Во зависност од договорот ќе зависи воената способност на Украина. Јас на идната Украина и можноста да води нова војна гледам вака: Украина во 2022 имаше околу 40 милиони глави, идната Украина ќе биде под 30 милиони така да во старт значително помалку потенцијални војници. Додатно што кога ќе дојде мирот ќе се кренат забраните за излез од државата а со тоа веројанто ќе фатат магла уште неколку милиони поради лошата состојба во која ќе биде државата на економски план како и роднини кои веќе оформиле живот во странство. Се на се демографски Украина тешко дека ќе биде способна да го повтори перформансов што го покажува моментално, НАТО може да ја спрема Украина за наредната војна али без војска џабе е се - впрочем тоа сега и се случува, опрема има ама нема луѓе. Русија од друга страна се здоби со 4-5 милиони луѓе минимум а веројатно е да се вратат луѓето кои побегнаа поради мобилизацијата (наводно пола веќе се имаат вратено) или пак Украинци кои сакаат да живеат во Федерацијата дали поради подобар стандард или пак бидејќи нивните домови се сега под руска власт а со тоа РФ би била во иднина во релативно подобра позиција од 2022.
Едино нешто што може да ја смени оваа слика е НАТО/ЕУ војска но се сомневам дека ќе дојде до тоа.