Исчезнати лица

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.447
Поени од реакции
4.364
Муабети има за живи луѓе, за мене и тебе, од рандом фаци кои ниту те познаваат ниту се сретнале некогаш со тебе. Ама они „слушнале“.
Замисли сега за исчезнат...

Освен ако не избегал во друга држава, мали се шансите да е уште тука и да се крие негде. Никој не сака да му наштети или пак да го бараат за нешто за да го кријат во манастир... Напротив, се нуди помош.
Па муабетот за манастирот, за психичките проблеми и за тоа дека загубил пари на пирамидата го слушнав од неговата мајка во некој поткас каде имаше нејзино телефонско вклучување... мислам дека таму се спомна и нешто како се спрема протест при што не се кажа кога, каде и против кого ке биде тој протест но од контекстот можеше да се насети дека се сомневаат дека е во некој манастир од каде не сакаат да им дадат информација... кој ќе знае.
 
newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
516
Поени од реакции
403

Да истото го слушав и јас мајката зборуваше дека има доста пари изгубено, се надевам дека и не должи некому, а во манастир ако е може и да го кријат такви се правилата по манастиритр.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.396
Поени од реакции
19.861
Наводно родители иделе на распит, пази сега си ги оставале децата таму на чување додека некои од нив на печалба оделе по белиот свет.
Логика нема ова.
Некој од родителите изјавил дека имал 6 деца и баш само едно оставил во таа куќа на чување.
Овде се работи изгледа за продавање на деца од страна на родителите, па во случај ако дојди до полиција да дадат изјава дека ги оставале на чување.
Кој остава бе дете на чување со месеци кај непознати луѓе ???
Наводно комшии мислеле дека се работи за градинка, погледнете ја куќата, на се личи на градинка не личи, каква е таа градинка кај што не одат родители по децата, плус 12 годишно дете има во пронајдените.
Полицијата во Брчко наводно знаела за овој случај од многу одамна ама дури сега се расветли.
Наводно газдата на куќата е полицаец.

Сите деца се згрижени и им се вршат прегледи.

Данка Илич ништо друго да е со слична приказна.
Сега и јас почнувам да се сомневам во родителите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.886
Поени од реакции
17.113
Член од
14 октомври 2021
Мислења
125
Поени од реакции
252
Со дечињата кузнае што сте десило.. греота. За Данка и ја бев од старт сигурна. Сигурна у мајка ѝ. Значи таа приказна вода не пие! А со овие дечиња Господ знае што се дешавало. Секој што продава и купува деца рацете да му се исушат дај Боже.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.663
Поени од реакции
9.980
Тоа со продавање деца најразработено било за време на Југославија. Многу случаеви знам, а имам и роднини што им рекле детето ви почина, вие слободни сте. И тие онака повлечени, луѓе од село, не баш учени си го исплакаа детето, па по 20 години сестра во пензија им кажала дека бебето го дале на некои од Полска. Дали барале такви луѓе, што правеле не знам, ама сега со таа базата за днк во Америка многу луѓе од Балканот се пронајдоа со мајки, татковци, браќа, сестри... Тогаш врвот бил на продажба. Цела мрежа луѓе, детето ви почина и ајде во Германија, Словенија, Хрватска. И парите во џеб. Без совест.
 
Малку оф топик, ама читав пред некоја година за друг Бизнис во Хрватска, имало служба што Лесно може да ти Одземе дете, ѓоа поради запоставување, а после Бизнисот е со тие што сакаат да Посвојат дете а имаат пари, второто и кај нас го кажуваа...
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.663
Поени од реакции
9.980
Малку оф топик, ама читав пред некоја година за друг Бизнис во Хрватска, имало служба што Лесно може да ти Одземе дете, ѓоа поради запоставување, а после Бизнисот е со тие што сакаат да Посвојат дете а имаат пари, второто и кај нас го кажуваа...
Да да и најчесто наоѓаат така ај да не речам попростички луѓе што не можат, не знаат каде да се обратат, што да кажат, од кој да побараат помош, кај да пријават па и самите веруваат во тоа што им го кажуваат.

И секако тие свесно за пари што ги даваат.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.368
Поени од реакции
6.053
За случајот со Вања и Панче. Не знам што губат време и ресурси, сите треба да попијат доживотна робија без никакво право на помилување, и поголемиот дел од денот да го врват во самица. Со самото тоа што ги одведоја до местата каде беа закопани телата на Вања и Панче,плус видеава, случајот е и повеќе од решен.

Едино да се утврди 100% која е улогата на таткото на Вања.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.365
Поени од реакции
26.413

Нема одговор зошто, нема никаков доказ за таткото. Далеку е од објаснет случајот.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.678
Поени од реакции
8.502
Наводно родители иделе на распит, пази сега си ги оставале децата таму на чување додека некои од нив на печалба оделе по белиот свет.
Логика нема ова.
Некој од родителите изјавил дека имал 6 деца и баш само едно оставил во таа куќа на чување.
Овде се работи изгледа за продавање на деца од страна на родителите, па во случај ако дојди до полиција да дадат изјава дека ги оставале на чување.
Кој остава бе дете на чување со месеци кај непознати луѓе ???
Наводно комшии мислеле дека се работи за градинка, погледнете ја куќата, на се личи на градинка не личи, каква е таа градинка кај што не одат родители по децата, плус 12 годишно дете има во пронајдените.
Полицијата во Брчко наводно знаела за овој случај од многу одамна ама дури сега се расветли.
Наводно газдата на куќата е полицаец.

Сите деца се згрижени и им се вршат прегледи.

Данка Илич ништо друго да е со слична приказна.
Сега и јас почнувам да се сомневам во родителите.
Ushte koga slushnav za sluckava pomisliv na Danka.
I ne mora da se roditelite somnitelni, mozhebi tie dvajcata ja imaat prodadeno !
A kako shto gledam sega nashle i edna ista kujcha i vo Loznica

Член од
12 март 2009
Мислења
20.886
Поени од реакции
17.113
Да да и најчесто наоѓаат така ај да не речам попростички луѓе што не можат, не знаат каде да се обратат, што да кажат, од кој да побараат помош, кај да пријават па и самите веруваат во тоа што им го кажуваат.

И секако тие свесно за пари што ги даваат.
Не сфати, имало ОДЗЕМАЊЕ на деца од посиромашни луѓе, не купување, носење кај кај луѓе кој чуваат за пари деца без родители и од таму давање за усвојување сма на огати, кој ќе платат мито...
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.368
Поени од реакции
6.053
Нема одговор зошто, нема никаков доказ за таткото. Далеку е од објаснет случајот.
Ако докажат во текот на постапката ЗОШТО и повод поради кој се убиени Вања и Панче, тогаш има некоја логика. Ама, по завршувањето на процесот, ако испадни сеуште нејасно поради што ги извршиле овие делата кои несомнено ги извршиле, тогаш постапката уште веднаш да се забрза, финална пресуда, доживотна робија од кои 30% самица, и ајт у три лепе....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.856
Поени од реакции
38.025
Нивото на интелигенција не е поврзано со состојбата на умот. Пример @bijons не пропушта да го пофали @Invisible Force како е згодан интелигентан момак кој иако верува дека земјата е рамна и има симпатии кон палчо, сепак тој е фино момче.
Неспорно и двајцата се над просекот, ама каква е состојбата на умот? Процени сам.
...не знам кој стар член си од форумот, ама би било добро да внимаваш на речникот и навредите, на форум секој си го кажува мислењето засновано на сопствени залучоци, ако тие се разликуваат од другите, со навредите не значи дека сте во право затоа што со факти се сомневаме во нешто, тоа не значи дека веруваме или не веруваме во нештото, со зурла е интересно човек да се дружи спремен во повеќе области, културен и трпелив дечко, а одозгора згоден, таква комбинација ретко се наоѓа кај машко.

... колку време помина за да се осудат и затворат убијците, нели се имало докази? што е пречкаа? македонските патриоти брзо потезно ги исудија 280 години што влегле само во Собрание, ене ги уште се таму, а овде во вакви монстрозни убиства каде се уби дете, што ги есапат толку и одоговлечуваат во судењето убијците?

....ајде да прочитаме што пишуваат во последниот извештај:
цитат:
07/02/2025
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.
На претходното, беа емитувани снимки од безбедносни камери за кои Обвинителството тврди дека се возилата кои се инволвирани во случајот.

Одбраната на Палевски приговараше на снимките, посочувајќи дека немаат доказна вредност и дека од записите обвинетите не може да се идентификуваат.

-Ликот на Палевски не се гледа на ниту една снимка. Тоа го утврди и самиот судија дека наликува на него, ама не е ликот.

Невозможно е ОЈО да ги има сите докази кај нив, да го има возилото на вештачење, да тврди дека нема ДНК анализа, а да тврди дека Палевски го возел возилото, изјави по последното рочиште адвокатот Јовица Страшевски кој го брани Љупчо Палевски-Палчо.
Според него, снимките од камерите не покажуваат ниту еден лик.
-Не може да кажуваат дека овој ни наликува или со несигурност.

Досега Обвинителството од 193 изведени докази, нема ниту еден презентиран доказ дека убиството е извршено од овие луѓе.

Ниту еднаш не прикажаа снимка од местото на настанот, од пред зградата, од движењето. Невозможно е на ваков сериозен настан, да не повика движење на возила што се пред и по возилото, да не истражат дали забележале нешто сомнително во тој период.

Ова е толку аматерски изведено од Обвинителството.

Немам досега сретнато во кариерата, рече Страшевски во изјава за медиумите.
На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.
Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп..."
затворен цитат!

...и сега што врска има состојбата на умот на бијонс и зурла @Invisible Force со изнесеново, ајде сега што човек да помисли за судството поточно обвинителството, а да не се потсетиме на циркусијадата во денот на исчезнување на Вања од јавните медиуми, а богами и од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски?

...не ги заборавив неговите сигурни изјави, ниту пак на Обвинителот, само да го екстрадират Палчевски од Турција и готово, е па шипак готово, измешани кој знае кои недопирливи кои може се вистинските егзекутори, затоа подобро да не се коментира, а не дека не сме присутни на темава со зурла !
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.663
Поени од реакции
9.980
Така де, разбрав. И ти кажував за време на Југославија што правеле со бебињата. И така бевме оф Топик, мада не е далеку и од темата.

За Данка не верувам дека е во некоја ваква куќа, а случајот ваљда цел живот ќе остане енигма.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom