Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ја на пример, пишував (уште многу пред Трамп да победи), дека ќе даде предлог, Русија ќе го одбие и војната ќе си продолжи.Па чекај сега, имаше тука што тврдеа дека Трамп ќе ја води истата политика на crooked Јое, a сега друго зборуваат...Како може тоа така? Зарем заборававте што пишувавте?
Имаше некој кој од петни жили тука убедуваа како Трамп ќе ја води истата политика што ја водеше Бајден, што очигледно е дека од самиот почеток не е ама баш ич исто.Ја на пример, пишував (уште многу пред Трамп да победи), дека ќе даде предлог, Русија ќе го одбие и војната ќе си продолжи.
Сега можеби ќе испадне дека неговиот предлог ќе биде прифатлив за Русија. А ич не е тешко да се заклучи дека прифатливоста на евентуалниот предлог ќе се мери со неговата комплементарност со причините за војната, кои Путин ги наведе уште на почеток.

Тешко дека Америте ќе остават да не се наоружи Украина и да ако има потреба за неколку години пак да направат војна и да нанесат штета на Русија и ЕУ. Цехот за тоа вооружување ќе го плати ЕУ, па пак кога ќе ги активираат пак на ново богатење на воената индустрија на САД и ЕУ и Русија ќе си трпат.Клучно ќе биде како ќе договорат иден воен потенцијал на тоа што е останато.
Ама тоа е затоа што... Затоа што Русите напредуваат!Размена на тела. Русите добија 45 , Украина 757 .

Тешко дека Америте ќе остават да не се наоружи Украина и да ако има потреба за неколку години пак да направат војна и да нанесат штета на Русија и ЕУ. Цехот за тоа вооружување ќе го плати ЕУ, па пак кога ќе ги активираат пак на ново богатење на воената индустрија на САД и ЕУ и Русија ќе си трпат.
Зошто истото не го кажеш за Русија која исто така има катастрофална демографска ситуација и каде изгинаа огромен дел од најспособните и најефикасните војници, а општа мобилизација се покажа дека не можат да спроведат, затоа што млад Русин од урбани средини не сака да војува, па отидоа само со професионална војска која не е ни малку доволна за некој поголем успех на военото поле. Им требаше месеци да соберат пристоен број способни војници, за да почнат офанзива во Курск, ама затоа им замреа офанзивите на 90% правци.Во зависност од договорот ќе зависи воената способност на Украина. Јас на идната Украина и можноста да води нова војна гледам вака: Украина во 2022 имаше околу 40 милиони глави, идната Украина ќе биде под 30 милиони така да во старт значително помалку потенцијални војници. Додатно што кога ќе дојде мирот ќе се кренат забраните за излез од државата а со тоа веројанто ќе фатат магла уште неколку милиони поради лошата состојба во која ќе биде државата на економски план како и роднини кои веќе оформиле живот во странство. Се на се демографски Украина тешко дека ќе биде способна да го повтори перформансов што го покажува моментално, НАТО може да ја спрема Украина за наредната војна али без војска џабе е се - впрочем тоа сега и се случува, опрема има ама нема луѓе. Русија од друга страна се здоби со 4-5 милиони луѓе минимум а веројатно е да се вратат луѓето кои побегнаа поради мобилизацијата (наводно пола веќе се имаат вратено) или пак Украинци кои сакаат да живеат во Федерацијата дали поради подобар стандард или пак бидејќи нивните домови се сега под руска власт а со тоа РФ би била во иднина во релативно подобра позиција од 2022.
Едино нешто што може да ја смени оваа слика е НАТО/ЕУ војска но се сомневам дека ќе дојде до тоа.
Ne ti e losha idejava ili vizijava ... samo sho nekako ne mi deluva deka Tramp kje dava pari tukutaka, odnosno kje bara kako i sekogash nesho za vozbrat... negoviot mindset e na biznismen, mora da dobie dobra zdelka vo ovoj sluchaj pretpostavuvam retki metali.Зошто истото не го кажеш за Русија која исто така има катастрофална демографска ситуација и каде изгинаа огромен дел од најспособните и најефикасните војници, а општа мобилизација се покажа дека не можат да спроведат, затоа што млад Русин од урбани средини не сака да војува, па отидоа само со професионална војска која не е ни малку доволна за некој поголем успех на военото поле. Им требаше месеци да соберат пристоен број способни војници, за да почнат офанзива во Курск, ама затоа им замреа офанзивите на 90% правци.
Прашањето е колку години, пари, ресурси ќе им биде потребно на Русите за обновување на изгубената воена опрема штом почнаа и стари канти од СССР да вадат од гаражите. Тоа се чини времен, пари, ресурси на штета на социјалниот живот на просечен Рус кој го интересира само да оди во Турска и Кипар на одмор и да има 2 литри водка во фрижидер. Кога тоа ќе му секне е тогаш ќе почнат социјални проблеми во Русија.
ЕУ може да го примени истиот модел со Украина како што го примени САД кога ги створи Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, Сингапур, Хонг Конг како против тежа на Кина и СССР. Ќе инвестираат пар стотина милијарди евра во економија, инфраструктура, култура и ќе создадат една пристојна Украина за живот.