Откако Бранче Ангеловски не е тренер на Пелистер, тимот одигра 17 натпревари на кои има три порази и тоа два од Веспрем и еден од Спортинг, еден нерешен натпревар со Федериција и 13 победи.
Не бе не е до тренеро, неможи ништо да смени тренеро, шо можи еден тренер да напрај, Тајник не чини, Богдан нечини. Оооох бе лелеее, Дедо ми Стево можи да промени нешто.
Истите играчи се, нема нови, дури сме послаби за Цехте, а резултати невидени. Жолтите минути шо ги спомна Џони От се нормална работа во секоја работа, без разлика што и да работите за нешто имате ден, за нешто нема и то е то. А и башка да не се лажиме, Пелистер сеуште не е на тоа ниво да има долга клупа па голема ротација, а со тоа да не се осети жолта минута или пад на енергија и сл. Иако беше инфаркт вчера, јас уживав за сите пари.
Видете ја играта тогаш и сега. Па не знам дали ги пратите тие параметри, Пелистер има втора најдобра одбрана во Лига на Шампиони оваа година, за жал имаме најлош напад, ама не секогаш нападот го добива натпреварот или ако сакате статистички преку 60% натпреварите се добиваат во одбрана.
Ајде одиме во Понеделник полна сала и да му се тресат рацете на децата на Лазаров, да не знат на кај е излезот, па боже здравје да се радуваме и со ПСЖ.