Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
476592479_10226841267993951_6924543481989583265_n.jpg
Повеќето купувачи во Дајмонд се турци. Не се нашинци од тука.
Турција има ненормална инфлација од 42% годинава а многу повеќе имаше минатите. За време на висока инфлација сакаш да имаш станбен кредит пошто валутата губи вредност а кредитот ти останува ист.

Затоа и има навала од туристи како и луѓе што купуваат имоти во Скопје, Охрид а по ново и во Штип купиваат по 1,400 евра квадрат.

За нас да ова се високи цени, за нив се прифатливи.

Не верувам да се турските банки до толку неписмени па да им даваат кредити во лири кога лирата со години не е стабилна.

Кај нас станбени кредити се во Евра.

Sent from my A001LG using Tapatalk
 
Поевтини станови за партиските ботови.

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ СТАНОВИ Колку ќе чини 1 метар квадратен?
Oд понеделник ќе започне продажба на државни комерцијални станови каде што 1 метар квадратен ќе чини 1.000 евра. Како што викендов најави министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, а во Охрид и во Штип по една.

– Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални станови по 1.000 евра за метар квадратен. Се обидуваме силно да интервенираме врз цената на пазарот на недвижности – истакна Николоски во телевизиско интервју.

Тој потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обиде да интервенира преку изградба на комерцијални станови.

– Моментaлно цената на комерцијaлни станови во неколку градови галопира, во Битола направивме интервенција и од понеделник почнуваме со продaжба на станови по 1.000 евра за метар квадратен за стан, по 500 евра метар квадратен за гаража што е далеку пониска цена отколку што сега е во Битола. Во Скопје ќе почнеме да работиме на 4 згради, во Охрид имаме активен повик за една, во Штип бараме локација, така што на овие 4 места каде цената најмногу галопира, ќе се обидеме да ги намалиме цените на пазарот со наша интервенција. Сегашните цени на ниеден начин не одговараат на нашиот стандард, младите брачни двојки едноставно не можат да најдат сопствен дом, а по цена од 2.500-3.000 евра за квадрат никој не може да купи стан со овој стандард. Дополнително работиме на 5 социјални згради низ државата – рече вицепремиерот Николоски.
 
Инфлација има и во Евра и Долари..имаше листа за автомобили кој сега КАКО ПОЛОВНИ се Поскапи одколку кога се купени, 2020 или 2021
 
Не верувам да се турските банки до толку неписмени па да им даваат кредити во лири кога лирата со години не е стабилна.

Кај нас станбени кредити се во Евра.

Sent from my A001LG using Tapatalk
Баш напротив даваат во турски лири.
Ова ти е најголемата банка во Турција.

Јас да живеам во Турција и да знам дека валутата губи по 50% годишно, и платите одат 20,000 па 40,000 па 60,000 само ради инфлација одма би земал станбен кредит. А тоа и го прават затоа гледате колку работи се инвестирани од турски компании во Македонија. Да не беа они ни Дајмонд ни Џевахир ниту Рамстор мислам беше турски немаше да бидат направени.
 
контактирав една гф шо градит и ги навлеквам со прашања,прво цена,па,ова,она,ваму таму им викам све е супер заинтересиран ама имам уште 2 прашања кога ке се готови становите и ми викат за 24 месеци од потписот и им викам супер и последно шо ако се пробиет рокот 1 март 2027 год,оп тишина ,шу прајме... ми викат ние сме поштени го држиме времето....и викам кочи малку..пак таа ама ако сакаш можит во договорот да напишиме ако не е готова зградата раскин на договорот и парите назад,бреееее и викам многу итри сте со наши пари ке работите па намерно касни па продајги поскапо....
дали имат закон во македонија ако не е готов станат до 1 март 2027 гф да плаќат пенали за секој ден закаснат?
 
Nemoze da ima zakon koga pravis dogovor, ako ti se slozis na toj dogovor super ako ne pak super ke se slozi nekoj drug.
 
да ама фактички ко купувач не сум заштитен,двете страни требит да ги почитуваат обврските....јас плаќам 50 посто па 25 па 25 и после со прстот вуста
 
Кај нас во преддоговорот стои за секој ден доцнење ќе се исплаќале пенали 0,1%, а најмногу до 1% од вкупната вредност. Тие 1% на 50000е биле 500 евра и колку сака време може да те дрибла. Тоа е ништо према она што треба да го вратиш на банката (на 45000е на 20 години со 5.5%, скоро 30000е) и да дадеш по нотари.
Башка треба да ангажирам адвокат па поднесоци, па разни трошоци и прашање да не "запнат" на суд за некој дел од предоговорот односно подмачкан нотар, адвокат или судија.
И згора на се, таа фирма што ни градеше отиде во стечај :), плус ризик на кој не ни сметавме.
 
да ама фактички ко купувач не сум заштитен,двете страни требит да ги почитуваат обврските....јас плаќам 50 посто па 25 па 25 и после со прстот вуста
Јас те разбирам што збориш, би сакал да беше така каде и едната и другата страна се заштитени ама за жал во мкд не е баш така.

Во некој паралелен универзум во мкд (добро де само во понормална земја од ЕУ):
- склучуваш договор и даваш 10% гаранција - на посебна сметка во банка и ги чуваат како гаранција
- на денот кога добиваш пристап тие резервирани средства + уште 5% зашто учество е 15%, плус кредитот се префрла на сметка на продавачот/изведувачот
- продавачот мора да ги има подмирено сите сметки (плус си стои дека и да се појави некоја сметка од пред денот кога си станал сопственик он мора да ја подмири), мора да има имотен лист и одма да поднесе барање за префрлање на сопственост итн итн

Со други зборови ти почнуваш да плаќаш од кога ќе добиеш пристап а не пред тоа. Инвеститорот/продавачот добива пари кога ќе ти го даде станот
Имаат пенали за доцнење но не е којзнае колку голем износ, ама и не е проблем зашто секако не си платил ништо.

Е сега проблем може да биде нешто се деси додека гради спор/банкрот ... па или премногу да се одолговлечи или да ти речат ништо еве пари назад со тие пенали кои не би ти покриле можен раст на цената да купиш од друг. За разлика од скопје во таа нормална земја цените знаат да одат и надоле па може и поевтино да земеш
 
контактирав една гф шо градит и ги навлеквам со прашања,прво цена,па,ова,она,ваму таму им викам све е супер заинтересиран ама имам уште 2 прашања кога ке се готови становите и ми викат за 24 месеци од потписот и им викам супер и последно шо ако се пробиет рокот 1 март 2027 год,оп тишина ,шу прајме... ми викат ние сме поштени го држиме времето....и викам кочи малку..пак таа ама ако сакаш можит во договорот да напишиме ако не е готова зградата раскин на договорот и парите назад,бреееее и викам многу итри сте со наши пари ке работите па намерно касни па продајги поскапо....
дали имат закон во македонија ако не е готов станат до 1 март 2027 гф да плаќат пенали за секој ден закаснат?
Јас ставив во договор компензација од 500 евра за секој задоцнет месец. Така да, може да договориш. Исто може да ставиш дека после 6 задоцнети месеци имаш право на раскин со што ќе ти ја вратат сумата + 20%. Или што и да се договорите.

Законот не го забранува тоа, и договорот е правно издржан.
 
Ставаат мали пенали во договорите обично дека ако каснат ке ти плаќаат некој процент од сумата, што во пракса испаѓа 1,500-2,000 евра. Само колку заебанции има па адвокат па суд, па чекање со години да ти пројде предметот џабе стои таа клаузула.
Автоматски споено мислење:

Тоа значи дека тој што ти продал имот немал доволно купувачи и бил флексибилен на условите.
Ако бараш имоти што се со добра цена на добра локација ја немаш оваа можност пошто ти ако не се согласиш на неговите услови 10 луѓе чекаат да потпишат. Јас кога купував барав поголема заштита ама неќеа и некако набрзина мојот адвокат прифати некои работи што не сменија.

После 3 месеци цената ја кренаа за 300 евра од квадрат... Такада све е релативно, некогаш ке мора и малку со ризик да се оди кога е во градба, секако зборам за калкулиран ризик. Адвокат од твоја страна и адвокат од нивна страна.
НИКАКО на своја кожа без правно лице да не потпишувате.
 
Ајдеееее фала богу дочекавме и ти нешто паметно да пишиш во темава :D
 
Тоа значи дека тој што ти продал имот немал доволно купувачи и бил флексибилен на условите.
Ако бараш имоти што се со добра цена на добра локација ја немаш оваа можност пошто ти ако не се согласиш на неговите услови 10 луѓе чекаат да потпишат. Јас кога купував барав поголема заштита ама неќеа и некако набрзина мојот адвокат прифати некои работи што не сменија.

После 3 месеци цената ја кренаа за 300 евра од квадрат... Такада све е релативно, некогаш ке мора и малку со ризик да се оди кога е во градба, секако зборам за калкулиран ризик. Адвокат од твоја страна и адвокат од нивна страна.
НИКАКО на своја кожа без правно лице да не потпишувате.
Баш така, се е пазар на крајот на денот. Ако има 10+ луѓе што ќе се прифатат да го кредитираат со 0.1% камата, нека си го продаде за толку. Нема тука лутење.
 
да ама фактички ко купувач не сум заштитен,двете страни требит да ги почитуваат обврските....јас плаќам 50 посто па 25 па 25 и после со прстот вуста
Нема да ти плаќаат пенали, може само да ти понудат да ти ги вратат парите од капарот. Ако прифатиш, ќе ти ги вратат и во милисекунда ќе го продадат станот на друг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom