги заборавив неговите сигурни изјави, ниту пак на Обвинителот, само да го екстрадират Палчевски од Турција и готово, е па шипак готово, измешани кој знае кои недопирливи кои може се вистинските егзекутори, затоа подобро да не се коментира, а не дека не сме присутни на темава со зурла !